@Bateman слушај го
@Peja989, јас имам одено по сите могуќи патишта (4те главни и неколку споредни што се рачваат)
Оној за Косовска митровица (стариот) беше добар кога Албанија беше без никаков пат
Оној за Кула - преку Пеќ беше меѓурешение кога србиве за горниов правеа проблеми за папири и не пуштаа. Но има ептен заебан дел баш кај Кула, као да го тераш патот за Дебар толку тесен само што тука се качуваш по планиње за ЦГ.
Третиот е порелаксирачки пошо еден дел веќе го знаеш (
скопје - струга - албанија - драч - скадар - цг) ама е најдолг. Ако идеш на роуд-трип и кур те боли кога ќе стигнеш, убаво е да го пројдеш.
Овој 4тиов горе што го спомна Пеџа е најнов и најкраток временски. До ЦГ се стига за 6-7 часа (зависно колку ќе изгубиш по претходниве граници, до Котор 8-9 часа (пак зависи од гужви по пат). Автопат е (повеќето време), може да возиш порелаксирано, иако се пентраш по планини. Ако цепаш за Хрватска, кај Владимир (одма после ЦГ-АЛ граница) цепаш за Бар па приморје. А можеш да го фатиш и оној за Подгорица до Будва преку Цетиње за да ја избефнеш гужвата кај Сутоморе-Петровац која секогаш ја фаќаш попладне.
Од Котор до Дубровник ти е највеќе 2 часа пат при чист коловоз и без малтретажа на граница. Ако сечеш кај Тиват, можеш да го фатиш траектот и да скратиш некои 40 минути се` на се`.
Од дубровник натаму сум бил само еднаш, не можам вака од искуство да ти кажам. Коа бев од Котор до Брач ми зема некои 6-7 часа, без оној мостот што го изградија хрвативе и крател некои 20 мин пат. Само знам порелаксирачки пат е, 80% е приморје, милина ако не затекнеш гужви.