Најефтина варијанта за летување во Хрватска е Макарска, јас бев лани околу 20-ти август, плаќавме 25 евра од ден за двајца, рестораните на самата плажа беа доста поволни, пица или порција скара за 300 ден. пиво 120 ден. а има и лидл маркет со пристојни цени. До таму стигнавме со редовен автобуски превоз од Хафет турс повратна негде околу 70 евра. Ако веќе одите таму обавезно екскурзија во Сплит со автобус негде за час и половина сте таму, обавезно екскурзија во Дубровник што е доста подалеку од Сплит но вреди за сите пари, и обавезно еднодневно крстарење до Хвар и Брач каде што ќе можете неколку часа да престојувате на популарната плажа златни рат, ова крстарење чини 200 куни или 1600 ден, една куна е 8 денари. Плажата во Макарска е пролазна не толку добра а и многу се гужви, но затоа само на 15-30 минути ги имате прекрасните Тучепи, Башка вода и Брела, поубава вода здравје. И обавезно да си барате потврда за платена туристичка такса зошто хрватите го бараат документот на излез а доколку го немате казните се многу високи. Се на се кој ќе оди таму нема да се покае местото е преубаво, а и мислам дека 500 евра се сосема доволни за едно убаво одморче.