Lyoness

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.615
Поени од реакции
21.324
Гледам нема тема за ова па малку да разиеме дискусија. Фирмава како што приметувам почнува да зима се поголем замав, па мислам дека вреди и форумски да биде разгледано нејзиното постоење. Како краен скептик на вакви мултилевел, пирамидални заебанции мене ова ми е крајно сумљива и непроверена работа и покрај тоа што од друга страна сериозни фирми членуваат а и некои другари ми се пофалија дека од сето ова имало бенефит. Како што ми објаснија станува збор за некакви си попусти што фирмите членки ги даваат на потрошувачите членови ама тие не добиваат попуст директно него сето тоа ти одело во некоја наводна твоја сметка во Лајонес а дел оди и за агентот кој те препорачал а друг дел за фирмата, па откога ќе собереш извесен број на единици е тек тогаш на сметка ти стигнуваат реални пари, значи или јас сум нешто глуп или се тресат глупости од ракав, битно цело оваа шема мене лично ми делува крајно несериозно, да не бидам и подрзок во описите. Дали има некој искуство со оваа пирамида и како функционира? Особено од корист би биле мислења од некој што ја разбира шемата.
 
Член од
17 септември 2008
Мислења
642
Поени од реакции
485
Ова сигурно функционира...братучед ми има ваква картичка и стварно му стигаат пари на неа, чекам да ми извади и мене. Слушнав дека наскоро ќе го има и по бензинските пумпи. Функционира исто како рефералите на оние страници за правење пари (со кликање), секој што е регистриран под тебе со секое користење на картичката ти дава некој процент тебе...Е сега чудно ми е од кај тие пари ти ги плаќаат, уствари која е добивката на Лајонес од тоа што ти ќе ја покажеш нивната картичка...
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.615
Поени од реакции
21.324
Ова сигурно функционира...братучед ми има ваква картичка и стварно му стигаат пари на неа, чекам да ми извади и мене. Слушнав дека наскоро ќе го има и по бензинските пумпи. Функционира исто како рефералите на оние страници за правење пари (со кликање), секој што е регистриран под тебе со секое користење на картичката ти дава некој процент тебе...Е сега чудно ми е од кај тие пари ти ги плаќаат, уствари која е добивката на Лајонес од тоа што ти ќе ја покажеш нивната картичка...
Затоа реков ми треба некој да ми објасни онака Лајонес левел фор дамис. Нешто во стил ти плаќаш пари, Петко ги зима тие пари и пола му дава на Митре, а Митре кога ќе собере 50 евра ти дава на тебе. Баш таа тема никој не ја објаснува како што треба, се тоа некако постои ама таму некаде во вадух, абе функционира ама ти не можеш да видиш. Мижи Асан да ти баам.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ти бараат пари за членство?
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.615
Поени од реакции
21.324
Порано да, сега смениле политика па картичката ја даваат без пари. Оставаш податоци и е-маил каде да ти стигаат известувањата и веќе можеш да ги ''користиш попустите''. Ама ова е финатата. Ти одиш во некоја продавница каде што со Лајонес имаш ''попуст'' од 10 посто. Правиш цех од 1000 денари. Е арно ама ти не плаќаш нели 900 денари, него пак си плаќаш 1000. Тие 100 денари демек попуст одат на некоја си твоја наводно виртуелна сметка и кога не знам ти што таму ќе се пополнела некоја квота, е тек тогаш ти префрлаат на трансакциска одредена сума пари, на која што сепак мислам дека се плаќа 10% персоналец оти тоа ти е како еден вид на приход. Што се случува со тие сто денари, каде одат и какви се тие лавиринти и шеми кои лично не ги разбирам, кој знае.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
У еден бутик имаа залепено на врата дека примаат и вакви картички. Кога ги прашав дали знаат како можам да набавам, слегнаа со раменици.

Сајт немаат никаков, ниту пак знам каде се наоѓаат.

Сепак, бидејќи е МЛМ, никогаш не би се зачленила (органски не поднесувам такви т.н. фирми).
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Абе кој дава пари на картичка за членство уште будали ве прават, ај тоа што ве прават добро ама сами се правите таму со зачленување.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.595
Ај пошто сум повеќе информиран од вас ќе споделам информации , пред се затоа што сум бил на неколку состаноци/семинари во врска со Lyoness ...
Самата картичка како картичка не прави никакви загуби , односно ако платите со нејзе ( ја покажете додека вршите плаќање) ќе добиете попуст одреден процент во зависност од производот и тој попуст ке го добиете на вашата трансакциска сметка .

Со секоја препорака на човек тој да земе картичка , вие ке добивате по 0.5 % од сите негови купувања на вашата сметка , при што и тој човек на кого сте му ја препорачале доколку и тој препорача на некого вие и од него земате 0.5 % но само до 2 ниво , понатаму вие не добивате со секоја нова препорака. Што повеќе препораки , тоа подобро , односно повеќе профит ќе имате ...

Суштината е дека мал број продавници се веќе вклучени во овој ланец, една бензинска пумпа која мене лично не ми се исплаќа да полнам бензин таму бидејќи ми е богу иза леѓа , потоа Веро супермаркетот е вклучен за кој ако сакаш да платиш со картичката неможеш , мораш во централа на Лајонес да отидеш да купиш бонови , и потоа да добиеш попуст , бидејќи системот со картичките не им функционира.

Меѓутоа целта на овие луѓе што препорачуваат е да влезеш во нивниот како го нарекуваат они bussiness team да вложиш одреден износ ( да не навлегувам ептен во детали) и со тие пари вие можете да инвестирате на места -држави каде што нема Лајонес центри , се со цел да се прошири нивната фирма.Ако инвестирате таму , вие од секој член во државата во која сте инвестирале би добивале процент од неговите купувања .Ветуваат големи приходи , но и сумата за вложување е голема.

Да не навлегувам во детали , од моја гледна точка , јас се откажав од Лајонес , едноставно што влогот на пари е солен , и мислам дека поисплатливо би било тие пари да ги вложам во нешто друго , отколку во мулти-левел маркетинг компанија и пирамидална компанија ( иако велат дека не се ) :)

Се разбира , ако ви се нуди можност , повеќе запознајте се , па и ако ви се допадне ангажирајте се ... да не биде јас да ви креирам одбивност спрема нив.:)
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Да, картичката е бесплатна, корисникот не го кошта ништо да ја користи, меѓутоа трговецот е тој што треба да даде попуст. Од попустот многу малку добива корисникот, затоа што еден дел се дели на тие што го препорачале корисникот, а најголемиот дел го задржува лајонес. Ова е во најгруби црти, има уште доста финеси и варијанти. Затоа и има многу мала мрежа на продавници кои се вклучени во системот и воглавно се тоа бренд продавници кои одат го висока маржа, па можат да дозволат таков попуст. Како и да е, треба да се растуриш од купување, за да почне нешто да ти стига средства.
А за преваранти, не се, сериозна фирма е. Дирекцијата им е во Хипериум, до Мида моторс.
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Не е за верување....јас имам вакви картички од повеќе фирми на пример есценет ... ти викаат ваков левел таков левел, 10%, 20% виртуелни пари, ветар во магла... 2 години купував од одредени маркети каде ја плаќав истата сума на производите а тој повраток на пари нигде го немат. А пак тој шо ме зачленуваше и фирмата ми ја стави како придружница, дојде и ми налепи некој плакати на излозите и ми кажа да сум давал попуст од 8% на производите и ми вика сега спреми се многу муштерии ќе имаш:D, а до сега ниту еден не ми дошол со таква картичка:facepalm:
Еднаш ме зафркнаа и со пирамидите струмички - мамето нивно... и 2 пати платив во австриско осигурање винер штедишен некое каде сеуште ми стојат некои пари но неам врска дали можам да ги подигнам, и тоа работи на принципот со пирамидите ама јас многу не го разбирам.
Пред 1 година еден пријател од скопје ми бараше 2000 евра да ми дадел некоја картичка од овие лајна со лес, ама го откачив...му реков имам есценет, купувам од овие маркети и бензиски:D
И да ви кажам ми се здосади од овие пирамидални/ конусни или дрвовидни бизниси нит планирам повеќе да земам ни да ме замараат некој агенти со виртуелни пари... тоа ти е како сајбер секс (ебиш некоја, а сам си)
 
A

AnFem

Гостин
Јас имам таква картичка. Немам некое големо искуство со неа, а исто и јас сум скептик. Прифатив да ме зачленат затоа што познаничката која го направи тоа, тврди дека ќе добиела профит со моето зачленување. Наводно, со секое купување со картичката, ти се префрла одреден процент на неа и на крај ќе можеш да ги извадиш парите.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Мене ми нудеа картичка на есценет и ми вели човекот: Купуваш и заработуваш! Купуваш овде, а на сметката ти легнуваат пари!!
Му реков дека за понеприродно нешто не сум чула во животот, а во перверзии не сакам да учествувам...
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.539
Поени од реакции
4.066
Другарче мое има ваква картичка, не знам како иде целокупната шема, само знам дека веќе без пари почнале да ги даваат и дека ако потрошиш пари со картичката на места каде е достапен Lyoness, одреден минимален износ автоматски ти се префрла на сметка.

Пример, седевме у Тренд поголемо друштво, цехот беше околу 3600 денари, другарчево ја даде картицата и автоматски му стигна порака на мобилниот дека му е префрлен одреден износ, мислам се работеше за околу 180 / 190 денари. Е сега од место до место давале различен процент на враќање.
Плус ако имаш зачленето повеќе луге, лапаш некој минимален износ и од нив кога ќе трошат со картичката.

Лично не ме занимаат ваквите работи па затоа и се немам заинтересирано што како зашто, иначе не е фејк сигурно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom