Lyoness

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување
Го изгледав видеово. Има еден дел, жената вика, чекај Златев, ми пишуваат на Вибер луѓе кои тужеле и дека изгубиле на суд, сега мора да платат и судски трошоци.
Нормално дека ќе платат. Не гледале што потпишуваат, се убедувале дека ако стават 100 евра ќе извадат 200, ако стават 3000, ако стават 10.000 ќе извадат 40.000. Си кажаа убаво во подкастов, дојде јанко/петко не знам како се вика, седна со лаптоп негов у тренд, се логирале на него и кликнале на тоа дека ги прифатат сите услови и му дале пари. Се жалат дека не биле информирани оти тоа било со ситни букви.
21 век, уште се убедуваме дека ако ти не си тој што го води орото тогаш некој те води накај што он сака....

Лежи лебу да те јадам филозофија, не треба да работиш ништо и ти капнуваат пари и истовремено од јахта ќе ставаш постови како си многу успешен менаџер па ќе си го ладиш со сите што не ставиле пари како тебе.

Уште појак момент е дека еднаш ги преебале, и после нови проекти им правеле, пак им зимале пари, ама сега не било со облаци по држави сега ќе биде со глобален облак, и овие пак потпишувале.... Па после Елитен клуб правеле, па Market place, па на берза ќе испаѓале. . . .

Мора и капа да им се симне на измамнициве, уште ја фураат таа приказна кај луѓето во кои ги убедуваат до точка кај што ако не вложиш се чувствуваш дека пропушташ сериозна шанса да станеш богат, дека не си инфомиран добро како функционира светот, дека сите сега прават така и ти си заостанат, "Fear of missing out" им прават до максимум.
Класика фората, знам дека ви звучи како премногу добро дека е реално, некои луѓе ни се смеат, ама знаете како е, прво ве исмеваат, после ве напаѓаат на крај ви се приклучуваат. Само вие сега го препознавате овој момент да вложите, вложувате, ги трпите исмевањата и нападите е после е обратно, па они доаѓаат кај вас и викаат еј многу добро било ова, жалам што не се приклучив порано и јас, сега ќе бев како тебе успешен и јас ќе имав Јахта и стан во Монако.

Колку ми е црн хумор целава ситуација, факт е дека се измамени и жал ми е за луѓево, пред се оти се гледа дека се нормални луѓе. На жалост измамата си има црно на бело покритие во кое што им пишале што се се случува и дека фрлаат пари во ветер па џабе ќе им биде се, посебно во оваа држава.
Се надевам дека пред некој друг да вложува во било каков бизнис со ликови што нудат промоции на „вложи сега 2-3000 евра и ќе бидеш милионер за 5 години“ добро ќе се информираат дека "there is no such thing as free dinner". И Свињата ја ранат 6 месеца за џабе ама на крај ја колат.
Не е покриена измамата црно на бело!

Значи има илјадници сведоци и видеа како докази дека жртвите се доведени во заблуда!

Тоа што ние живееме во банана држава е веќе друг муабет!
 
Не знам од каде воопшто ви се тие муабети дека сиромаштијата наседнувала на вакви измами, на оваа група како што може да се види и од самите кои сведочат а се "жртви" исклучиво на мета се луѓе кои се средна класа и се подобро ситуирани од просекот во државата, сиромаштија ниту била на мета ниту можела да влезе длабоко во нивните шеми.
 
Не знам од каде воопшто ви се тие муабети дека сиромаштијата наседнувала на вакви измами, на оваа група како што може да се види и од самите кои сведочат а се "жртви" исклучиво на мета се луѓе кои се средна класа и се подобро ситуирани од просекот во државата, сиромаштија ниту била на мета ниту можела да влезе длабоко во нивните шеми.
Siromasi ne mozhele i da sakale da nasednat. Ednostavno nemaat pari.
Nasednuvaat glupite so dva grama mozok
 
Не е покриена измамата црно на бело!

Значи има илјадници сведоци и видеа како докази дека жртвите се доведени во заблуда!

Тоа што ние живееме во банана држава е веќе друг муабет!
Ја мислам дека е.

Ги собрале и им рекле со убави зборови и добра вербална комуникација дека постои можност да станат многу богати со многу малце пари и ги навлекле.
Дури и овој убаво им вика, не верувате, не мора да верувате, ние веќе имаме голем број на луѓе кои верувале и видете сега кај се тие. Дури и вербално им пренесува дека не ги присилува да потпишат ништо нити да вложат. Само им пренесува приказна, па они ако сакаат нека ја земат, ако не, има луѓе кои ја земале и заработуваат. Им го уфрлува "fear of missing out" моментот.

Дополнително, на потпишување им дале договор во кој им напишале.

Корисникот се обврзува да вложи 1.000 евра.
Корисникот добива право да учествува во мрежата.
Корисникот има можност да добие 10.000 евра ако се исполнат сите услови предвидени со договорот.
Услови на договорот -

1 - Вардар да освои тројна круна на Европа (ЛШ, Куп на Македонија и Лига на Македонија) во сезона 2025-2026;
2 - Пелистер да земе УЕФА Лига во сезона 2023-2024;
3 - Астон Вила да биде првак Англија во сезона 2023-2024;
4 - Сасуоло да биде првак на Италија во сезона 2023-2024, и
5 - Еспањол да биде првак на Шпанија во сезона 2023-2024.

Исплатата на 10.000 евра согласно договорот нема да се исплати ако не е исполнет еден од петте наведени услови.

Им го спеглале на ситни букви условите и им дале да потпишат. Потпишале.
Договорот бил исполнет од двете страни. Овој вложил пари, резултатите не биле такви како што се надевал тој што вложил пари, и фирмата не исплатила оти не биле сретнати условите во договорот.
Фирмата на суд си вика ние му ги приложивме сите податоци и услови да ги види и да ги прочита, и сам си кажува клиентот дека бил информиран и дека пред да го потпише одбрал копче на кое му се нуди опција во која вели - Се запознав со условите на договорот и ги прифаќам сите. Следствено на тоа ние ги испроцесиравме парите и бевме спремни на исплата ако се исполнат сите услови кои на жалост не се исполнија. Тоа е тоа.


Луѓето што ја смислиле шемата на денот кога ја објавиле знаеле како ќе ја завршат и како ќе се заштитат од се што ќе ги нападне. Тие пред да го почнат ова и самите вложиле пари во инфраструктура, во градење на така добар правен документ спремен од правници кои практикуваат право во цел свет и се спремни на секој удар.

Види ја групава - https://www.facebook.com/groups/441500617565748
Види од колку држави има луѓе што накапале на ова.
Ова не е шема што ја смислил некој лани преклани и сега ќе падне и ќе се вратат вложените пари.
Ова е измама стара колку што е старо човештвото и ќе трае додека постои. Секогаш ќе ги има луѓето што сакаат лесно да заработат од една страна секогаш ќе ги има измамниците од друга страна што ги чекаат. Дали ќе се вика Конти, дали Лајноес сеедно, принципот на работа е тој и функционира секаде. Секоја играчка почнува со мал влог, мал turnout назад, па поголем влог, малце поголем turnout и крај кога ќе загризаат доволен број на луѓе со поголеми „пакети“ основачот ја гаси играчката.

Пак ќе речам жално за луѓето, овие кај Златев ми стојат и за пристојни и добри луѓе, а и сигурно повеќето што вложиле се, наседнале на приказната се изгореле. Битка со ветерници е целата работа, навивам да добијат во најмала рака казна за измамниците како некоја сатисфакција или целосно да победат ама мене ми се чини како невозможно, пред се затоа што овие се луѓе што оперираат со оваа измама многу години на глобално ниво а ние сме и банана држава.
 
Еве пак ќе ти кажам дека НЕ Е!

Еден семинар или видео каде овој лаже е доволно да буде приложено пред суд, плус сведоци, плус малите букви дека луѓето се манипулирани, недоволно објаснети и со тоа свесно доведени во заблуда.

Знажи ова не е единичен пример каде еден е доведен во заблуда, туку се работи за илјадници а едноставно овие криминалци треба са докажат на суд дека своите "жртви" многу добро им ги објасниле ризиците и свесно се втурнале во ваква авантура.

Не знам што не е јасно? Се е просто ко грав!

Друг момент е да објасни овој со јахтите, на што се потрошени парите доколку договорот не успее.
20+ години функционира фирмата/шемата. Ако е толку просто како грав, зошто никој досега не приложил такво видео и никој досега не заминал во затвор? Истото што го збори Витанов, 20+ години го збореле и други како него во цел свет, вклучувајќи го и австрискиот газда. Зошто уште е на слобода австриецот што го смислил ова и ја основал фирмата?
 
20+ години функционира фирмата/шемата. Ако е толку просто како грав, зошто никој досега не приложил такво видео и никој досега не заминал во затвор? Истото што го збори Витанов, 20+ години го збореле и други како него во цел свет, вклучувајќи го и австрискиот газда. Зошто уште е на слобода австриецот што го смислил ова и ја основал фирмата?
Ако им дале договор каде сето ова го пишува дека може да пропадне и не го раскинале договорот во предвидениот рок, тогаш сами си се криви. Јбг

Тогаш договорот мора да е добро склопен, а се прашувам овие што ги давале парите за тие облаци, што читале?
 
Ја пари би им дал на ликови ко Витанов за ситни пари да ги откријат сите тие куртони ко тој некој си Томе што сакаат со 1000 еура да станат миљонери со прчење кур.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Ако им дале договор каде сето ова го пишува дека може да пропадне и не го раскинале договорот во предвидениот рок, тогаш сами си се криви. Јбг

Тогаш договорот мора да е добро склопен, а се прашувам овие што ги давале парите за тие облаци, што читале?
Не само договор што не читале, туку ни начин на работа и заработка. Јас се кладам дека 95% од тие што "вложиле", врска немаат кои услови треба да ги исполнат за да заработат пари. Си вложиле и си седеле на газот, мислејќи дека преку ноќ ќе им се дуплираат парите.

Гледај ја таа емисијата погоре на Канал 77 со тој дебилот Столе Наумов (ќе речеш искусен новинар, два грама мозок нема, ни почекува да му се одговори, ни па разбира нешто, ко @Пророкот да води емисија). Негов братучед (шофер) вложил 20,000 евра и наместо да ја користи cashback картичката со која ќе добивал дупли попуст на бензиска при полнење гориво (а трошел околу 50,000 евра годишно за гориво), тој 9 години со прст не мрднал, и после двајцата се чудат кај му се парите.

Од медиумски тотално неписмен народ кој се "информира" од скриншоти и наслови, без воопшто да уклучи мозок, народ кој во коментари пишува "го сакам КАМ во поштенско сандаче" и сака преку ноќ да се збогати со прчење кур, воопшто не ме чуди ништо од ова со Лајонес.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom