Јас па никако да ги научам имињата на врталата на кои сум се качила.
Но добро, еве со слики да ви ги кажам тие што не ги знам со име, освен Куќата на стравот. Мало искуство беше тоа, во еден мал луна парк во Салзбург, но иако мала куќа се откорнав од вриштење!
Другите нешта се овие ...
Е, на ова кога ме качи друштвото со кое бевме на одмор во Бугарија пред некоја година, мислам дека срце ќе ми излезеше. И добро, може немаше да е толку страшно, ако не застанеше чудово да врти токму тогаш кога ние бевме најгоре! Почнав да мислам дека нешто се расипало, дека нема како да слезиме и слични хорор сцени. Толку многу имам врискано, што незнам како не ги оглувев или умрев од смеење луѓето со мене. Во секој случај, никогаш пак!
Другото вртало, на кое ме качиња едни Кајганџии беше исто толку страшно и поради опклада морам пак да му се плашам! Не е толку високо, но е побрзо и пострашно дека оди и напред и назад, мамата!
Еве го баш тоа ...
Како најстрашно нешто на кое се имам возено, морам да ја прогласам Балерината. Значи нешто слично на претходново, само ептен позаебано ... знаете де. И на неа никогаш пак нема да се качам, ни за опклада ни за пари, ни за ништо!:nesum:
Иначе со раат си се возам на количињата и би можела на тие детските коњчиња и слични нестрашни работи. Не би ни помислила да се качам на бродовите, на тие врталата на конци што висат, на бесните возови и слични престрашни работи за мене. Немам потреба од такви предизвици и имам навистина параноични стравови од истите.
Баш би сакала да не се плашев и да лудував нон стоп по луна паркови, но тоа е ...:jaj: