LOST

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допадна крајот на серијата?


  • Вкупно гласачи
    291
Тој русинот беше единствен кој живееше сам во таа куќата, без тие electromagnetic stupid fences за да се брани од Смоуки, а и не можеше да биде убиен од други, освен како што видовме сам си се уби... можно ли е и овој да беше допран од Џејкоб? Или овој беше Ричардот на Смоуки? Е затоа е лошо вака што оставија... Сеа од ништо никако правиме филмови, нешто слично на тоа дека и Хуго и Бен којзнае колку време било на островот... се знае колку биле, одма кога заврше серијава си заминаја од Хаваи.
 
Темава е многу поинтересна откако заврши серијава :)
 
За мене најдобар крај ке беше: Островот да беше вселенски брод, и Смоуки да беше вонземјанин кој мораше да го убие Џејкоб, а у случајов Џејкоб исто така некој вонземјанин кој носел луѓе од египет за да градат тоа што градеа во Островот (светилникот, статуата, тоа... чудото на крајот) дека само тие во тоа време (кога Смоуки и Џејкоб дошле тука) имале знаење за да прават такво нешто. И тоа каменот кога го тргна од таа дупката Дезмонд, тоа да беше некој вид на клуч за да му овозможи да леталото да лета :)

On top of all this, Џејкоб кај сопствената раса да е некој бранител или чувар онака познат. И тука го донесол Смоуки заради тоа што тој убил или направил нешто лошо. Многу по јако е мојава приказна.


Ајде сеа малце хејтеризам: Дали памтите кога му ја убија ќерката на Бен, тој го пуште Смоуки ...не да ги убие него само да им мава по една шлаканица да тие војниците на Видмор. Значи Бен го контролираше Смоуки? И Смоуки не успеа да ги убие? wtf?

Ова ми личи како Indiana Jones and the Kingdom of the Crystal Skull...Мислам дека ќе беше ептен глупо така да завршеше...
 
Бен никогаш не го контролираше, туку беше во илузија дека може. За да мисли дека има некоја својствена моќ, дека е нешто големо на островот. За после да слуша, соработува, во планот на mib да го убие jacob. А колку што памтам повеќето безначајни војници беа убиени освен тој главниот командир, кој им се спушти во дарма објектот кога ќе го мрдаа островот.

Абе добро сега, ти така ке го свртиш тоа, дека бил во Илузија. Ама кога и да му станеше курот на Бен можеше да го вика тоа чудото. Кими мислам дека се викаше тој главниот војник, тој преживеа, исто како и другуте после нападот на смоуки, само после тоа ако памтиш Ричард, Кејт и другите ги убија другите војници, кога го спасија Лупидус и Сојер мислам. Зборов ми е има дупки, ама ете ти сакаш поинаку да ги гледаш.

--- надополнето ---

Ова ми личи како Indiana Jones and the Kingdom of the Crystal Skull...Мислам дека ќе беше ептен глупо така да завршеше...

Го неам гледано филмот. И ич не е глупо, баш е кул, црниот Смоуки се враќа кај другите смоукчина во разни бои. :)
 
Wot не зезај, баш тие работи како Бен со Смоуки го прават апсурден начинот на кој се заврши. Се беше механички па дури и звуците кои ги прави Смоуки се механички. На крај излезе дека не е контролиран од ништо и дека е некој организам кој така си настанал... Ова зборува дека имале друга замисла и дека после сменија брзина и дадоа друго објаснување.
 
^ И на крај смоуки е уствари бакља :)
 
Или пак коа го влечеше Лок, и Кејт и Џек го спасија... како прво Смоуки можеше многу лесно да ги убие, а како второ и најважно, правилото беше да не се чепкаат кандидатите.

Леле, абе не можеше повисоко да лета смоуки и да ги помине тие оградите? Лошо...
 
Мислам дека е крајно време СИТЕ да признат дека беа ебавани во газот и дека залудно потрошија време да ја гледат серијата. Ќе ве молам не се устручавајте тука, оригинален бил начинот на кој била кажана приказната, важна била пораката не била важна приказната, драпај си мео.

Во серијата се вметнаја мал милион БЕЗПОТРЕБНИ работи, кои немаа никаква врска со приказната, а уште помалку пак со некаква високо интелегентна порака.

Серијата значи е дефиниција за нешто ПЕДЕРСКО. Апсолутно исто како да ти речи некој другар „Леле чоек знајш шо?!“ и ти го прашваш „Шо?“ и тој ти вика „Е знам, ама не ти кажвам!“. Истото се случи во серијата, се почнаја милион интересни приказни не се заврши НИЕДНА.

Абе да му умри се најмило на тие шо ја смислија ова серија, поголем мајтап од ова си нема изиграно со мене никој во живото.
 
Мислам дека е крајно време СИТЕ да признат дека беа ебавани во газот и дека залудно потрошија време да ја гледат серијата. Ќе ве молам не се устручавајте тука, оригинален бил начинот на кој била кажана приказната, важна била пораката не била важна приказната, драпај си мео.

Во серијата се вметнаја мал милион БЕЗПОТРЕБНИ работи, кои немаа никаква врска со приказната, а уште помалку пак со некаква високо интелегентна порака.

Серијата значи е дефиниција за нешто ПЕДЕРСКО. Апсолутно исто како да ти речи некој другар „Леле чоек знајш шо?!“ и ти го прашваш „Шо?“ и тој ти вика „Е знам, ама не ти кажвам!“. Истото се случи во серијата, се почнаја милион интересни приказни не се заврши НИЕДНА.

Абе да му умри се најмило на тие шо ја смислија ова серија, поголем мајтап од ова си нема изиграно со мене никој во живото.

:pos2:

@Појол си го видел смоуки да лето високо ? Знае некој како работат точно оградите? Можеби зидот оди доста високо?

А во врска со влечењето на Лок не можеш да знаеш која му беше намерата на Смоуки. Не знам што сакаш да кажеш и што не ти беше логично тука? Смоуки го влечеше на Лок и го пушти. Поради правилата кои не смееше да ги прекрши, иако и самиот си одговараш дека можеше да го убие многу лесно.

@IOsonoINTERISTA Има многу животичнчина кои произведуваат механички звуци на пример , иако тука можеби си и во право до некаде... А за контролата на Бен врз смоуки и самиот бен рече дека он мислел дека го контролира а испадна дека е обратно. А за начинот на повикување останува мистерија ама секој може да смисли барем неколку начини на фунцкионирање на “механизмот“ за повикувње. Можда не ни постои таков механизам. Можеби е само дел од илузијата...

И што ако завршеше според најдобриат крај на Појол.. Тој ќе беше најзадоволен а многу други разочарани. Затоа мислам дека добро заврши. И баш за тоа така заврши.

И пак ќе речам... не мислам дека сум во право.Iosono немој да се вознемируваш :smir: ... Ова е само мое мислење... Вас не ви се допадна и ќе ја напаѓате до не знам кога серијата/крајот. Јас пак уживав и ете ќе ја бранам се додека не ме убедите во спротивното. Или јас не ве убедам... Иако тоа не е целта на дискусијава... И така немам попаметна работа. Барем тука ми е интересно :)
 
@Појол си го видел смоуки да лето високо ? Знае некој како работат точно оградите? Можеби зидот оди доста високо?
Памтам дека во трета сезона Лок, Кејт и Саид ми се чини се прекачија преку таа ограда со дрво. А го имаме гледано Смоки како иде горе на дрва.
А во врска со влечењето на Лок не можеш да знаеш која му беше намерата на Смоуки. Не знам што сакаш да кажеш и што не ти беше логично тука? Смоуки го влечеше на Лок и го пушти. Поради правилата кои не смееше да ги прекрши, иако и самиот си одговараш дека можеше да го убие многу лесно.
Правилата мислам дека им се идеја многу подоцна во серијата со оглед на тоа што можеби и Мр.Еко беше кандидат па видовме како згина. А Смоуки го пушти Лок затоа што Џек му фрли динамит. И намерата мислам дека беше многу очигледна, чим во земја го влечеше.

Тоа што не само на крајов туку и додека траеше серијата ме нервираше е тоа што ти кажуваат нешто во една сезона, во другата веќе тоа не е точно.

Тоа што го направи Бен со повикувањето може да беше да ја тргне заштитата од оградите, али ни тоа не ми е некако убедливо со оглед на тоа што веќе Алекс го направи тоа.
 
Ха ха, Синдикат, ти го разбирам револтот. Мене до душа не ми е проблем што ја завршија вака, јас уживав во времето поминато со серијата, само сега не сакам да ми продаваат муда за бубрези шо би рекол Тошо од К-15. Очигледно е дека шото започна со една идеја а заврши... па никако не заврши, направија нешто како shortcut за да се извадат од кашата во која доброволно влетаа. Мое мислење е дека ја сплеткаа со Тајм Травелот, ама гледам има и некои кои мислат дека е сплеткана порано, после 2-ра сезона.

Има едно интересно тврдење, не знам колку точно, што вика дека серијата била многу рационално замислена со одредени мистерии кои подоцна требало да се разрешат. Имено, било замислено едноставно на овој остров со специфични карактеристики, да има одредена негативна групација, Драма Иницијатива, која во 70-тите години врши одредени експерименти. Меѓу нив и оние со копчето (психолошки експеримент), поларната мечка и облакот од чад. Во еден момент се случува инцидент и работите тргнуваат по лошо, меѓу другото и облакот од чад се ослободува итн...

Значи се фино и се може научно да се објасни и евентуално по некое време да се стави под контрола. Само што фановите почнале да ги дешифрираат овие работи, па авторите го свртеа правецот на приказната и влегоа во работи кои на крај ќе се покажат претешки за било какво објаснување. Што исто така не е голем проблем. Проблемот е што сега имаме остатоци од работите кои ги почнаа кои никако не се поклопуваат со прикзната која пробаа да ни ја продадат.

На пример, она за што дискутиравме пред малку:

- Го имаме Бен. Бен е човек на Џејкоб (ова излезе откако го измислија Џејкоб). Бен е лојален долго време. Останатите луѓе на Џејкоб се во храмот. Храмот е место каде што не може да влезе Смоуки (подоцна променет во непријател на Џејкоб). Зошто подоцна? Ако Смоуки беше цело време непријателот на Џејкоб, како што објаснија на крајот, и ако постоел од кога Џејкоб го турна во пештерата, тогаш како Бен, човекот на Џејкоб, го активира Смоуки на копче за овој да му ги врши работите? Ова е јасен показател дека идејата на почетокот беше една, и немаше врска со крајот, кој е План Б.

- Броевите. Се сеќавате на броевите? Најдискутиран топик беа. Броевите му се појавија на Хуго. Хуго доби на лото со нив. Почнаа да му се случуваат несреќи. Броевите беа дури и трансмитирани надвор од островот, двајцата пилоти ги начекаа случајно... Дарма Иницијативата ги имаше броевите вградено на отворот и се внесуваа во компјутерот... Објаснувањето на крај? Броевите биле на Џејкоб! Џејкоб со нив означил 100 и кусур кандидати и овие 6 преживеале. Ако е така, зошто тогаш Дарма ги имаше броевите? И неповрзано со тоа, зошто умреа сите други кандидати, ако Џејкоб знаел дека овие 6 се тие, од кои 6 пак некои умреа... Уште еден показател дека почнале со нешто сосема друго.

- Бен и вети на Џулиет дека ќе го излечат ракот на сестра и, и го направи тоа. Ова кога беше делот со Дарма и работите имаа научен карактер. На крај испадна дека Бен нема појма како функционира островот. Како тогаш и го излечија ракот на сестра и на Џулиет? Се заборави на што се работеше околу Дарма и Бен го направија изгубено човече, и сите го забележавме тоа уште одамна.

- Волт беше толку важен што за малку не изби отворена војна за него. Настрана од тоа, Волт се појави на островот иако не беше мртов. Што значи дека имаше сосема друго објаснување за ликовите што се појавуваат од никаде. Веројатно некакви халуцинации предизвикани од експериментите или енергијата.


Само за загревање...

Уште еднаш, не го хејтам шоуто, засекогаш ќе ми остане едно од омилените, беше многу убава авантура. И крајот не го хејтам ама да си кажат отворено дека ја усраа и да си кажат кои им биле намерите. Нека напишат мемоари или слично. А не да ни фрлаат песок во очи, дека вака било замислено...
 
2vjvq7l.jpg
 
И пак ќе речам... не мислам дека сум во право.Iosono немој да се вознемируваш :smir: ... Ова е само мое мислење... Вас не ви се допадна и ќе ја напаѓате до не знам кога серијата/крајот. Јас пак уживав и ете ќе ја бранам се додека не ме убедите во спротивното. Или јас не ве убедам... Иако тоа не е целта на дискусијава... И така немам попаметна работа. Барем тука ми е интересно :)

Не, таман работа, не се вознемирувам. Знаев дека ќе има две страни (така е секогаш со Lost), само не знаев дека ќе бидам во The Others :pos: Ме вознемирија некои постови на почетокот во кои тонот на оние кои го прифатија крајот беше дека останатите се деца и требало да им се црта. Значи секој со својот став и да си дискутираме, не со такви работи... Мене пак никој не може да ме убеди, барем засега, дека ова бил крајот што бил планиран од почеток...
 
Еве го и Смоуки како лета нагоре :)

Smokey 1 Pilot 0

 
Не е прашањето дали е сватена поентата. Сватена или не сеедно е. Поентата секогаш ќе биди дискутабилна.

Пример давам, Mullholand Drive (кој го гледал ќе знај за шо прам муабет) филмот е матен и испреплетен и исто содржи несврзани работи, малку ама ги има. Разликата е шо режисерот на тој филм се знај шо сакал и зошто така го претставил, филмот е сон, а сонојте се нејасни, битно на крај се се вклопва.

Лост нема никакво логично објаснување за пренатрупаноста со неважни работи. Јас прифаќам и приказната да е нереална и да е поабстракна и пофлексибилна, да е двосмислена или секој различно да си ја перцепира. Се е то во ред, ама приказната е раскажана во само 10% од серијалот, другите 90% зошто се монтирани никој не знај.

Колку сакате залажувајте се барајќи некое длабоко и проникливо значење, фактот дека 90% од работите немаја никаква врска со сижетот ќе остани. Во филм мора да постои КОНЦЕПТ и секоја ебена сцена и милисекунда да е планирана, не можи работи по случаен избор да се прикажуват само.

Исто ко да гледате CSI каде се трага по некој убиец континуирано во 6 сезони и цело време се случуват нови убиства и мистери и се наоѓат докази за сосема трети работи и се до последната епизода апсолутно ништо не е познато, за во големото финале да разберете дека не е важно кој е убиецот и не е важно да се разрешат случаите, ами важно е да има љубов среќа и разбирање. И шо? Треба да се радвам дека извлеков поука и да го игнорирам то шо некој ми го ранел мозокот со прашања на кој по секоја логика на УНИВЕРЗУМОТ мора да постои одговор.

ЗАКЛУЧОК - Филм мора да има почеток и крај, не можи да се случуват само рандом дешафки неповрзани едно со друго. НЕ МОЖИ!!!! И ако мислиш дека можи,
... знаев ја дека ќе дојде модератор и ќе ми го промени ова... ај да одам на спиење доста се нервирам...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom