Фала многу да знам да си ја ставам мачката на безбедно место бидејќи мачори ми ги тепаат малечките мачиња:smir:
Мислам дека мачката сама си наоѓа место каде што ќе се омачи и каде ќе го помине првиот месец со малите мачиња. Тоа е обично некое место кое што "не е на удар", скришно дури и од домашните. Значи мачката мора да се чувствува сигурна т.е невидлива за останатите. Јас би ти предложила да ја оставиш сама да си одбере место, а ти само да и постелеш таму некое кебенце или сл. Нормално, пожелно е дискретно да ја контролираш состојбата (текот на породувањето-за да и се помогне ако настанат некои компликации), дали е чисто леглото, дали се здрави и живи мачињата и сл. Сум читала дека треба да се избегнува да се фаќаат малите мачиња со рака, бидејќи мачката може да ги отфлли (со допирањето можат да го изгубат мирисот-т.е да попримат твој мирис, па мајката да не може да ги препознае). Всушност, кога мачињата се спремни за надворешниот свет, мачката ги изнесува сама...