Македонците од Голо Брдо Албанија почнаа да го изучуваат македонскиот јазик

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
Локација
Охрид
Веб-сајт
kladilnica.forumup.com
Ова се македончињата од Големо Острени, кои , научија да читаат а пополека и да пишуваат на мајчин јазик. По укинувањето на македонските училишта, во обаста Голо Брдо, пред шест децении, овдека наставата се изведува само на албански наствен јазик. Сега за првпат се случува тие да учат македонска азбука, правопис, култура, на курсот што го спроведува македонската партија.

- Ме радува што ги гледам среќни многу граѓаните на Голо Брдо, што по шеесет години го учат македонскиот јазик, и писмо, и печатните букви, и ракописно, да го знаат мајчиниот јазик, рече Едмонд Османи советник во општина Острени.

Барање децата да го изучуваат македонскиот јазик има од родителите. Члирим Тоља има четири дечиња , три од нив се меѓу оние кои веќе ги научиле буквите и читаат на македнски. А сите тие се пресреќни, во еден здив кажуваат што учат, што научиле.

- Дома го зборуваме мајчиниот јазик . Ако го зборуваме треба да научат да пишуваат, да читаат, вели Члирим Тоља, родител.

Сето ова го реализира македонската партија со финансиска подршка на ЕУ а во соработка со граѓанската иницијатва „Не има“ од Прилеп.

- Проектот има за цел да сите оние кои го имаат изворно македонскиот јазик си го зачуваат, можат да го читаат, пишуваат, значи да си ги зачуваат основните културни вредности, вели Борче Темоски.

Постои голем интерес за отпочнување вакви курсеви и во другите села, вели Едмонд Османи. Набрзо македонската азбука ќе ја учат децата уште од пет до шест села во Голо Брдо.

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=55934
 
Абе во основно се учи македонски таму.
 
Bravo na Albanija!

Po se izgleda e najkorektniot sosed na Makedonija.
 
Одлично од нивна страна.После тоа какви се права имаат албанците во Македонија,би било нефер македонците таму да не можат барем мајчиниот јазик да си го изучуваат.
 
Bravo na Albanija!

Po se izgleda e najkorektniot sosed na Makedonija.
Или Македонците се најорганизирани во Албанија... од двете едно.

Како и да е, браво за нив.
 
Еххххх браво ова е навистина за пофалба :back:

плус песната ми е омилена ги сакам дечкиве што ја испејаа
 
Добро е, обединети сме посилни!:smir:
 
Што "браво за Албанија" бре?

Македонска партија со пари од ЕУ организира курсеви. Наставата од државата е укината пред шеесет години.
Само во изолираниот џеб на Пустец се учи Македонски во Албанија, во рамките на албанскиот образовен систем. Тоа им служи да мачкаат очи.
Кога ќе се учи во Голо Брдо, Корча, Тирана и секаде каде што треба, викајте "Браво".

Ова е ,да речам, приватна иницијатива. А пази, збориме за учење на македонски до четврто одделение. Научна фантастика за Македонците во Албанија е учење осмолетка или средно на мајчин јазик.
Албанија прво да направи етнички попис, па после ќе видите што ќе биде.
Јасно ми е зошто тоа не го прават, заради Грците, на југот. Па и ние за тоа страдаме.
 
УУУУУ албанија бе, не можи не сакаме ваков третман. Сакаме да ни ебате мајката како што Грците ни прават!

уааа педери едни
 
УУУУУ албанија бе, не можи не сакаме ваков третман. Сакаме да ни ебате мајката како што Грците ни прават!

уааа педери едни

Па сега, ако сакаш да ги споредуваш твоите сонародници со Грците, твој избор.

Секако дека не е како во Грција. Меѓутоа не е како што минимално треба да биде. Значи:

-Да можат да се изјаснуваат како Македонци (т.е. етнички попис, да можат да се изјаснат граѓаните на попис, која националност се)
-Да можат да учат на мајчин јазик во училиште (барем до осмо). А не преку приватни курсеви.
-Да прекине притисокот од државните служби врз македонските политички активисти.
-Да се сопре со преименувањето на македонските топоними.

Ни приближно еднакво на правата на Албанците во Македонија, нели.
 
За права, гинат луѓе.

Биди спремен, за по логори и копање ровови.
Така се добиваат права, мислам ако сакаш, ако не, по форуми тука ќе .... (фантазираш)
 
Ќе биде и тоа.:smir:
 
За права, гинат луѓе.

Биди спремен, за по логори и копање ровови.
Така се добиваат права, мислам ако сакаш, ако не, по форуми тука ќе .... (фантазираш)

Тоа не е наш стил за добивање права ! Права - правни системи :smir:

Инаку, секоја чест и само напред, се надевам примерот ќе го следат и Македонците од другите соседни земји. Би било добро , доколку тоа го дозволи Албанија во случајов, нашата влада (министерството за образование) да им помогне на децава со бесплатни учебници. Секоја чест!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom