Сеуште ја гледам серијава и моментално ја завршив 2ра сезона ама стварно ме импресионира и морам да пишам збор-два за овај hidden gem.
Не сум запознаен со ликов кој е и какви му се другите серии/шоуа ама серијава е ДРАМИШТЕ! Има страшни драма елементи и сцени како и во најозбилните серии и мислам дека многу подобро би поминала како драма него комедија.Изобилува со страшно добар брутален,реален и црн хумор ама повеќе ме прими ради драмата и колку само без пардон и директно во сржта му е прикажан шивотов.
Не ми е јасно само дали stand up сцените му се прикажани исто како и во реален живот или се направени само ради серијава? Серијава е фактички базирана на случки од реалниот живот нели? Искрено смешен е да ама не ми беа нешто нај нај смешни тие сцени, некако премногу вулгарно и обично ми делуваше цел тој негов хумор на настапите, повеќе се смеев на дешавките и неговиве интеракции од реалниов живот.
Имаше доста сцени што ми останаа во сеќавање ама морам да ја издвојам оваа. затоа што заедно со сцената од ББ со вечерата ова ми е дефинитивно нај awkward,cringe нешто досега што сум изгледал. Каква само тензија и туѓ срам се осеќа низ целава сцена
Штета што го изоставиле делот што следи ама ќе ви текне на сите што сте ја гледале.