Не е покриена измамата црно на бело!
Значи има илјадници сведоци и видеа како докази дека жртвите се доведени во заблуда!
Тоа што ние живееме во банана држава е веќе друг муабет!
Ја мислам дека е.
Ги собрале и им рекле со убави зборови и добра вербална комуникација дека постои можност да станат многу богати со многу малце пари и ги навлекле.
Дури и овој убаво им вика, не верувате, не мора да верувате, ние веќе имаме голем број на луѓе кои верувале и видете сега кај се тие. Дури и вербално им пренесува дека не ги присилува да потпишат ништо нити да вложат. Само им пренесува приказна, па они ако сакаат нека ја земат, ако не, има луѓе кои ја земале и заработуваат. Им го уфрлува "fear of missing out" моментот.
Дополнително, на потпишување им дале договор во кој им напишале.
Корисникот се обврзува да вложи 1.000 евра.
Корисникот добива право да учествува во мрежата.
Корисникот има можност да добие 10.000 евра ако се исполнат сите услови предвидени со договорот.
Услови на договорот -
1 - Вардар да освои тројна круна на Европа (ЛШ, Куп на Македонија и Лига на Македонија) во сезона 2025-2026;
2 - Пелистер да земе УЕФА Лига во сезона 2023-2024;
3 - Астон Вила да биде првак Англија во сезона 2023-2024;
4 - Сасуоло да биде првак на Италија во сезона 2023-2024, и
5 - Еспањол да биде првак на Шпанија во сезона 2023-2024.
Исплатата на 10.000 евра согласно договорот нема да се исплати ако не е исполнет еден од петте наведени услови.
Им го спеглале на ситни букви условите и им дале да потпишат. Потпишале.
Договорот бил исполнет од двете страни. Овој вложил пари, резултатите не биле такви како што се надевал тој што вложил пари, и фирмата не исплатила оти не биле сретнати условите во договорот.
Фирмата на суд си вика ние му ги приложивме сите податоци и услови да ги види и да ги прочита, и сам си кажува клиентот дека бил информиран и дека пред да го потпише одбрал копче на кое му се нуди опција во која вели -
Се запознав со условите на договорот и ги прифаќам сите. Следствено на тоа ние ги испроцесиравме парите и бевме спремни на исплата ако се исполнат сите услови кои на жалост не се исполнија. Тоа е тоа.
Луѓето што ја смислиле шемата на денот кога ја објавиле знаеле како ќе ја завршат и како ќе се заштитат од се што ќе ги нападне. Тие пред да го почнат ова и самите вложиле пари во инфраструктура, во градење на така добар правен документ спремен од правници кои практикуваат право во цел свет и се спремни на секој удар.
Види ја групава -
https://www.facebook.com/groups/441500617565748
Види од колку држави има луѓе што накапале на ова.
Ова не е шема што ја смислил некој лани преклани и сега ќе падне и ќе се вратат вложените пари.
Ова е измама стара колку што е старо човештвото и ќе трае додека постои. Секогаш ќе ги има луѓето што сакаат лесно да заработат од една страна секогаш ќе ги има измамниците од друга страна што ги чекаат. Дали ќе се вика Конти, дали Лајноес сеедно, принципот на работа е тој и функционира секаде. Секоја играчка почнува со мал влог, мал turnout назад, па поголем влог, малце поголем turnout и крај кога ќе загризаат доволен број на луѓе со поголеми „пакети“ основачот ја гаси играчката.
Пак ќе речам жално за луѓето, овие кај Златев ми стојат и за пристојни и добри луѓе, а и сигурно повеќето што вложиле се, наседнале на приказната се изгореле. Битка со ветерници е целата работа, навивам да добијат во најмала рака казна за измамниците како некоја сатисфакција или целосно да победат ама мене ми се чини како невозможно, пред се затоа што овие се луѓе што оперираат со оваа измама многу години на глобално ниво а ние сме и банана држава.