- Член од
- 13 септември 2007
- Мислења
- 5.787
- Поени од реакции
- 4.039
Не учеа дека сме родени родени во грев, дека ќе умреме во грев и дека во наша природа е да грешиме.
Една од нашите религии, дури, учи дека во врска со тоа ништо не може да направиме. Нашите сопствени дела се неважни и бесмислени. Препотентно е да се мисли дека ние со некоја своја постапка можеме да „Дојдеме до рајот“. Постои само еден начин да се стигне до рајот (спасението) а тој не е преку нашите сопствени дела, туку преку милоста која ни ја дава Бог преку прифаќањето на Неговиот Син како наш посредник.
Кога ќе се постигне тоа, ние сме „спасени„. Додека не се постигне тоа, ништо што ние правиме-ни животот со кој живееме, ни изборите што ги правиме, ни било што што преземаме според својата сопствена воља настојувајќи да се поправиме себесе или да се направиме повредни-нема никаков ефект, не донесува никакво влијание. Ние не сме способни да се направиме повредни, бидејќи сами по себе сме безвредни.
Ние сме создадени на тој начин.
Зошто? Само Бог знае. Бидејќи Тој згреши. Можеби Тој не сфати добро. Можеби Тој сака сето тоа повторно да се направи..
Дали е ова исмејување?
Не. Ние се мајтапиме со Бога. Велиме дека Тој, Бог, направил суштества сами по себе да бидат несовршени, а потоа од нив барал да бидат совршени или да се соочат со проклетството.
Ние велиме дека некаде, пред неколку илјади години од светското искуство, Тој го омекнал ставот, кажувајќи дека оттогаш, па понатаму, треба да се чувствуваме лошо кога не сме добри, и дека треба како свој спасител да прифатиме Едно Суштество кое секогаш може да биде совршено, задоволувајќи го на тој начин Неговиот глад за совршенство. Ние велиме дека Неговиот Син-кој го нарекуваме Единствен совршен-не спасил од нашата сопствена несовршеност-несовршеноста што Бог ни ја дал.
Со други зборови, Синот Божји не спасил од она што го направил Неговиот Татко,
Тоа е начинот на кој ние-мнозина од нас-велиме дека Бог ги поставил работите.
Тогаш, кој со кого се мајтапи?