Мајтапење со Бога

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.787
Поени од реакции
4.039
Не учеа дека сме родени родени во грев, дека ќе умреме во грев и дека во наша природа е да грешиме.
Една од нашите религии, дури, учи дека во врска со тоа ништо не може да направиме. Нашите сопствени дела се неважни и бесмислени. Препотентно е да се мисли дека ние со некоја своја постапка можеме да „Дојдеме до рајот“. Постои само еден начин да се стигне до рајот (спасението) а тој не е преку нашите сопствени дела, туку преку милоста која ни ја дава Бог преку прифаќањето на Неговиот Син како наш посредник.
Кога ќе се постигне тоа, ние сме „спасени„. Додека не се постигне тоа, ништо што ние правиме-ни животот со кој живееме, ни изборите што ги правиме, ни било што што преземаме според својата сопствена воља настојувајќи да се поправиме себесе или да се направиме повредни-нема никаков ефект, не донесува никакво влијание. Ние не сме способни да се направиме повредни, бидејќи сами по себе сме безвредни.
Ние сме создадени на тој начин.
Зошто? Само Бог знае. Бидејќи Тој згреши. Можеби Тој не сфати добро. Можеби Тој сака сето тоа повторно да се направи..

Дали е ова исмејување?

Не. Ние се мајтапиме со Бога. Велиме дека Тој, Бог, направил суштества сами по себе да бидат несовршени, а потоа од нив барал да бидат совршени или да се соочат со проклетството.
Ние велиме дека некаде, пред неколку илјади години од светското искуство, Тој го омекнал ставот, кажувајќи дека оттогаш, па понатаму, треба да се чувствуваме лошо кога не сме добри, и дека треба како свој спасител да прифатиме Едно Суштество кое секогаш може да биде совршено, задоволувајќи го на тој начин Неговиот глад за совршенство. Ние велиме дека Неговиот Син-кој го нарекуваме Единствен совршен-не спасил од нашата сопствена несовршеност-несовршеноста што Бог ни ја дал.
Со други зборови, Синот Божји не спасил од она што го направил Неговиот Татко,
Тоа е начинот на кој ние-мнозина од нас-велиме дека Бог ги поставил работите.
Тогаш, кој со кого се мајтапи?
 
Бог не пости и затоа што не постои, неможе да се мајтапи со мене......ниту пак јас можам да се мајтапам со нешто што не постои...
оној кој верува во бог може да се мајтапи со него ...и обратно...
човековата психа оди до толку да може да се мајтапи и со биро за компјутер....а исто и бирото да се мајтапи со таквата личност..:icon_lol:

Значи имаме бог(религиа) која се мајтапи со рајата.......а рајата верува и таа се мајтапи со бог(религијата):helou:
 
svakjesrbinradovan.jpg
[/IMG]

Магдеепикфејл
 
Ке ве молам да не се мајтапите со мене пошто тешко се нервирам .. али поплави и громој се неизбежни ако се изнервирам ...

Зато мајтап со мене не .
 
Ке ве молам да не се мајтапите со мене пошто тешко се нервирам .. али поплави и громој се неизбежни ако се изнервирам ...

Зато мајтап со мене не .
Ако ви се налути, дајте му цигара... ке смекни... верувајте! :pos2:
 
До совршенство се доаѓа преку покајување кога ќе бидеш свесен дека грешеиш и ќе сакаш да ги исправиш грешките. без покајување исто така нема спасение. без разлика иако си свесен некогаш дека грешиш н онемаш сила и воља да направиш исправно, ама се каеш и даваш напори да се исправиш секој нареден пат ти помалку ќе грешиш и се повеќе ќе бидеш на правиот пат. затопа за секој има спасение само ако тој покаже воља и вистински се покае за своите грешки.
 
Toj n. An all-mighty-world-controlling mythical figure who every now and then likes to poke us with his hypocritical sense of humor.

Maggie, еретику, дали целиш на тоа дека Тој е глуп? :O
Плус, околу целава појава за силуетава има доста контрадикторности. Али јебига. Неговите фетиши се чудни. :icon_lol:
 

Дали е ова исмејување?

Не. Ние се мајтапиме со Бога. Велиме дека Тој, Бог, направил суштества сами по себе да бидат несовршени, а потоа од нив барал да бидат совршени или да се соочат со проклетството.
Ние велиме дека некаде, пред неколку илјади години од светското искуство, Тој го омекнал ставот, кажувајќи дека оттогаш, па понатаму, треба да се чувствуваме лошо кога не сме добри, и дека треба како свој спасител да прифатиме Едно Суштество кое секогаш може да биде совршено, задоволувајќи го на тој начин Неговиот глад за совршенство. Ние велиме дека Неговиот Син-кој го нарекуваме Единствен совршен-не спасил од нашата сопствена несовршеност-несовршеноста што Бог ни ја дал.
Со други зборови, Синот Божји не спасил од она што го направил Неговиот Татко,
Тоа е начинот на кој ние-мнозина од нас-велиме дека Бог ги поставил работите.
Тогаш, кој со кого се мајтапи?
Каде тоа Магде пишува дека Бог направил од нас несовршени суштества...напротив..не созадл на неговиот лик...а откако го направил тоа..е запишано..
И Бог виде сè што направи, и ете, беше многу добро
Некој друг е крив за нашето несовршенство..

Инаку ние се мајтапиме сами со себе..оти мислиме оти можеме да го излажеме Господ и уште сме убедени во тоа...жалам...
ама пишува поинаку..
Галатјани:6-7 Не лажете се: Бог не дозволува да биде изигран! Зашто што човекот ќе посее, тоа и ќе жнее:
 
Зарем библијата не е напишана од човек?
 
Ова е мајтапење:


Но не со Бог, зошто тој не постои (според мајтапџијата). Мајтапот е со луѓето кои веруваат во секакви бесмислици, па иако Мајтапџијата привидно се обраќа на Бог, тој се мајтапи со сваќањето на луѓето за Бог.

Бог да го прости, мајтапџијата...
 
Седнал Бог и почнал да збори и Матеј, Лука, Мојсеј и другите како секретарки го запишале тоа што тој го зборел.

А чек, не е целта на секој човек да стигне до совршеноста? Под совршеност мислам на работи кои поединецот ги смета за совршени. Ако религијата зададе вредности кои се дел од тоа целење кон совршеноста, значи се цели кон совршеност зададена од Бог. Дали таа карактерна особина е тоа што е дадено за сите ние да целиме и правиме работи кои би не направиле совршени? Ако нашите цели за совршенство не се поклопуваат со Божјите, тоа значи дека се мајтапиме?
 
Библијата вели дека Господ himself е авторот на неа.
аииии:

Цитати од мислењето ма маркус.
И Бог виде сè што направи, и ете, беше многу добро
Галатјани:6-7 Не лажете се: Бог не дозволува да биде изигран! Зашто што човекот ќе посее, тоа и ќе жнее:

Како ова покажува дека е напишано од Бог?Не е пишувано во прво лице -.-

На другите ќе ви реплицирам подоцна, ама пошо видов дека ќе забегате у друг правец да ви покажам на граматиката кога е користена во цитатите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom