Mакедонски Twitter награди 2013-та

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Коа го видов Бетмен и готово се ми стана јасно, фамилија биле, абе иди беајте...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Не глумете, сега ќе ви поделам јас награди од по 200 евра. Наградата за најглуп член на Кајгана ја добива?
Со можност на следна собиранка да му ја залепам лично на чело.

Ние кога имавме вакви фенси забави, уште твитер немаше. Нема да ги критикувам, баш се интересни, баш убаво. Се осеќаат како фамилија, како да се дел од нешто. Како ние од ова виртуелно делче овде. Само што кај нас налетаа глуперди, тролови и слични срања. Али набрзо ќе исчистиме све по список. Наскоро...
Само што ние не вреѓаме некого ако сака да ни се приклучи :D или ако дојде тука и отвори тема за хуманитарна или било каква акција :D а ние таму бевме етикетирани како потомците на Пол Пот.

Се се ама кога ќе видам екс Кајганџии таму што џагарат а знам тука и во живо што збореле и какви ставови имале......
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Само што ние не вреѓаме некого ако сака да ни се приклучи :D или ако дојде тука и отвори тема за хуманитарна или било каква акција :D а ние таму бевме етикетирани како потомците на Пол Пот.

Се се ама кога ќе видам екс Кајганџии таму што џагарат а знам тука и во живо што збореле и какви ставови имале......
Ние имаме подруг пристап од нив. Кој сака слободно нека се приклучи. Само да не биде глуп у тој случај ич нека не се зачленува. Доста ни се такви фаци, имаме вишок за мењавање.

А и сите оние кој биле дел од Кајгана, кад тад се враќаат тоа е закон и никој неможе да ме убеди во спротивното. Најдобро на виртуелниот простор е да имаш со кого да разговараш околу некоја тема, каде твоите блиски не им се отвора уста или едноставно не ги интересира. Овде дознаваш се она што те интересира или не те интересира во минута, плус гледаш и јавно мислење да речеме во некој поглед.

Јас се зачленив на твитер кога беше акцијата, се уклучувам многу ретко еднаш или два пати годишно, за да јадам гомна кај пилоу квин на профил или за некоја дешавка на бугари. И мислев по тој принцип функционира тоа, али грешка сум била. Таму сите сами со себе си зборат. Тој концепт не е за мене. Ако има нешто на Алекс во врска со вемеро кај му се лепи муцето да му искоментирам кога ќе се уклучам на твитер арно, ако нема ништо надвор од задолжителната програма зададена од штаб никому ништо. Мене ми е поинтересно да ве читам овде сите, одколку на некој мислите да му ги читам. И тоа не една мисла во минута, туку една мисла во секунда :D
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Некако не можам да го сватам твитерот, ниту пак оваа “заедница“ “семејство“ што и да е.
Имаш 140 карактери, сам со себе си збориш ај сам со себе што си збориш ама од каде бе влијателност не ми е јасно, на кого влијаат на што влијаат на интернет сообраќајов... да го кочат.
И на форумов има такви кој што користат 140 карактери или помалку, има и овде кој што се замислуваат фактор и влијателни демек афторитети, ама овде барем можеш да му кажеш на некого колку е глуп, може да се равие квалитетна дискусија а можеш и да тролаш кога ќе видиш дека си имаш работа со глуп народ па и зашо да не,зашо да не изреметиш некој кој што фураат општо прифатени ставови без разлика дали се работи левица десница или тешки хипстеришта секој у својот филм влезен.
И овде има групирање,табори, овој со оној се знаел на овој мод му се свиѓала таа и таа форумџика, еди која си модераторка и се свиѓал овој или оној.
Па имаш оговарање во приватни пораки, па имаш пријави зашо вака или онака си се изразил а нив им бил испод част таквиот начин на изразување.
Па имаш “начитани“ само прогласени филозофи кој што својот став го земаат за нај-исправен и нај-валиден, јебеш ти тоа овде барем моеш и партали да се напраиш,пердуви да летаат на сите страни и на крајот на собиранка пак заедно да пиете пијачка, овие лудиве од твитер како да си им улетал дома и цела фамилија да си им ја истепал се понашаат.
( И тука ги има такви да се разбереме )
Па во последно време почнаа и другарчињата од мало да си ги собираат за подршка,кога ќе погледнеш од сите страни ѓорѓи сардисан. Сума сумарум не дека нешо е различно, само луѓето се други и начинот на препукавање е различен.
Од друга страна немањето ПОДФОРУМ политика на форумов го осакати до даске.
Али дефинитивно подобро е кога не си праиш муабет сам со себе.

Еве јас Љандрата ја прогласувам за ( БИРАЈ КАТЕГОРИЈА ) на кајганава награда буре пиво,балонче жта,балон вино.
 

TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
Прво, споредба на форум и твитер навистина нема никаква логика. Твитер е микроблогинг платформа, и како блог нема никаква цел за било каква дискусија. Форумот од друга страна има за цел да се води дискусија. Значи две многу различни работи.

Е сеа за “влијателниве“. Лично не сум засегнат што прават па ќе речам нека прават што сакаат. Но мора малку да ги зезаме нели. :)
Значи по кој основ овие се “ Македонски“ твитер награди? Кој одлучува кои се тие главни твитер награди, или пошо и нема други та името под дифолт се зима. Ја можам да формирам клубче со 5 души како нивното и да доделам Официјални Твитер Награди на Република Македонија. Ама која е логиката, сами си бираат, сами си доделуваат. Тие се 10 души со по 5 ретвита и 100 следачи. Но, ајде, мора од негде да се почне. Но сепак гламурот и наградите ја прават целава работа смешна.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.482
Поени од реакции
2.351
У реду е све. Си се добри во македонската твитер „заедница“, ама зошто мора да се умислени ко да го освоиле светот, мислиш праат забава да ти .... ги утепале фашистите... Они некои глупи награди да даваат, на чело со бетмен-от. Ти влијателен си? Не... Не те бива значи. Пораката од твитерџиите.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lyn
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Имаше еден добар твит ама не можам сега да го најдам. Одеше нешто во стил: Предлагам твитер награда да се доделува само на недипломирана личност оти еден газ не собира и диплома и твитер награда. :)
Лично мене ми е сеедно што си се наградувале. Секој човек си бара начин како да биде среќен. Ако нив ги исполнува твитер награда, нека им биде. Може и во CV ќе си ја стават кога ќе се решат работа да бараат за промена.
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
702
Поени од реакции
691
Шта речи. Твитер заедницава е едно дувло на неразбрани од општеството налик на кајганџиите со битна разлика, тие се 99% вообразени и со дипломи и „твитаат“ без престан. Мешаат иронија и сарказам ко будали и се самопрогласуваат за „Влијателни“. Ај еве едно јавно прозивање од небитен кајганџија - ако сте толку влијателни сменете го општествово во пракса а не само во теорија од 140 карактери
 

Дејмон

why not
Член од
17 мај 2011
Мислења
1.368
Поени од реакции
2.886
Абе пред некоја година поинаку беше, ама тогаш ваљда не ја сметаа влијателноста за нешто свето, за разлика од сеа. А ако се тргнат на страна влијателните у наводници, има доста смешни твитови. Е сеа тие смешни твитови неможат да дојдат до израз ради влијателните у наводници.
И шо ве боли вас бе евентуално, дали се умислени или не? Остајте ги нека тераат магарето аман.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lyn
Член од
5 април 2012
Мислења
8.122
Поени од реакции
8.911
Си се организирале, си нашле спонзори и си поделиле награди хејтот ви е упатен на погрешна адреса. Мене лично повеќе ми пречат наградите на манифестации како Скопски Фестивал, ако не се лажам организатор и спонзор е МРТ односно ние. За небитна титула се делат награди повисоки од наградите што ги добиа пример кошаркарите или ракометарите за нивните историски спортски успеси
 

Kajgana Shop

На врв Bottom