BiG_kIsS
You talk too much... Let me shut you up
- Член од
- 4 септември 2007
- Мислења
- 3.414
- Поени од реакции
- 2.923
- Возраст
- 35
Мака ми е од тебе! Од тебе и од се' твое, твоето лице, твоите бакнежи, твоите прегратки, твоите тешења, твоите зборови, твојот мирис, твојот поглед, твоите нежни допири..... Буквално се'... Незнам како можеш да бидеш ваков... Неможам да сфатам зашто си ваков... Што се случи, каде отиде твојата љубов која „секогаш ќе постоеше, без разлика каде си и со која си“? Или тоа беше една од твоите милиони лаги за само да го добиеш тоа што го сакаш? Не те препознавам веќе... Можеби е моја кривица, што се отворив и секогаш се' ти кажував, што те сметав за некој на кој можам да се потпрам, некој кој секогаш ќе биде таму кога ќе ми треба и ќе ме утеши... Ама изгледа ти го искористи тоа за да ме читаш како селски буквар и да си играш со мене.... Те сметав за другачие... Се покажа дека си ист како и сите машки.... Си го покажа правото лице, а јас бев глупава што досега бев заслепена од љубовта.... Мака ми е од сите вечери кој ги поминав плачејки за тебе, што пролеав толку солзи што не ги заслужи.... Не ми е јасно што ти стана? Што направив? Што ти го смени мислењето?.... Сакав да се вратиме пак по старо да биде ама очигледно веќе не сум доволно добра за тебе... Нема друга објаснување....Да ме сакаше барем малку ќе дозволеше да пробаме, а не да се правдаш со тоа дека ќе се караме многу..... А јас незнам ни зашто те молев... Никоја нема да те сака како јас, верувај ми.... Ти секогаш ќе ми останеш во срцето, да знаеш, затоа што со тебе поминав многу прекрасни моменти кои никогаш нема да ги заборавам, ама прашањето е дали и јас ќе ти останам во срцето како што ми кажа?.... Колку да знаеш, нема веќе ништо помеѓу нас, ама овој пат е најсериозно, можеби ќе ми биде тешко ама ќе издржам.... И ова ќе ми биде УШТЕ ЕДНА лекција дека не треба да се отварам на секој, а особено не на машко.... :nesum: