1. Од друга страна претседателот на Струмица 2005, Панајотис Карапиперис, поради јавно коментирање на судењето на натпреварот Струмица 2005 - Фени Индустри, е казнет со парична казна од 30.000 денари, додека кошаркарот на струмичани Дамир Латовиќ, на иста основа е казнет со парична казна од 30.000 денари,
2. Казни заработија и кошаркарите на Фини Индустри. Талик Браун, поради сторен прекршок повлекување на противнички играч за нога, кој не беше санкциониран од судиите, по што настана инцидентот, е казнет парично со 40.000 денари, а Александар Димитровски, за сторен прекршок вулгарно покажување на по еден прст од двете раце при излегување од терен, е казнет парично со 30.000 денари.
О.К. не очекував поинаков исход на инцидентите кои се случија на последниот натпревар..сепак од сите казни една ми остана во очи...незнам колку се рабирате во работите..ама да се казни некој заради јавно коментирање на судењето..ова е апсурд...
Да се обидам да ти доловам некои моменти. Под бр. 1 После јавното критикување на секој тренер и играч кој стигна, КФМ реши да ги казнува судиите по поднесена жалба и да го забрани јавното критикување на судиите, поради притисокот под кој подпаѓаат и најавија драстични казни за кој ке го направи тоа. Овој член е донесен после завршувањето на купот.
Под втората точка која ја облежив, да не е толку трагично, пи се посрал од смеење. Како може играч да се казни за судиска грешка, мене во никој случај неможе да ми биде јасно. Браун направи фаул кој судиите намерно или не, незнам, пошто на ТВ не се гледаше, не го сакнционираа, значи направил фаул, намерен, зашто казната е две слободни и топка од страна, значи немало намера да го повреди играчот или пак да го удри, што ја прави казната мизерна. Треба судиите да платат 40.000 зашто не досудиле, Браун не смее да биде казнет за тоа што го направил после завршување на натпреварот.
хаха..овој е смешен димишковски бе.забрането е коментирање на судењето? ги казниле за расистички навреди? па зошто кога и минатити натпревари му довикуваа на кол и на браун не се санкционираше тоа? зошто пак латовик казнет? видоа дека ни е најдобар и ајде ке го казнуваме да го провоцираме повеке.Тоа е тоа Нашиот македонски спорт ц ц ц
а и да се дополнам: зошто не е казнет амир бидејки цело време гледаше во публиката и се смееше и нашите повеке збеснаа? зошто не се казнети судиите бидејки "не го видоа" прекршокот и се направија наудрени ?
За коментирањето на судиите имаш погоре. За расистички извици, У, У, У се казнува, сте биле казнети само не си приметил, сите јадеме казни за тоа. Латовиќ, исто поради јавна критика на судии. За судиите се сложувам, како може Брауд да биде казнет зашто судиите не виделе не ми е јасно. Кај нас, судииве се заштитени како бели мечки. ТОј Златевски, истепа млад судија кога беше во својство на тренер и наместо да му дадат доживотна забрана, го казнија 3 месеци и казната му почна кога заврши сезоната а паузата измеѓу две сезони трае 5 месеци, така да не ни го казниле кога ке видиш подобро.
Мислам дека никој не беше директно посочен..А коментарите на сметка на судењето кај нас ги има преку цела зезона па невидов казни...или Струмица е исклучок...
Пак јас, може досаден ке станам, ама ти викам, после јавното излегување на Мзт за судиите, КФМ најде начин да се замолкнат тимовите преку парични, па дури и казни во вид на суспензии. Мзт беше последниот тим кој поради јавото критикување на судии помина со усна опомена и од после таа случка сите тимови, играчи, тренери или што и да се, се подлежни на новиот правилник, кој уште повеќе ги заштитува судиите. На наша жал, ке мораме да ги трпиме овие судиски самоволија поради тоа што не посоти никаква построга санкциона мерка, освен неделегирање на две кола за добиена едеиница за судење. Секаде во свет, ако се добие единица, те враќаат во најнизок ранг и ти требаат 5 години да се качиш пак да судиш прва лига. Ама кај нас, кошарката се вртела, се врти и ке се врти околу судиите поради тоа што тие се продолжена рака на сојузот (федерацијата) да си ги исполнува своите цели.