LOST

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допадна крајот на серијата?


  • Вкупно гласачи
    293
:eek: Ја не го приметив, ама разбрав дека му cutнале неговиот дел.
Џек бил планиран за поинаква улога, односно, бил дел од другиот крај кој за жал не бил дел од финалниот проект., далеку подобар од оној кој на крај го скоцкаа.
 
Дај линк да прочитам за тоа?
Се гледа дека улогата му е скратена невозможно е да се појави за толку, секој статист можеше да го одработи она..
 
Да пријавам дека ја изгледав серијава, побавно отколку што очекував. :) Ја исчитав темава тековно, по гледање епизода и мижејќи за да не налетам на спојлери од наредната, за среќа успешно одеше тоа, но и онака не беа битни спојлерите според она што се случи на крај. Прилично интересни теории имаше тука, но и се изнасмеав на голем број постови, интересно е кога се чита отпосле, посебно затоа што речиси секогаш каснам со серии, ко да ве читав во паралелен универзум. :P

Инаку, гласав за втората опција, серијава отвори толку многу прашања кои беше невозможно да се одговорат на крај во само една епизода, но и многу работи во животот не ни се одговорени па сепак го живееме и сè уште трагаме по нив. Мислам дека првично имале сосема друга идеја, но можеби единствено ваквиот крај можеше да ги извади од сето она во кое се заплеткаа, а сепак да биде универзално и да не биде клише. Веројатно и јас би се изнервирала ако 6 години чекав за одговори кои на крај нема да ги добијам, но ваквото инстант гледање донекаде и ми ги исполни очекувањата.

Оние екстра епизодите вреди да се гледаат? :)
 
Од 2008/09 избегнував да ја читам темава за да не ми го расипе некој крајот. Кога почнаа да ја даваат серијава на А1? 2004 или 2005? Што значи потрошив скоро една деценија гледајќи ја серијава топло-ладно до пред еден месец кога се решив да почнам отпочеток, и само што го изгледав крајот. Не знам што да мислам искрено, од една страна изгледа како да не одговорија еден куп прашања, но од друга страна знам дека и такво им беше шоуто направено, да не биде клише туку да им остават простор на гледачите сами да си состават свои теории. Се чувствувам малку празно ама мислам дека сепак имаше солиден крај. Сега одам да ја прочитам темава што имам пропуштено и да ги изгледам екстра епизодите :)
 
Страв ми е да почнам да гледам нова серија после разочарувањето од Lost.
 
Дај бе не пишувајте тука ве молам! Ме боли коа ќе ми текне дека LOST заврши за век и векова :(
 
Мижејќи читаше? Џејкоб, ти си? :)

Читаш од една епизода, па кога ќе налеташ на пост од наредна го прескокнуваш што не е јасно? :)

Во слободно време иначе сум Хуго, зборам со мртви, сигурен си дека си жив? :icon_lol:
 
Kaј си ти друже, после Фринџ се испоизагуби. Следиш нешто слично?


Еј, еве бе. :)

Џеј Џеј не го оставам, Person of interest чекам да се испуцаат есенва, такоџе и Homeland, The Americans ги почнав, Брејкинг бед ги чекам последниве епизоди и тоа.

Кај тебе што има? :)
 
Еј, еве бе. :)

Џеј Џеј не го оставам, Person of interest чекам да се испуцаат есенва, такоџе и Homeland, The Americans ги почнав, Брејкинг бед ги чекам последниве епизоди и тоа.

Кај тебе што има? :)
Што има... ништо нема, го удри нешто во глава, или е паднат по скали, почна да гледа тешки џоа-уметнички срања, да хејта блокбастери... се претвори во анти-wot разбираш.
 
Што има... ништо нема, го удри нешто во глава, или е паднат по скали, почна да гледа тешки џоа-уметнички срања, да хејта блокбастери... се претвори во анти-wot разбираш.


Немој да ми кажеш дека и Џеј Џеј го баталил и дека алтернативните светови му се ептен мејнстрим? :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom