Lyoness

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување
 
Зошто никој не го спомнува Антонио Леитнер, којшто со време замина за Хрватска. Тој беше многу поголема глава од Зоран Витанов во бизнисов.
 
Добра емисија, интересни сведоштва од помлади луѓе кои повеќе ги разбираат работите околу Лајонес, во споредба со претходната во која гостуваше постар гостин со површно познавање на тематиката.

 
Видеово е 12 години старо. Не ги разбирам овие што уплатувале до сега.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Видеово е 12 години старо. Не ги разбирам овие што уплатувале до сега.
Aber druzhe shto ne razbirash. Pred se zhalno e shto temava ima 50 Strani koi ne gi ni procitav ni prelistav.
Toa e taka zaradi makedonskiot sindrom "Gladna Kokoshka proso sonuva!"
 
Сам си игра на јахта. За греота. Тури и пепел на јахта без Северина или некоја на неа слична.
И јас би играл сам на јахта да бев некој во фирма како Лајконет :icon_lol:

Сепак не игра сам прашање е кој е зад камера со него.
 
И јас би играл сам на јахта да бев некој во фирма како Лајконет :icon_lol:

Сепак не игра сам прашање е кој е зад камера со него.
Келнерот на кој му ветил cashback од 0,5% и премиум попуст од некој облак или ветер или магла од вселенскиот пазар пошто не исклучено и таму да се шират. Не читаше на интернет дека ќе се продаваат парцели на Марс?
 
Добра емисија, интересни сведоштва од помлади луѓе кои повеќе ги разбираат работите околу Лајонес, во споредба со претходната во која гостуваше постар гостин со површно познавање на тематиката.

Го изгледав видеово. Има еден дел, жената вика, чекај Златев, ми пишуваат на Вибер луѓе кои тужеле и дека изгубиле на суд, сега мора да платат и судски трошоци.
Нормално дека ќе платат. Не гледале што потпишуваат, се убедувале дека ако стават 100 евра ќе извадат 200, ако стават 3000, ако стават 10.000 ќе извадат 40.000. Си кажаа убаво во подкастов, дојде јанко/петко не знам како се вика, седна со лаптоп негов у тренд, се логирале на него и кликнале на тоа дека ги прифатат сите услови и му дале пари. Се жалат дека не биле информирани оти тоа било со ситни букви.
21 век, уште се убедуваме дека ако ти не си тој што го води орото тогаш некој те води накај што он сака....

Лежи лебу да те јадам филозофија, не треба да работиш ништо и ти капнуваат пари и истовремено од јахта ќе ставаш постови како си многу успешен менаџер па ќе си го ладиш со сите што не ставиле пари како тебе.

Уште појак момент е дека еднаш ги преебале, и после нови проекти им правеле, пак им зимале пари само не била следна Тејлор Свифт за ебавање, Селена Гомез ќе ја ебавале, ама сега не било со облаци по држави сега ќе биде со глобален облак, и овие пак потпишувале.... Па после Елитен клуб правеле, па Market place, па на берза ќе испаѓале. . . .

Мора и капа да им се симне на измамнициве, уште ја фураат таа приказна кај луѓето во кои ги убедуваат до точка кај што ако не вложиш се чувствуваш дека пропушташ сериозна шанса да станеш богат, дека не си инфомиран добро како функционира светот, дека сите сега прават така и ти си заостанат, "Fear of missing out" им прават до максимум.
Класика фората, знам дека ви звучи како премногу добро дека е реално, некои луѓе ни се смеат, ама знаете како е, прво ве исмеваат, после ве напаѓаат на крај ви се приклучуваат. Само вие сега го препознавате овој момент да вложите, вложувате, ги трпите исмевањата и нападите е после е обратно, па они доаѓаат кај вас и викаат еј многу добро било ова, жалам што не се приклучив порано и јас, сега ќе бев како тебе успешен и јас ќе имав Јахта и стан во Монако.

Колку ми е црн хумор целава ситуација, факт е дека се измамени и жал ми е за луѓево, пред се оти се гледа дека се нормални луѓе. На жалост измамата си има црно на бело покритие во кое што им пишале што се се случува и дека фрлаат пари во ветер па џабе ќе им биде се, посебно во оваа држава.
Се надевам дека пред некој друг да вложува во било каков бизнис со ликови што нудат промоции на „вложи сега 2-3000 евра и ќе бидеш милионер за 5 години“ добро ќе се информираат дека "there is no such thing as free dinner". И Свињата ја ранат 6 месеца за џабе ама на крај ја колат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom