Еве мое искуство од прва рака кога бев таму:
-
Квалитетната роба е и кај нив скапа, но вреди (жад или кинеска свила)
- Шкарт има и таму, но на улици и специјални пазари каде што може да се ценкате до бесвест (е, оваа роба ние ја добиваме)
- И најважно, имаше и роба од средна категорија, поквалитетна од уличната, но поевтина од луксузната (токму ова го нема кај нас - луксузна роба и роба со среден квалитет и затоа се создава заблуда дека целата нивна стока е шкарт,).
Ова што во Македонија го носат е Ш класа од нивната стока, нешто што кај нив можете да го најдете на улица или на пазар за багатела цени (на пример, куп од 100 маички за 2-3 евра). Но, работи кои ги имам купено оттаму, а биле со среден квалитет ми траат веќе со години.
Особено во лошиот квалитет овде во Македонија предничат кинеските кондури, папучи и сандали, кои никому не ги препорачувам, бидејќи ќе си ги упропастите стапалата (налет тоа што "мирисаат")