Maкедонија - БиХ, 05.09.2011 20:00

Статус
Затворена за нови мислења.
Треба некој да ме штипне за да знам дека не сонувам.
Ми доаѓа не да скокнам, не да полетам, да се лансирам од среќа :D
 
Значи вака сега, да ти објаснам нешто. Постојат и мешани бракови каков што е на моите родители (мајка Србинка, татко Македонец). Тоа мене не ме прави србоман туку половина Македонец, половина Србин. Ти горе во постот пишуваш за србомани , Бугари и Албанци. По која основа тие се Бугари и Албанци а јас србоман. Тоа е исто ко јас за тебе да речам дека си македоманка. Јас ги сакм и двете земји со мала наклонетост кон Македонија (доколку овие две репрезентации би се сретнале) зошто тоа е мојата татковина, тука сум роден, тука живеам. Секако, не мразам ниедна држава и ниеден народ освен грчкиот. Секако не ви го ускратувам ни правото да ја мразите Србија или српскиот народ ама правете разлика помеѓу србин и србоман.

Ако мене ме прашаш ја не мразам никого, имам другари Македонци, Срби, Албанци и немам никаков проблем. Намерно не пишав Срби, затоа што друго мислев, мислев на србомани, на оние Македонци што се родени и живеат во Македонија, што се од мајка и татко Македонци и што единствена допирна точка со Србија им е тоа што некои роднини се нашле во Србија и таму живеат сега, па овие идат да ги посетат. Тие луѓе ја величаат Србија, како нивна татковина, се што е од Србија е подобро од Македонија и за нив секој натпревар е изгубен уште пред да започне, зашто сепак тоа се Македонци, а они кошарка (или било кој спорт друг) не знаат да играат. Извини ако се најде навреден. Нив Ѓоковиќ им е подраг спортист од Русевски. Ѓоковиќ е класа, ама да игра против Русевски ја знам за кого ќе навивам, а знам они за кого ќе навиваат.
 
Бо да се суди за сексуално насилство! Буквално ја силуваше пола Европа на голо! Ах, колку е убаво да си Македонец деновиве секоја чест момци!
 
мора песна навивачка за БО да се измисл, ајде хард кор фанови :D
 
Ете мојот коментар отиде и како наслов на вестите на Сител. Ах...

Се надевам дека го патентираше па ќе можеш да фатиш некоја пара сеа :pos: :pos: (шала)
 
Ако мене ме прашаш ја не мразам никого, имам другари Македонци, Срби, Албанци и немам никаков проблем. Намерно не пишав Срби, затоа што друго мислев, мислев на србомани, на оние Македонци што се родени и живеат во Македонија, што се од мајка и татко Македонци и што единствена допирна точка со Србија им е тоа што некои роднини се нашле во Србија и таму живеат сега, па овие идат да ги посетат. Тие луѓе ја величаат Србија, како нивна татковина, се што е од Србија е подобро од Македонија и за нив секој натпревар е изгубен уште пред да започне, зашто сепак тоа се Македонци, а они кошарка (или било кој спорт друг) не знаат да играат. Извини ако се најде навреден. Нив Ѓоковиќ им е подраг спортист од Русевски. Ѓоковиќ е класа, ама да игра против Русевски ја знам за кого ќе навивам, а знам они за кого ќе навиваат.
Те цитирав затоа што обично сите генерализираат и секогаш се употребува зборот србоман кога некој ќе упати поддршка на Србија без разлика дали станува збор за некој од мешан брак или 100% србин. Мене секогаш ми биле и секогаш ќе ми бидат подраги успесите на Македонија и македонските тимови затоа што како реков тоа е мојата татковина, тука сум пораснал и сум станал она што сум. Со еден збор Македонија ми дала се во животот, единствено жената која ме родила (мајка ми) е србинка:pos:.
Искрено немам глас за викање после се што направија нашиве херои деновиве и многу сум горд на нивниот успех а дури сега дознав дека Србија изгубила од Франција. Значи кога игра на големо натпреварување наш македонски тим мене тие ми се приоритет и само нив ги следам и не навивам паралелно и за Србите.
 
Зајче, постот за Србомани и Бугарофили ти беше утка не одговара со тамата ама воопшто. Мислам дека сега си и ти за тоа свесен.
 
Читам различни информации, со Грузија играме во среда или четврток?
 
Зајче, постот за Србомани и Бугарофили ти беше утка не одговара со тамата ама воопшто. Мислам дека сега си и ти за тоа свесен.

Постот имаше поента, за разлика од твојот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom