Пред 3 и кусуро години кога ти уште си се праел пишман за лајонес јас купив на старт 50 картици, 30тина дадов на директни членови, а останатите им ги дадов нив како промоција да даваат на „убави луѓе“ што трошат и имаат повеќе пари, па потоа и инвестирав 150 евра кои требаше да ми донесат кешбек единици и тие сеуште чекаат убав сончев ден за да исполнат кешбек единици и мене да ми искешираат 400 евра. Арно ама тие „убавите луѓе“ со многу пари не се замараат дали ќе им се вратат 200 денари на крај на месец, ниту пак зависат кога заработуваат одлични суми секој месец.
Лично се немам вратено на тие семинарите и предавањата скоро 2 години и не планирам, ако ми се вратат парите ќе бидам задоволен и среќен.
Од директниот кешбек тие 1% од прво колено и 0.5% од второ колено не ми доаѓаат ни 200 денари месечно, посебно кога требаше да купам купон за во Веро ни самиот не ја удирав картицата и не одев од Визус да го купам купонот, па да се вратам во Веро.
Приказната со купоните за Лајонес е одлична, а за потрошувачите е pain in the ass.
Прашањето е „Зошто би му кажал да земе“ картица?
Преголемо замарање за мали пари, кога ќе седнеш на маса ја труеш околината со приказните за лајонес, кога си легнуваш правиш комбинации и планови како да заработиш најмногу и најбрзо....мое мислење е дека не вреди да се потроши ни секунда на тоа.