Lyoness

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување
Истото е, без разлика дали е лајонес, дали продаваш маргарин или слама.
Се додека треба внесеш луѓе и на нивна сметка да правиш пари, не е битно како е спакувано.
Единствено што е различно е променливоста на коефициентот на полнење. Така некои шеми се помалку или повеќе нелегални и издржуваат помалку или повеќе време. На крај се сведува на едно исто.

Не разбирам, што е лошото да правиш пари на сметка на некој друг? Како ќе заработи некој инаку? Во една продавница за часовници, вработените работат за плата и процент ако продадат часовник лично они на некој да го понудат, не во продавницата. Што има лошо тоа на саат од 100 евра, вработениот да заработи 5 евра плус? од продажбата?
 
Лошо е тоа што овој случај нема врска со мулти левел маркетинг :)
 
Зборев за заработката на сметка на некој друг, не дали е МЛМ или не :)

Викаш дека е лошо што треба да заработиш на сметка на некој друг, те прашувам што е лошо :)
 
Чек чек, тука правиме муабет за лајонес, млм и пирамидални шеми. Во сите такви облици мора да вметнеш човек и во зависност од неговите активности да заработуваш.

Лошо е што ја поистоветува заработката на агентот за продажба кој што би заработил повеќе само од неговата лична активност. Доколку продаде повеќе производи има поголем процент, но тој не заработува од другите луѓе. Ајде и да не е агент за продажба туку да е обичен продавач тоа е работа на процент. Исто како во конфекциите што имаат договори доколку исполнат норма да добијат повеќе пари.
Автоматски споено мислење:

Не е МЛМ за секој, нема ништо лошо во тоа на кој принцип работи.

На крајот на денот ти го започна муабетот дека немало ништо лошо во Млм, а сега даваш примери кои немаат врска со тоа.
 
Не се разбираме и тоа е. Ти си убеден дека не функционира и тоа е тоа. Тоа со саатите, исто заработува вработениот, како и газдата на локалот од личната активност на самиот вработен. Ама газдата може да се богати на твој грб, другар ти не

Нема потреба да ја продолжуваме дискусијата, на крај краева секој одлучува што ќе работи и за која плата. Мене ме нервира само фактот што сите демек разбираат математика и сите знаат дека не се исплати. А никој не ги знае детално плановите на секоја таква компанија.
Лајонес може не, ама другите да :)

Кој како си е убеден од порано, така си мисли и понатака. :)

Јас сметам дека со правилна работа, има МЛМ компании што се исплатливи. Тој став е на факти и математики, а не на рекла казала од чичко му што на времето сакал со 1000 евра да направи 5000, а на крај у була
 
Искрено ти посакувам успех во МЛМ шемите. Па и да кажеш некоја што работи и ние да се офајдиме.
 
Не мора, ако има повеќе луѓе би имало помалце пари зa мене ако почнувам хахаха :D
 
Не се разбираме и тоа е. Ти си убеден дека не функционира и тоа е тоа. Тоа со саатите, исто заработува вработениот, како и газдата на локалот од личната активност на самиот вработен. Ама газдата може да се богати на твој грб, другар ти не

Нема потреба да ја продолжуваме дискусијата, на крај краева секој одлучува што ќе работи и за која плата. Мене ме нервира само фактот што сите демек разбираат математика и сите знаат дека не се исплати. А никој не ги знае детално плановите на секоја таква компанија.
Лајонес може не, ама другите да :)

Кој како си е убеден од порано, така си мисли и понатака. :)

Јас сметам дека со правилна работа, има МЛМ компании што се исплатливи. Тој став е на факти и математики, а не на рекла казала од чичко му што на времето сакал со 1000 евра да направи 5000, а на крај у була
Дај образложи кои се тие компании, се надевам дека ако кажеш нема да мора да не убиеш :D
Автоматски споено мислење:

Како изгледаат влажните соништа на месијата Витанов :)

Прегледај го приврзокот 250874
Се сеќавам пред 6 години кога прв пат дојдов во контакт со Лајонес и кога другар ме однесе на тие предавањата, стоиме на паркинг и го чекаме да дојде Витанов (и знаеш очекуваш да дојде со некое чудовиште џип или мерџо од 50-100к бидејќи е чорбаџија), ликов доаѓа со едно пежо од 3-4 000 евра :D

Инаку има луѓе што прават пари од ова (баш тој другар што прв пат ме внесе во ова живее само од ова и вака изгледа дека прави доста кеш барем гледам се расфрла на сите страни. Инаку е роден преварант и кога ќе се закачи за нешто го студира до крај и пробува да се пикне во тие кругови каде што се парите по секоја цена (тука преку некој вади инсајдерски информации лапна прилично пари кога се отвораа нови држави во Лајонесот особено со Русија и знам купуваше и готови акаунти од други луѓе пред да се отвори тоа за да му закачи единици во таа структурата и да мрдне левел), али има и доста кеш за работа од претходно и човекот во се што излезе како ваква шема пукна голема сума од старт. Во Каирос планет пример изваде сигурно преку 10 000 евра оти беше еден од првите што купија акаунти во мкд и тоа од тие најголемите 5 комада одеднаш и кога почнаа да горат луѓето овој веќе се имаше дуплирано, се заебаваше со крипто (неколку ригови имаше спремни за етереум и биткоин уште пред луѓево да почнат да ги празнат продавниците за графички, знам тргуваше и со нив на берза) али на крај кога ќе се сумираат работите доаѓа како да почнувате бизнис: мора да инвестирате и мора да се замарате 24/7 со сите промени што се случуваат оти ќе ве изеде мечката, заебете вие пасивен приход од ваква работа, има низ нос да ви излезе трчањето додека да ги видите парите и поарно ако си имате идеја и скилови инвестирајте во нешто врз кое имате колку толку контрола.
 
Последно уредено:
Потрошив 2-3 месеци да го простудирам до детал Лајконет...
Можам да кажам дека идеата за системот е генијална но дека девастацијата на системот доаѓа од луѓето што фактички го продаваат, пошо нели е МЛМ бизнис... како млади мајмуни се изнаскокале по облаци за кои никој не им кажал дека исплатата на самите облаци е во вид на шопинг поени, а шопинг поените ти носат кариерно ниво и придобивки од кареирното ниво што си го постигнал...

Од друга страна, сите ја заборавиле основата на тој бизнис, тоа е балансната, бинарна, програма а тоа е основата за пасивен приход каде што не мора да врбуваш луѓе и „заебеш“ некој за да заработиш, напротив си поставуваш своја единица во одредена држава и секогаш кога се прави шопинг во дадената држава твојата бинарна единица се пополнува...

Јас го ставив Лајконет во моето портфолио на инвестиции и сигурен сум дека нема да зажалам, а нема ниту да инвестирам во облаци :)

Ако некој сака помош, како да не остане „заебан“ поради тоа што некој му продал МАЛКУ но КЛУЧНО не вистинита приказна (дека облаците носат пари), слободно нека се обрати ќе се потрудам со знаењето што го имам да му дадам совет како да дојде до бенефит од она што, тој го смета, за изгубено, а не е :)
 
Ау сине ти се бодеш.

Генијален систем бе :pos: :pos: :pos:
 
Ау сине ти се бодеш.

Генијален систем бе :pos: :pos: :pos:
А да прочиташе уште еднаш што напишав... идеата за системот е генијална, системот со сигурност има фалинки, нас најголема мака ни е што не читаме, или читаме и толкуваме како што сакаме, а еве ти си пример :)
 
Сеедно. Нема ништо генијално во Лајонес.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom