Македонија доби препорака за старт на преговорите

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Советот на министри ќе го каже точниот датум на почеток на преговорите во декември, кои се долг и болен период, мислам може да ги завршиме најмалку за 5 години, нерачунајќи го спорот со името со Гејција.
 
Чекај сега, стандардна процедура е датумот да се одредува после 2 месеци или пак во нашиов случај е така ради Грција?
 
Да прашам за мало појаснување дека не ми е јасно.

Дали ова значи во превод „ветуваме дека еден ден ке размислиме да преговараме со вас“ и ако е така зошто пред 20 минути неколку коли со Македонски и ЕУ знамиња свирејќи како да сме победиле на светско возеа низ град?
 
Па добро не нападнале, таман каде што сме катастрофа, судството, јаното изразување и политизирање на медиумите.

Нема потреба некој комесар таму да ми каже дека судството е катастрофа, од сопствено искуство го знам тоа, него дали и што ќе се превземи за да се подобри тоа нешто.
 
Ова му доаѓа као некој да добие препорака за одредено работно место, и сега, кога ќе му прдне на сопственикот на фирмата да вработи некој нов или ако му треба, тогаш да го викне на разговор тој некој, што благо мени, може да се деси и никад!

Ова се вика „Casual“ на работно место.
Вработен си ама не си вработен. На повик си, но за тебе не важат никакви правила и не ти следуваат никакви привилегии како на вработениот.

Сепак... таа аналитичарката е кокал (нот). :)
 
Зашто толку песимизам?Ова е само еден чекор поблиску до ЕУ.И нема долго да траат преговорите.Еве видите Турција не чека многу,само 30 години, и преговара,преговара,преговара,преговара.....................,а овие го тупат,го тупат,го тупат:pusk:
 
Ова е само еден чекор поблиску до ЕУ.

2717197980_a5695d6d62.jpg

Еве видите Турција не чека многу,само 30 години, и преговара,преговара,преговара,преговара..........

Не 30 туку ТОЧНО 52.
 
Да прашам за мало појаснување дека не ми е јасно.

Дали ова значи во превод „ветуваме дека еден ден ке размислиме да преговараме со вас“ и ако е така зошто пред 20 минути неколку коли со Македонски и ЕУ знамиња свирејќи како да сме победиле на светско возеа низ град?

Не знам дали памтиш пред 3-4 години кога добивме „статус-кандидат за членство“ имаше на плоштад организирано манифестација со бина со огномети. Беше студена вечер, врнеше и снег, а младите членови на една партија (лично познавам неколку) беа приморани со чадори во рака да ѕенѕаат 2-3 саати и да аплаудираат на говорниците од бината.
Тоа што денес поминале неколку коли по некоја улица, ништо не значи. Кој не е задоволен со оваа препорака и на кој не му се допаѓа истата, може слободно да се јави во А1 и одма ќе го викнат како стучен соговорник во некое дебатно студио.
Со оваа препорака нема одма уште од утре да ни се зголеми стандардот, ниту да се оправи судството, економијата, администрација, медиуми ... Нешто што стагнирало десетици години не може да се среди за 2, 3, 5 години.
Битно е работите да се придвижуваат во позитивна насока :helou:
 
Ха, ха. Во право си, а и богами имаше девојки во вечерни тоалети на тоа грч ладното, едвај чекаа да почнат да аплаудираат за да се стоплат малку. Али битно е народот „спонтано“ да се радува.....а можда и вечер ќe се слави?
 
Препорака за старт? Тоа како кандидат за кандидат да не е пак нешто?

A tocen datum za zapocnuvanje na pregovorite? Ili toa posle se dava, kako ide procedurata? Ili pak ova e samo preporaka, a datumot moze da e i posle 10 godini?

Еуропската комисиja предлага да се започнат преговори,а совета на министрите ке кажат,дали ке почнете преговори и те ке дадат точна дата,ако решат дека почнувате. Доколкото знам во Декември ке ви кажат почнувате ли и ако да,кога.
 
Ха, ха. Во право си, а и богами имаше девојки во вечерни тоалети на тоа грч ладното, едвај чекаа да почнат да аплаудираат за да се стоплат малку. Али битно е народот „спонтано“ да се радува.....а можда и вечер ка се слави?

Сигурно ќе има некоја „спонтана“ собиранка :)

А и медиумиве наши ќе направат некоја „спонтана“ емисија. Уште од сега можам да погодам кои ќе бидат гости во Сител, кои во А1, кои во Канал 5... и сите ќе опфатат различен аспект на оваа препорака.
Среќа денес има прилично спорт на ТВ.
 
а1 гарант ке ги викне фрчко, мерсел биљали,жарко а можно и милчин, тука и љубчо би требало да се појави
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom