Македонците се бришат, Македонија станува Унија на народи

  • Креатор на темата Креатор на темата Славјански
  • Време на започнување Време на започнување
......... Односно дека сега СДС намерно создава можност да дпмне завладее и на претседателско и на локално ниво, за да може исклучиво дпмне да биде винавникот за лошата ситуација и да се искористи таквата ситуација од страна на сдс кои ќе бидат „спасители“ од „диктаторската“ и апсолутна власт на дпмне (иако тие се директно кривите што дозволиле таква ласт на дпмне)............
Има само еден гооолем проблем......ВМРО-ДПМНЕ од петни жили се трудат да му помогнат на СДСМ во неговата намера.
 
Очигледно е дека вмро ја губи самодовербата па во очај измислува секакви глупости и се ќе беше во ред доколку ова беше објавено порано но во тек на изборна кампања е веќе стара фора која и порано владејачките структура ја користеле која нема никакви ефекти,повеќе ми делува како во очај да го кажуваат најверојатно поради падот на рејтингот а и факт е дека на локално ниво не им оди така подмачкано како што посакуваат тука мислам на Скопје и скопските општини,потоа Битола,охрид за Струмица се знае дека се откажаа одамна им останаа само селата оти на сељак најлесно можеш магла да му продадеш.
Протестите ќе ги има пред се поради фактот што вмро создаде само балон кој се дува и вештачки одржува но за жал по изборите тој балон ќе пукне а со тоа самопосебе ќе ги натера граѓаните на протести а не СДСМ или пак БЦ оти ако народот е задоволен сигурно нема да протестира.Финансиското цунами допрва ни следува.
А што се однесува до Грција компромис мора да има сакале ние или не порано или подоцна но колку порано се случи помалку штетен ќе биде за нас или може Груевски идол му е Милошевиќ па мисли како него да се спротивстави на цел свет али на крај само народот со тоа ќе настрада како и во случајот со Косово, а и овие преговори премногу наивно ги водевме затоа и ова ни се случува.
 
Има само еден гооолем проблем......
А бе...
ја чудим..
ако есеноска се деси тоа што треба да се деси...
а бе со спомениците што правиме, у.п.м.?
:pos:
Ако не да ги туриме у калуп ова плелодбенициве....
За сваки узалудно утрошен милион...
по један споменик у центру Скопља !!! :vozbud:
 
Македонија од шпиуни и продадени души страдала, страда, и којзнае до кога ке страда.

Ако е ова вистина, бесење на Б.Ц. на камен мост... следниот со ваква и слична идеја, ке му прави друштво.
 
B.C.definitivno ja zasluzuva sudbinata na Nikolae Causesku.Odamna sum na ovoj stav i ke prodolzam da go poddrzuvam.

Daj mili Boze toa da se sluci.


P.s.sorry za latinicata.
 
B.C.definitivno ja zasluzuva sudbinata na Nikolae Causesku.Odamna sum na ovoj stav i ke prodolzam da go poddrzuvam.
Daj mili Boze toa da se sluci.
P.s.sorry za latinicata.
:pos2:
Кој што исто така е бугарин,нели? :pos:
Eа,еа.... Секуритатеа !!!
Еа,еа ... Секуритатеа!!! :vozbud:
 
B.C.definitivno ja zasluzuva sudbinata na Nikolae Causesku.Odamna sum na ovoj stav i ke prodolzam da go poddrzuvam.

Daj mili Boze toa da se sluci.


P.s.sorry za latinicata.
Пази немој да му се случи тоа на Груевски оти БЦ сам заминува од функцијата
 
Прле, иди прави нешто корисно...

Што е со студентската унија? Му смета на некој што се реновираат студентските домови?

Млекарите од никого не беа притискани, наместо да ја слушаат опозицијата, и да се глупираат со кочење на сообраќај кој на некој му чини живот и финансии, можеа да ангажираат адвокат и да го тужат Сведмилк.

У реду е под ниво ми е да комуницирам со некој као тебе со кисне цел ден на форум, а мене ме куди дека не праам корисни работи. Првен глеј си твоето чергиче до кај е па збори за другите. И не беше во прашање мојата лична суета или твојата, туку шокантната политика што ја води владата. На крајот на краиштата ја и ти ќе си го осетиме најубаво резултатот од таквата политика па ќе видиме тогаш шо е како е на дело.
 
Едно голјамо музикално поздравление от Азис за Г-на Гwуевски:
Азис напомни че очаква до краја на тази (фискална :vozbud::pos2:) година да настанат голјами промени в Македонија след които Бранко Црвенковски ште се в`рне на власт за пореден п`т.

Мааајкоооооо...кој ќе се расправа после бе па со Бранко у.п.м.... :nesvest:
 
Има само еден гооолем проблем......ВМРО-ДПМНЕ од петни жили се трудат да му помогнат на СДСМ во неговата намера.

Ќе те молам следен пат кога ќе ме цитираш прочитај и обиди се да разбереш подобро дали некои работи што ги изнесувам се само хипотезирање (фантазирање) како во дадениов случај за да не ги цитираш ко да се некои факти или цврсти ставови зад кои стојам.
 
Времето за лажење во Македонија полека но сигурно привршува

четврток, 05 март 2009

Реакција од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија во врска со текстот објавен во дневниот весник “Нова Македонија” на 4 март 2009 година, со наслов “Македонците се бришат, Македонија станува Унија на народи” од авторот Мирка Велиновска


Во изминатиот период Кабинетот на Претседателот на Република Македонија одбегнуваше да коментира различни конструкции и шпекулации пласирани во електронските и печатените медиуми кои се оденесуваа на ставовите и активностите на Претседателот на државата. Овој пристап го почитувавме уште повеќе кога се работеше за текстови објавени од автори со одамна изгубен професионален и човечки кредибилитет.

Имајќи во предвид дека овој пат делови од текстот “Македонците се бришат, Македонија станува Унија на народи” објавен во дневниот весник “Нова Македонија” се презедоа во неколку електронски и печатени медиуми (сакаме да веруваме дека се работи за чиста случајност, а не за предизборно сценарио разработено во нечиј партиски штаб), решивме да го објавиме следниот демант:

1. Целиот текст е лажна конструкција без било какви факти и аргументи и без било какви допирни точки со реалноста.

2. Ставовите на Претседателот на Републиката во однос на спорот со Грција се добро познати и во безброј наврати јавно соопштувани пред македонската јавност. Никакви тајни планови не постојат ниту пак има потреба од такво нешто.

3. Летото 2007-ма во Охрид се одржа средба со професорот Адиџес, која беше организирана не од страна на шефот на државата туку од страна на премиерот Груевски. За тоа говори фактот што средбата се одржа во премиерската, а не во претседателската резиденција, како и составот на останатите присутни: Зоран Ставревски - потпретседател на Владата, Љубиша Георгиевски - претседател на Собранието и д-р Срѓан Керим. Претседателот на Република Македонија на оваа средба учествуваше како поканет гостин од страна на премиерот Груевски.

4. Македонското државјнаство на г-динот Адиџес му го врачи премиерот Груевски, а не Претседателот на државата.

5. Претседателот на Република Македонија ниту има информации, ниту пак има покренато некаква постапка или иницијатива за доделување на академски статус на г-динот Исак Адиџес.

Инаку, претседателот Бранко Црвенковски со професорот Исак Адиџес се познава долго време, имале повеќе средби, заклучно последниот пат при неговиот престој во Скопје, пред неколку дена, кога на покана на претставници на бизнис заедницата професорот Адиџес одржа предавање. Но и на таа, како и на која било претходна средба, ниту се разговарало, ниту можело да се разговара за посредништво или за медијаторство на г-динот Адиџес во спорот околу името.

Претседателот им порачува и на нарачателите и на изведувачите на вакви сценарија дека времето за лажење во Македонија полека но сигурно привршува. Соочувањето со вистината за многумина ќе биде горчливо, но во исто време и неизбежно.

http://www.time.mk/?slot=988&cluster=62-r&forward=http%3A//www.kirilica.com.mk/vest.asp%3Fid%3D21611&size=1
 
Колку што слушнав сега на Сител, Кабинетот на Бранко демантираше за тајните договори со Грција.
 
Ај не заебај, ја реков ќе се признае за се’. :pos2:
 
Ај не заебај, ја реков ќе се признае за се’. :pos2:
Ај не заебавај. Јас па си реков дека ќе бараш линк :)

Пази момент:

"Претседателот им порачува и на нарачателите и на изведувачите на вакви сценарија дека времето за лажење во Македонија полека но сигурно привршува.
Соочувањето со вистината за многумина ќе биде горчливо, но во исто време и неизбежно."
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom