Има, се разбира. Јас користев Bolfo спреј, за кучиња и мачки е (мислам дека така се викаше), и е доста ефикасен. Првин испрскаш маче, после некое време треба да го исчешлаш со ситен чешел за да испаднат болвите (а и не мора). Треба да внимаваш како и каде прскаш (види упатство најубаво), но не смее да е во близина на очи и нос/уста. Во еден случај имам користено и ампула Frontline, која се капнува на вратот одозгора-всушност на место кое мачката не може да го дофати при чистење (лижење). Само треба ДА ВНИМАВАШ на дозирањето (на ампулата) или начинот на аплицирање на спрејот, особено ако се работи за мало маче, за да не го затруеш. Мислам дека инсектицид против болви сличен на ампулата, ставаат и во ветеринарните амбуланти...па ако сакаш стручно да го истретираш, однеси го на ветеринар. Огрлица не сум користела, бидејќи моите мачки биле ШЕТАЧИ, па ми било страв да им ставам нешто околу врат што може да ги кошта живот...Најдобро е да си пршаш по PET SHOP-овите, сигурно ќе ти препрачаат нешто добро, бидејќи постојано излегуваат нови и ефикасни производи. Крлежи на мачка немам видено, а сум слушнала дека е МНОГУ ретка појава, така да од таа страна немаш многу грижа...И уште нешто за болвите-можеш да ги чистиш на СТАРИОТ ДОБАР НАЧИН-рачно, со чешелче вадиш, забавно е, има акција, бегање и ловење, ама е доста заморно особено ако е во прашање голема "работна" површина...мала шала за крај, ПОЗДРАВ и среќен ЛОВ!