LOST

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допадна крајот на серијата?

  • Вкупно гласачи
    291
И јас помислив на тоа веднаш по сцената вчера. Ама има две работи:
Една,
може да испадне дека го допрел, може да го уфрлат тоа кога било.
Втора,
може да има повеќе од една причина зошто не можеш да умреш.

Да, али ужасно иритирачки е и ужасно потценувачки за нас, фановите. :)
 
Крајот, како третокласен акционен филм ебате. :devil3:

А целата епизода, мех, ме курчат овие алтернативни истории, досадни и замарачки се, поготово што ни откриваат "што би било кад би било"...Барем во флешбековите гледавме што, како и зашто е така на островот, а овие новите иднини апсолутно ништо не ни откриваат за Островот и да објаснат нешто што се случувало 5 сезони...

Иако, рекоа дека Бен и татко му биле на островот, што е чудно нели, бидејќи ако биле и островот подоцна се уништил - би требало да умрат нели...Досега мислевме дека животите се сменети зашто го нема островот, ама ете, они си отишле додека го имало островот...

Така да, што е сменето во алтернативава? Џејкоб е мртов, ваљда е до тоа.
 
Целава ситуација со Видмор ми е бул шит. Каква важна улога може да има тој сега, кога Видмор се бореше со Бен (и загуби нели) за тоа кој ќе биде главен на „Другите“ т.е потрчко на Џејкоб.
 
Ова со алтернативнава/парарелна реалност е многу иритирачки и ултра-збунувачко.:tapp:
Иначе мн.добра епизода.Останвам на тврдењето дека Џејкоб е тежок манипулатор и не толку добра личност како што многу фанови го сметаат.:toe:
 
Бен остана на островот бидејќи Саид го пукаше.
Ако тоа не се случеше, Дарма ќе го исфрлеше татко му на Бен без размислување. Пијаница, што не ја извршува добро работата....
 
Jughead пукна во 1977. Ако претпоставиме дека е тоа причината за потонувањето и рестартот на времето, нели Бен и татко му би биле мртви, или во најмала рака нема да си праат муабет као доброволно да си заминале од Островот...
 
Џагхед пукна во 1977.Тогаш сите требаше да умрат,не само Бен и татко му.:toe:
Моја теорија е дека баш таа експлозија го создаде алтернативниот/парарелен универзум.Како било...чекаме.:helou:

И во 9-та епизода веќе конечно да дознаеме кој е Ричард факинг Алперт.
 
Па тоа велам, да претпоставиме дека алтернативниот универзум Е СОЗДАДЕН од Jughead...

До 1977 се си е исто и во Lost 1 и во Lost 2 oдносно имаме само еден Lost.
1977 пука бомбата.
1978 па натаму почнува нова димензија... Lost 2 која се разликува од Lost 1 примарно по тоа што 815 не паѓа на Островот, because guess what? Потонат е.

Толку го отупеа со него, шо само нехардкор фановите не знаат шо е и како е. Веќе не ми е ни интересен.
 
Jughead пукна во 1977. Ако претпоставиме дека е тоа причината за потонувањето и рестартот на времето, нели Бен и татко му би биле мртви, или во најмала рака нема да си праат муабет као доброволно да си заминале од Островот...

Бен на островот во 77 остана само заради тоа што беше погоден од Саид. Ако не беше погоден, тој ќе беше заминат од островот.

Како и да е, ако одам понатака, доаѓам до парадокс
 
изгледа сега џејкоб бара помош од видмор /.
 
Пробав и јас понатаму да мислам и дешифрирам, али ќе ми експлодира главата од претпоставките, комплицирано е ептен.
Генерално, има смисла, ама во детали нема...

Да претпоставиме дека островот е разнесен и се создава друга реалност. Во таа реалност, не би требало воопшто да постои островот. Е сега, ако постоел, значи некој треба да го разнесе во одреден период и однесе под земја...И значи преживеаните пак ќе треба да се вратат низ времето, Саид пак ќе биде таму, пак ќе го застрела Бен, што нема апсолутно логика со новата приказна. :)

Нешто мора да е сменето, за да бидат сменети тотално нивните животи. Мислам дека тоа е непостоењето на Џејкоб и Флок, односно веќе ги нема за да манипулираат со животите на другите...
 
Епизодата беше мега awesome. :)

ИНАЧЕ, ја мислам дека кога Џулиет ја рокна бомбата се креираа 2те димензии/реалности ... ако затоа се зборува воопшто, неможам да ве следам. =Д
 
Што убав муабет сте разврзале, секаде имам што да кажам :)

А целата епизода, мех, ме курчат овие алтернативни истории, досадни и замарачки се, поготово што ни откриваат "што би било кад би било"...Барем во флешбековите гледавме што, како и зашто е така на островот, а овие новите иднини апсолутно ништо не ни откриваат за Островот и да објаснат нешто што се случувало 5 сезони...

Така да, што е сменето во алтернативава? Џејкоб е мртов, ваљда е до тоа.

Ова е повеќе „што ќе биде попосле“ отколку „што би било кога би било.“ Сега знам дека мојата теорија е досадна ама вчера за време на епизодата ми падна на памет нешто, што можеби ќе и даде некаква смисла на Sideways реалноста. А тоа е: не ви личеше Лок на Флок? Не ви изгледаше како да го манипулира Бен? Што ако ѓаволот се спаси од потопот на островот и сега им прави некоја нова фрка на истиве ликови надвор од него. Знам дека од почеток дефинитивно изгледа и е Лок тој што е на аеродромот, но подоцна можеби...?

Само идеја...

Инаку ќе останеме на тоа дека е неважна приказната надвор.

изгледа сега џејкоб бара помош од видмор /.

Целава ситуација со Видмор ми е бул шит. Каква важна улога може да има тој сега, кога Видмор се бореше со Бен (и загуби нели) за тоа кој ќе биде главен на „Другите“ т.е потрчко на Џејкоб.

Видмор му кажа на Лок дека ако не се врати на островот, „погрешната“ (не неговата) страна ќе победи. Видмор е на страната на Флок, дали како негов потрчко или ментор, ќе видиме. Неговата цел беше да го убие Џејкоб за да се врати на островот, од каде што беше избркан.

Совршено се вклопува Видмор во приказнава и очекувано беше да се врати, тоа се обидува човекот долго време.

Ова со алтернативнава/парарелна реалност е многу иритирачки и ултра-збунувачко.:tapp:
Иначе мн.добра епизода.Останвам на тврдењето дека Џејкоб е тежок манипулатор и не толку добра личност како што многу фанови го сметаат.:toe:

И Џејкоб и Флок се манипулатори. Минатата (не оваа) епизода која ја гледав на АБЦ со објаснувања, ги расчисти сите дилеми околу „добрите“ и „лошите.“ За мене тоа беше јасно уште кога Флок го фрли белиот камен во вода и вагата претежна на темната страна (внатрешната шега). За другите, нов момент вчера кога Доген можеше да го убие Саид. Одеше објаснување дека кај Саид, при тестот, рамнотежата била нарушена и претежнала кон темната страна, затоа што Саид предходно убивал и мачел луѓе. Доген не го убил Саид затоа што ако го убиел, и тој ќе завршел на темната страна. Значи јасно е која страна какви особини има. Многу се добри објаснувањата на АБЦ.

Исто напишаа и дека Ричард го спасил малиот Бен во базенот во кој го спасуваа Саид, иако и тоа мислам дека никаде не се спомна во серијата.

Џагхед пукна во 1977.Тогаш сите требаше да умрат,не само Бен и татко му.:toe:
Моја теорија е дека баш таа експлозија го создаде алтернативниот/парарелен универзум.Како било...чекаме.:helou:

Па тоа велам, да претпоставиме дека алтернативниот универзум Е СОЗДАДЕН од Jughead...

До 1977 се си е исто и во Lost 1 и во Lost 2 oдносно имаме само еден Lost.
1977 пука бомбата.
1978 па натаму почнува нова димензија... Lost 2 која се разликува од Lost 1 примарно по тоа што 815 не паѓа на Островот, because guess what? Потонат е.

Епизодата беше мега awesome. :)

ИНАЧЕ, ја мислам дека кога Џулиет ја рокна бомбата се креираа 2те димензии/реалности ... ако затоа се зборува воопшто, неможам да ве следам. =Д

И понатаму стојам на тоа дека бомбата нема врска со Sideways, туку се случи тајм-травел во тој момент додека Џулиет се обидуваше да ја активира. Островот ќе го потопат на друг начин, како, ќе видиме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom