Mакедонски Twitter награди 2013-та

Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Знаете како викаат, оној кој не знае да се искаже во 5,000 карактери, се искажува во 140 карактери. Односно, Твитер е варијанта на познатиот "elevator sale", каде што по дифолт треба да кажеш се во најкратки и најразбирливи црти.

Твитер хуморот од друга страна е сличен на Idiocracy хуморот, каде што група на луѓе се наоѓаат едни со други и се тапшаат по рамо. Разликата е што овие од Idiocracy не веруваа длабоко и плитко во себе дека се паметни, односно попаметни од другите. Како прво, не постои „твитер“ хумор, туку постои само хумор.

Кога бетмен ќе опали смешен статус на фејсбук, тој е смешен без разлика на медиумот. Исто важи и за Трендо да речеме, тој има смисла за хумор на секој медиум. Како и сите што сме имале по 1-2 смешни во клас што се „утепувале“ од трескање на глупости, нема талент секој за тоа.

Вториот проблем е што дури и да има некој одредена смисла за хумор, оваа манифестација е јасен доказ како треба секој ден да пишуваш нешто смешно - тоа не го може никој. И не знам зашто некој би сакал таква обврска, кога ќе ги видам „фаците“ на Твитер и фејсбук со одредени статуси, се гледа дека се исфорсирани само за да има нешто дента.

Третиот проблем се фановите, истите оние што го популаризираат Лешоски и ги величаат другиве. Тие мислат дека знаат повеќе од „нас“. Се делат на нас и вас. Се праат паметни со сила. Пример, Лешоски и Трендо сега се на ист медиум, а се сосема различни луѓе - го гледаш Трендо на тв, осеќаш дека има мозок, има црпка. Го гледаш Лешоски на јутјуб, вика дека „инспирација не можеш да бараш, ја имаш или ја немаш“. Значи дете од 28 години збори за инспирација, а единствено творештво му се песни кои наводно ги пишува на нога во ВЦ.

Idiocracy проповедаше дека глупите луѓе ќе го освојат светот. Тоа е вистина, но со една разлика - не претпостави дека со сила ќе се прават паметни и ќе си доделуваат награди едни на други.
Уште па кога ќе видам цитат и доле @Тој и тој...

Членовите на кајгана до 2007-ма година беа оние што се заслужни за некакви награди, издржани мислења на секоја тема. Тоа беше Интернетот на времето (всушност, и правата смисла на „дружба преку интернет“), а не пиши досетка во 100 карактери (не 140, како ќе те ретвитаат?!) и биди награден. Дајте тогаш на идиотите во клас што ги имавме и што дофрлаа вакви досетки на секој час да им дадеме награди! :)
 
G

garthok

Гостин
Дечиња на богати родители, џаболебари што глумат интелектуалци. Бар така ми делува од тоа малку што сум ѕирнал.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Дека има доста негативна енергија - има. Ама таму можеш да бираш кого сакаш да следиш, а кој не. Кога го направив профилот на Твитер, следев се и сешто и многу ме полнеше со негативна енергија, ама сега после година дена поактивно користење, научив кого да следам, кого не, ги филтрирам луѓето и сфатив дека има стварно супер луѓе кои ниту ги знам, ниту ги познавам, ама со кои можеш да размениш супер муабет, да ти препорачаат нешто (филм, песна) и да те насмеат. Фората е да знаеш кого да следиш. Има периоди кога има негативна енергија, тогаш не се уклучувам и крај. Значи прашање на избор е. Лошо е да се генерализира. И таму ги има секакви, ама па од друга страна на сите социјални мрежи (па и форумов) има се и сешто.

И тука има едни исти со таканаречен Хаус хумор кои мислат дека е интересно на нов член ко пијавици да му се закачат и да го тролаат, а има и прекрасни луѓе кои лично сум ги запознала и ми е мерак да седнам и кафе да пијам со нив.

Лошо е да генерализираш цела една група, базирана на неколку луѓе кои не ти се допаѓаат. Исто како што ми пречи кога на Твитер ја генерализираат цела Кајгана и ги навредуваат членовите.

Не велам дека таму цветаат рози и дека сите се супер, ама таму правам unfollow, тука правам ignore, на ФБ правам unfriend/hide. Во превод, читам што сакам да читам и не се замарам со останати работи.

Правеле награди. Нека прават, шо има веза, не е битно на крај краева, секој си прави забава во животот каква што му одговара.
 

Pat Bateman

Oh Africa, brave Africa
Член од
7 февруари 2009
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.867
Наградите на страна, собиранката во МКЦ не беше ништо поразлично од кајгана собиранките. Нормално е тоа дека секаде си има некои што се поумислени и не знам што, но има и сосема нормални луѓе кои се на Твитер да си ги искажат своите мислења и чат пат да се пошегуваат. Некој повеќе се пронаоѓа на Твитер, некој на Кајгана, некој на Фејсбук, а некој и на Инстаграм можеби, тоа е виртуелната реалност.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom