Луто!

  • Креатор на темата Креатор на темата Apash
  • Време на започнување Време на започнување

Луто?!

  • Обожавам луто!

    Гласови: 203 73,0%
  • Мразам луто!

    Гласови: 75 27,0%

  • Вкупно гласачи
    278
Не седнувам на маса без луто. Ми е слушува во ито време да јадам повеќе врсти на луто: пиперка сува печена,феферонче,буковска,кромид,пиперка печена во макало со лук (Свирипиле). Да му се изнамакаш :smir:
 
Феферончиња малечки.. Колку повеќе лути, толку повеќе ми се јаде.
 
Обожавам луто, ми отвара апетит.:toe:
 
порено неможев да поднесам.. у последно време фиферонка мх мх мх... апетит 102,3%!
 
Баш сега лапнав едно 5 - 6 феферонки. Абе мерак и пол е, прсти да излижеш...

п.с. - ем отвараат апетит (не оти јас немам де), ем со ракииче (едно чоканче) се во добитна комбинација.
 
Често јадам луто. Дали се тоа феферончиња, младо кромидче или најобично луто пиперче не ми е гајле. Важно ми е луто, вкусно и ми го разубавува ручекот.
 
Премногу јадам љуто....од секакви чили сосови на секаква храна па феферони скоро со секој оброк па црн бибер во секоја супа....едноставно неможам без љуто..
 
Јадам луто и сите канцерогени клетки умираат во дигестивниот тракт исто и паразититте ако ги има едвај чекаат да излезат од излезот на тунелот затоа што оган и пламен е и болка голема :icon_lol:.
 
Јас за јадење луто, ќе јадам, ама потоа во желудникот чувствувам силно печење, може дека имав колитис пред 2 години, кој настана од пиење антибиотици поради забоболка, а поради забоболката не јадев, значи јаки лекарства на гладно ми го направија овој проблем. Пред тоа јадев луто, и тоа прилично и сега кога ќе отидам со другарите на пастрмајлија, јадам и феферонки, ама потоа јас си знам :D
 
Луто јадам ама да е ептен отров :pos: Пикантно луто не препознавам, па затоа често знам да ги зезнам оние шо не поднесуваат луто :( Сум изгубила осет изглеа за пикантно луто. Ко ќе почнам да се препотувам од пиперче или зачин е тоа е веќе она правото :vozbud:
 
Dobro de kako mozete da jadete tolku ljuto , pa vkusot na drugata hrana ne ja ni osekate koga ke vi go izgori jazikot :sneaky:
 
Луто јадам ама да е ептен отров :pos: Пикантно луто не препознавам, па затоа често знам да ги зезнам оние шо не поднесуваат луто :( Сум изгубила осет изглеа за пикантно луто. Ко ќе почнам да се препотувам од пиперче или зачин е тоа е веќе она правото :vozbud:
Истото,и јас не препознавам пикантно луто!
Коа моите прават ајвар,освен 3 тури благ мора да има една тура од 15 тегли и МНООООООООООООООООООГУУУ лут,и тоа мајка ми го прави со 20 килограми пиперки за ајвар и 10 килограми лути жар пиперки и 1 килограм чили пиперчиња!
Освен јас,никој не го јаде! Од лани ми остана уште една тегла мала,барем сеа се потсетив да си ја отворам... :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom