Макарска

Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
И мене истото ме одврати од островите, сакав да возам по автопатот преку србија и околу цела хрватска, за да не акам по планините на Косово, Албанија и Ц.Гора, ама кога ги пресметав патарините во Хрватска се пишманив
Брат, никакво малтретирање не ти е возењето низ Косово и Албанија, имаат нов автопат, бев лани 2 пати до Црна Гора. Влагаш од Скопје во Косово, преку Качанички, одиш накај Приштина, 30км пред Приштина вртиш лево за Призрен и продолжуваш до Албанија (добар дел е нов автопат, нема никакви сјебани кривини), влагаш во Албанија, одиш накај Скадарско Езеро, влагаш у Црна Гора и си одиш по приморје од кај ти душа сака. Немаш утка по тој пат, возен ми е неколку пати. Не е оној старион, што се оди по планини низ Косово, одиш до Печ (смрт пат, го имам и овој одено порано), па влагаш у Црна Гора, па до Подгорица и излагаш Будва на море. Смрт пат, смрт. Овој првиов што ти го кажав е милина за возење, немаш мака.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Чим идете за Макарска, обавезно на островот Брач да идете кај гратчето Бол, не смеете тоа место да го испуштите. Има над 10 бродови кои секојдневно прават крстарење низ околните острови, ние бевме на Брач и на Хвар, ама Хвар не ми остави којзнае каков впечаток. Да сум сега таму пак, обавезно барем еднаш пак ќе отидам на Брач. И тогаш се колебав за парите пошто реално многу беа, ама сега кога гледам назад сфаќам дека дефинитивно тоа беше едно од најдобрите искуства и одлична инвестиција, воопшто не ги жалам парите :)

Мислам... треба да си луд да си блиску до местово, а да не отидеш :D
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.712
Поени од реакции
13.404
@Bateman слушај го @Peja989, јас имам одено по сите могуќи патишта (4те главни и неколку споредни што се рачваат)
Оној за Косовска митровица (стариот) беше добар кога Албанија беше без никаков пат
Оној за Кула - преку Пеќ беше меѓурешение кога србиве за горниов правеа проблеми за папири и не пуштаа. Но има ептен заебан дел баш кај Кула, као да го тераш патот за Дебар толку тесен само што тука се качуваш по планиње за ЦГ.
Третиот е порелаксирачки пошо еден дел веќе го знаеш (скопје - струга - албанија - драч - скадар - цг) ама е најдолг. Ако идеш на роуд-трип и кур те боли кога ќе стигнеш, убаво е да го пројдеш.
Овој 4тиов горе што го спомна Пеџа е најнов и најкраток временски. До ЦГ се стига за 6-7 часа (зависно колку ќе изгубиш по претходниве граници, до Котор 8-9 часа (пак зависи од гужви по пат). Автопат е (повеќето време), може да возиш порелаксирано, иако се пентраш по планини. Ако цепаш за Хрватска, кај Владимир (одма после ЦГ-АЛ граница) цепаш за Бар па приморје. А можеш да го фатиш и оној за Подгорица до Будва преку Цетиње за да ја избефнеш гужвата кај Сутоморе-Петровац која секогаш ја фаќаш попладне.
Од Котор до Дубровник ти е највеќе 2 часа пат при чист коловоз и без малтретажа на граница. Ако сечеш кај Тиват, можеш да го фатиш траектот и да скратиш некои 40 минути се` на се`.
Од дубровник натаму сум бил само еднаш, не можам вака од искуство да ти кажам. Коа бев од Котор до Брач ми зема некои 6-7 часа, без оној мостот што го изградија хрвативе и крател некои 20 мин пат. Само знам порелаксирачки пат е, 80% е приморје, милина ако не затекнеш гужви.
 
M

Moon Child

Гостин
Немојте да ве лаже ѓаолот да одите преку Печ, ќе се изнавозите по грд пат, кривини и планини.
Јас еднаш одев и невермор после тоа, уште па и се погоди навечер да патувам по патот ни селце ни бутур, ин д мидл оф новер се наоѓаш, немаш поима кај си. Ушиве ми се чини ќе ми прснеа од надморска висина.
Арно рекоа погоре, одете на Качаник преку Косово па Скадар Албанија и пичете по тој пат, добар е автопат за 4-5 саати и помалку си во Црна гора, и после тоа шибај на приморскиот пат, најдобра варијанта.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.712
Поени од реакции
13.404
Јас крај на јули сакам и уште истражувам што би се рекло. Сакам Трогир, сакам Сплит, сакам Макарска, па се попалив на остров да одам ама кога видов колку е траект си напраив ријалити чек и така :Д хахаха
Можеш Макарска за спање. Поевтина е од другиве а е супер сврзана со Брач и Хвар па ако ти пукне филм, можеш еден ден онака да појдеш. Рики рече погоре за Бол на Брач, убаво местенце е, моеш да отидеш и во некој од градовите - Супетар, Постира рецимо. Ама мање више сите места се тука исти. Сплит е преубав, ама е скап и проблематичен со паркинг исто како Дубровник, така да него можеш да го поминеш целосно на две екскурзии за да заштедиш на пари за престој. У глобала се праи вака - секој ден го утепуваш у едно место во поголемите, или повеќе места - острови. Се` е поврзано со транспортна мрежа, далеку повеќе од црногорците. Само малку повеќе кинта треба.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
Пред неколку години каков страв сум претрпел од кај Печ. :LOL:

Иначе не ми нешто посебно Бол на Брач како што сите ја фалат. Многу убави места има и на Крк, Истра, Дуги Оток, Мали Лошињ, Црес.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.712
Поени од реакции
13.404
Пред неколку години каков страв сум претрпел од кај Печ. :LOL:

Иначе не ми нешто посебно Бол на Брач како што сите ја фалат. Многу убави места има и на Крк, Истра, Дуги Оток, Мали Лошињ, Црес.
Eeee и јас знам кај е медот... :(
 
M

Moon Child

Гостин
Јас имам другарче што работи на островот Мали Лошињ и од него сум слушала дека многу е скапо таму и дека многу Итаљани има.
 
Член од
20 јуни 2016
Мислења
1
Поени од реакции
0
Чим идете за Макарска, обавезно на островот Брач да идете кај гратчето Бол, не смеете тоа место да го испуштите. Има над 10 бродови кои секојдневно прават крстарење низ околните острови, ние бевме на Брач и на Хвар, ама Хвар не ми остави којзнае каков впечаток. Да сум сега таму пак, обавезно барем еднаш пак ќе отидам на Брач. И тогаш се колебав за парите пошто реално многу беа, ама сега кога гледам назад сфаќам дека дефинитивно тоа беше едно од најдобрите искуства и одлична инвестиција, воопшто не ги жалам парите :)

Мислам... треба да си луд да си блиску до местово, а да не отидеш :D
Здраво, сакам да прашам дали се сеќавате колку е бродот до Бол на Брач, и по кафулињата

Здраво, сакам да прашам дали се сеќавате како се движат цените на бродовите до Бол на Брач на пример и какви се цените по кафулињата? Фала
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Здраво, сакам да прашам дали се сеќавате колку е бродот до Бол на Брач, и по кафулињата

Здраво, сакам да прашам дали се сеќавате како се движат цените на бродовите до Бол на Брач на пример и какви се цените по кафулињата? Фала
Нашата тура беше од Макарска до Хвар па до Брач, и тоа беше 200 куни. Имаше и други тури, меѓутоа сите беа некаде околу 200 куни мање-више, што е околу 20 евра.

Кафулињата имаат пристојна цена, иако сепак зависи од местото. Имаше поскапи ресторанчиња, но има и многу кафичи кај што цената е само нијанси повисока од нашата просечна. Пијачките знам беа нормална цена, можеби некои јадења само беа поскапи, али не многу. Значи стандардот во врска со кафичите е тука некаде :)
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.913
Поени од реакции
7.007

Кој период беше ти? Се мислиме дали втора половина на Август е ок да се оди?
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Кој период беше ти? Се мислиме дали втора половина на Август е ок да се оди?
Во екот на сезоната бев, крај на јули, такада не би знаел за втора половина на август како е. Мада ми се чини дека подобро е малце порано да идете.

Најди го клубот Петар Пан што е у Макарска и види им ја програмата со изведувачи, ако уште има јаки имиња, значи добро е да се иде тој период :D
 
Член од
13 март 2009
Мислења
672
Поени од реакции
284
Најефтина варијанта за летување во Хрватска е Макарска, јас бев лани околу 20-ти август, плаќавме 25 евра од ден за двајца, рестораните на самата плажа беа доста поволни, пица или порција скара за 300 ден. пиво 120 ден. а има и лидл маркет со пристојни цени. До таму стигнавме со редовен автобуски превоз од Хафет турс повратна негде околу 70 евра. Ако веќе одите таму обавезно екскурзија во Сплит со автобус негде за час и половина сте таму, обавезно екскурзија во Дубровник што е доста подалеку од Сплит но вреди за сите пари, и обавезно еднодневно крстарење до Хвар и Брач каде што ќе можете неколку часа да престојувате на популарната плажа златни рат, ова крстарење чини 200 куни или 1600 ден, една куна е 8 денари. Плажата во Макарска е пролазна не толку добра а и многу се гужви, но затоа само на 15-30 минути ги имате прекрасните Тучепи, Башка вода и Брела, поубава вода здравје. И обавезно да си барате потврда за платена туристичка такса зошто хрватите го бараат документот на излез а доколку го немате казните се многу високи. Се на се кој ќе оди таму нема да се покае местото е преубаво, а и мислам дека 500 евра се сосема доволни за едно убаво одморче.
 
Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.200
Поени од реакции
2.286

Ako ne ides so agencija, se plakja toa turisticka taksa?
 
Член од
13 март 2009
Мислења
672
Поени од реакции
284
Најубаво прашај си во агенцијата, нашата газдарица ја имаше платено туристичката такса но не ни даде потврда што за малку скапо ќе не чинеше. Хрватите не проверуваа саат време во системот на податоци, ни бараа адреса каде сме биле сместени, име и презиме на газдата итн. многу заебанции за без потреба, на крај сепак добро излезе.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom