LOST

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допадна крајот на серијата?


  • Вкупно гласачи
    293
Како бе почивај во мир?

LOST сеуште постои. Некаде во паралелен универзум, во друго време, постои....

А уствари некаде во паралелен универзум тенеќе им објаснува на сите како они цело време биле живи.
--- надополнето: 8 февруари 2013 во 18:16 ---
 
Како бе почивај во мир?

LOST сеуште постои. Некаде во паралелен универзум, во друго време, постои....

А уствари некаде во паралелен универзум тенеќе им објаснува на сите како они цело време биле живи.
Lost засекогаш ќе живее во нашите срца.

Вака е подобро, а? :)

Инаку, почнав да го гледам скриеното цеде и ме мавна некое убаво чувство. Бааѓи материјал има, па кога ќе завршам ќе пишам што вреди да се гледа, а што не. Единствено знам дека ќе ги прескокнам интервјуата со Линделоф и оној стариот (му го знам името, ама не сакам да го именувам).
 
Иначе некој од темава да не си има земено некаков ЛОСТ merchandise?
 
Случајно додека пребарував нешто на подфорумов си најдов мислење од пред 4-5 години, во кое сум пишал нешто како: LOST e супер серија ама од оние што ги гледаш само еднаш, откако ќе го разбереш крајот...

Од тогаш ја имам гледано 3-4 пати.
 
Вчера цел ден си гледав LOST прва сезона и дополнителните материјали кои ги немав гледано претходно. Повеќето беа глупи, демек зафрканции со Дејмон и оној другиот, Мапет Шоу и слични непотребни работи. Имаше и некои одлични документарци, како на пример Planet Lost каде даваа фанатици од цел свет кои зборуваа колку им значи серијата (можеле некако да ја вметнат и темава од форумов, ама ај). Исто ме погоди и бонусот наречен Swan Song, во кој е прикажано како е создадена музиката за последната епизода. Ех, времиња, кога ќе ми текне со какво нетрпение го очекував финалето. И го дочекав, за на крај да влетам во светлината сосе Кристијан Шепард.

Најголем впечаток ми остави следниот документарец, кој според мене е must-see.

 
Баш деновиве се мислам да почнам да ги гледам пак од пилот епизодата,тоа би значело по трет пат...
 
Сега кога Јонзе не е тука да си признаеме кој каде цмиздрел:


Еден од најдобрите завршетоци на епизода, like ever!
Нема серија која е барем приближно до првата сезона на LOST. Посебно за емотивци ко мене.
 
За последната епизода имам измешани мислења и кога некој ќе ме праша дали ми се допаднала не знам што да кажам. Затоа и гласав за втората опција на темава. Финтата е што, од една страна, многу работи беа глупи, несмасни и необјаснети. Тапата, лепењето на авионот со селотејп, Лапидус, финтата со афтерлајфот и светлината. Но, НО, од друга страна пак, премногу емотивна беше епизодата и тоа ја направи одлична. Деловите кога ликовите се „сетија“ во флеш-сајдвејзот беа нелогични, ама ептен ме погодија. А крајот со Џек, Винсент, патиката на дрвото, окото, беше одлично изведен и една од најдобрите и најдобро смислените сцени од цела серија. Full circle. Тоа беше моментот кога почнав да цмиздрам и потоа ми требаше некое време да си дојдам во себе. Може звучи глупо вака од страна, ама тоа ти е.

Првата сезона беше нешто спектакуларно, и се` уште е. Можам да ја гледам милион пати и никогаш нема да ми стане досадна.

LOST има само дата на раѓање. :D
 
Ај малце контроверзно мислење (ваљда).
Само мене ми беше тапа крајот на 3тата сезона?
Пошто гледам на форумов а и општо ептен е praise-уван тој крај како еден од најдобрите ever..
 
Ај малце контроверзно мислење (ваљда).
Само мене ми беше тапа крајот на 3тата сезона?
Пошто гледам на форумов а и општо ептен е praise-уван тој крај како еден од најдобрите ever..
А бе ептен е контроверзно ова.

Одговорот е да. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom