?
..........
Гостин
Ова ваша демагогија (1) е демаскирана во времето кога имаше политика на Кајгана, така да уште еден обид за манипулација ти пропадна.
Одиме понатаму.
Демагогија бр.2.
Проблемот не може да биде билатерален од причина што сета НАТО алијанса, со мали исклучоци, застана позади ветото на Грција во Букурешт. Истото ќе се случи и во пристапувањето кон ЕУ.
Токму затоа сите светски авторитети упатуваат повици за решавање на проблемот.
Доколку се дистанцираат, зошто се единствени во оценките дека спорот МОРА да се реши пред нашето пристапување ?
Жално е што на многумина не им е јасно дека ваквите организации и сојузи, воглавном опстојуваат и почиваат врз принципот на консензус по најбитните прашања и одлуки кои ги носат...од кои едно од нив е и прашањето за проширување со нови членки.
Кога ова ќе го сватиш, ќе ти се разјаснат многу работи кои досега ти носеле недоумица
Да не повторувам за прифатениот предлог во Букурешт....така да што се однесува до мене, може и двајцата истиот сапун да го користат.
Демагогија и груба манипулација бр.3.
Еве го ставот на СДСМ уште од пред една година:
"Име со географска одредница наместо привремената референца БЈРМ, без промена на Уставот и без чепкање во идентитетот."
Ставот на сегашниот лидер на СДСМ, уште пред една година:
"Име со географска одредница како замена за привремената референца би било прифатливо, но, само доколку се гарантира зачувување на националниот идентитет како македонски."
Каде ти драг мој Славјански прочита за став на СДСМ кој дава подршка на решение со ерга омнес ???
Доколку евентуално си прочитал, повели пренеси го овде сите да го видиме.
Доколку пак не, очекувам да се согласиш со мене дека Груевски работи на решение кое е идентично на ставовите на Бранко Црвенковски и СДСМ, и дека во нивните крајни цели нема никакви различности.
Ајде друже, биди доблесен.
Власта ги носи конечните одлуки.
Па тоа веќе ни стоеше на маса неколку месеци пред Букурешт, непосредно пред Букурешт, и непосредно после самитот во Букурешт.
Која е разликата помеѓу тие тогашни предлози и оној на кој ти алудираш ?
Референдумот има подршка и од опозицијата и од европските дипломати, но работата е во тоа што до референдум нема да дојде доколку власта не даде цврсти гаранции дека тој ќе биде успешен.
Значи во најскоро време ќе мора рака под рака со Груевски да прошетате низ Македонија, за да му објасните на народот зошто треба да гласа ЗА, и зошто вашето денешно решение е идентично со решението на оние кои до вчера ги етикетиравте како предавници.....а тоа ќе биде малку тешко и болно.....по рејтингот се разбира.
Точно, и јас мислам дека ниe сме жртва на политиката на ЕУ и НАТО....исто така мислам и дека Американците во Иран не влегоа поради соборувањето на Садам, туку поради приграбувањето на нафтата.
Мое мислење е и дека земјата најмногу ја загадуваат, токму оние кои највеќе се борат против глобалното затоплување, освен Јапонија.
И што сега ?
Ќе кукаме дека низ светот постојат големи неправди ?
Ќе кукаме дека и ние сме дел од тие неправди ?
Но дали со тоа нешто ќе се постигне ?
Проблемите се лоцирани.....нив одамна ги знаеме.
Каде е тука решението за излез ?
Моите ставови во врска со ова прашање овде стојат од самиот почеток на моето зачленување.
Можеш слободно да провериш.
Тие беа исти од пред 2 години.....исти се и денес.
Можеш ли ти со твоите да го потврдиш истото ?
Погоре ти илустрирав дел од твоите ставови кои се адаптираат спрема потребите на твојата партија и одат од крајно радикални, до крајно либерални.
Затоа, погледи се во огледало, и сампостави си го следното прашање кое си го упатил до мене:
Да да Славјански, понекогаш е потребно на вистината да и се погледне право во очи, без разлика дали тоа соочување ќе се случи пред огледало :smir:
Според твоиве постови...ти би прифатил промена на име во замена за влез ЕУ НАТО?
тоа се обидуваш да кажеш а да го амортизираш ударот ИЛИ?