поздрав реален..од ко ни ја затворија политика дефект останавме.
Поздрав ogledalo.
прво што не мора да биде и основно,очекував едно честито за аирлија да спомнеш..нели вчершниот ден е едно убаво признание за нас како Земја.
Дококу сметаш дека Северана е за аирлија, во ред. Аирлија нека ни е.
е сега да сме начисто со тоа вчера јасно е нагласено дека капцитетот на земјата и сработеното дома ( што е континуитет на повеќе гарнитури) добива верификација, а мене пак најмило ми е само заради домашно раскусурување со експертите и известувачи квазиновинари од Брисел кои љубеа и медуимски замараа да кажат дека сме во САМОИЗОЛАЦИЈА. Ние одамна ги знаевме тие експерти колку се далекувиди, само белки после тоа вчера им зазвони свирката дека треба да ја сменат тактиката на дефетизам.
Мило ми е од една страна што натамошното наше не/интергрирање ќе се сведе само на политичка одлука врз насила наметнат проблем над нас од страна на една земја членка.Ова колку да се стесне маневрски простор на една група кои сакаат по секоја цена кичма да се подвитка.
Мене ми е искрено жал што сеуште мислиш дека пораката за старт на преговорите не е дадена со взаемен договор помеѓу македонската влада и авторитетите во ЕУ, кој во најскоро време треба да се реализира.
Во наредниве неколку месеци и двајцата ќе бидеме сведоци на ова.
од друга страна на тој што му е битна ``славата`` како што викаш во ниедна ситуација не кажа име со геогравска одредница е прифатливо за него како што еден за среќа бивш ``државник`` и неговата тајфа веќе подолго време отворено го застапува.
Па не го кажал токму поради тоа што му е битна "славата".
Каде му е сега двојната формула ?
Каде му се писмата ?
Каде се спомениците ?
Каде е Александар ?
Каде се неговите мегафони кои секојдневно низ Македонија пронаоѓаа по неколкумина грчки платеници ?
Ги нема.
Знаеш зошто ?
Затоа што јавноста се подготвува за компромис.
Еве што вели партиското гласило "Вечер" по објавувањето на наводното реререндумско прашање:
"Доколку се сака да се постигне успех во преговорите со Грција, прашањето за името треба да биде автентичен македонски општествен процес. Тоа нема да се случи со трикови по дипломатски пат за потребите на одредени грчки лоби групи, пласирани во Вест, може да се добие сосема спротивен ефект, а тоа е пропаѓање на референдумот.
Тоа исто така може да предизвика и будење на радикалните сили кај Македонците кои на текстот во Вест можат да излезат со своја верзија на референдумско прашање: Дали сте согласни да се откажете од вековното и библиско име Македонија и Македонци, за членство во ЕУ и НАТО, како привремени асоцијации. Колку што е можна верзијата објавена во Вест, толку е можна и оваа."
Што ќе значи дека власта, или партијата на власт, се плашат од будењето, на како што ги оквалификувале "радикалните сили", кои до вчера самите тие ги радикализираа.
Ова е порака друже.
Затоа ценејќи ги твоите ставови, да сум на твое место не би бил толку еуфоричен
формулацијата ``разумен компромис`` можеш да си ја сватиш како куртоазна дипломатија што е наметната во спор прифатен раните 90-ти од страна на ``црвените кмери`` при тоа исклучувајќи го народот како компонента во било која одлука.
Изборот во деведесетите беше прифаќање преговори како возврат за влез во ООН.
Денес изборот е прифаќање компромис, како возврат за влез во НАТО и ЕУ.
Кмери се кмери.
Зарем има разлика дали се црвени или портокалови ?
желниот за слава имаше до сега 3 години можност името да го смени...ама уште не го сменил...слаб манипулатор.
Го знаеш вицот за кокошката која извртела неколку круга +, за да не помисли петелот дека е лесна ?
јас лично сметам дека нема во догледно време да добиеме датум ниту пак ќе влеземе, од веќе познатиот механизам на вето.
Па токму затоа некој ќе мора или да направи компромис, или пак да ги повлече апликациите за влез во овие сојузи.....и конечно да престане да го лаже народот дека може под една мишка, две лубеници да носи, бидејќи и обете се бајаги крупни.
Во спротивно и понатаму во анкетите ќе има 95% кои со уставното име сакаат во евроатланските структури.
Ете доколку ти е за утеха, и јас сакам.
А дали е можно тоа што го сакам, е сосема друго прашање.
признанието за реформска влада со европски поглед е добиено вчера, сосем доволно за ``слава``.
Само два збора:
Пирова победа.