LOST

Дали ви се допадна крајот на серијата?


  • Вкупно гласачи
    288
S

Sagan

Гостин
Пред пол сат ја завршив последната епизода од шестата сезона... Одвоени 132 часа у последниве 3 месеци, што би му дошле цели 4 дена континуирано гледање... и за што? За ваков крај ли? Се осеќам... злоупотребено. Сакам да ги тужам за киднапирање :LOL:

Шала на страна, многу добра серија, пошто мистериозни острови ми се фетиш уште од петто одделение, кога ги читав Островот на скриеното богатство и Робинзон Крусо :icon_lol: Да бидам искрен, до последен момент бев Lost, ма да ова крајот ми даде идеја за свое толкување.

Паралелните светови се реални исто како и нашиот. Таму некаде има друг свет каде Германија ја добила Втората светска војна. Нашата реалност е само една од безбројте други. Неколку различни изуми во физиката ги наведоа научниците на идејата за паралелни реалности. Звучи како научна фантастика, но луѓето од паралелните вселени ја восприемаат реалноста како нас. Во нив има безброј многу наши копии. Секој од нас преку целото време патува до паралелните вселени. Постојат многу повеќе возможности од тие претставени во научната фантастика.

Практично, постојат три различни видови на паралелни вселени: едните постојат далеку од нашата видлива вселена, другите се во простор полн со темна енергија, наречен мултивселена, а третите - се точно тука, во просторот во кој живееме сега. Се смета дека ние како суштества од оваа планета и оваа димензија, немаме начин како вакви ентитети да посетиме ниту една од тие вселени...

НО: реалноста има толку многу верзии, што воопшто и не е потребно да патуваме за да ги посетиме. Во многу од нив веќе постојат идентични наши копии кои мислат дека се НИЕ. Единствениот проблем е што не можеме взаемно да комуницираме. Тоа може и да е добра ствар, бидејќи можеби и не би сакале да го сретнете ДРУГОТО ЈАС.

Претставете си дека постои и друга реална паралелна вселена, каде вие сте детектив кој е во потрага по труп на жртва на сериски убиец. Во некоја втора вселена, вие сте жртвата, а во некоја трета вие сте серискиот убиец кој се чуди каде да го закопа телото. Сите од овие паралелни светови се исто толку реални како и ОВОЈ. Во многу од тие вселени, спомените, мечтите и соништата ни се случуваат вистински. Како науката започнала да верува во толку чудни нешта?
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.406
Поени од реакции
85.355
Се надевам дека постои универзум во кој јас го читам цел текст


(ноу офенс)
 
S

Sagan

Гостин
Вилијам Кругс, значаен научник од 19 век проучувал како невидливата сила на електричеството ги тера металните објектите да светат... и да се движат. Законите на класичната физика се разбирливи. Материјата е изградена од тврди честици кои следат прости траектории. Секогаш може да им ја пресметаме брзината на движење и насоката, т.е. точката каде се наоѓаат. Но најважното е дека ТИЕ СЕКОГАШ МОЖАТ ВО ЕДЕН МОМЕНТ ОД ВРЕМЕТО ДА БИДАТ САМО НА ЕДНО МЕСТО.

Постојат и брановите, кои во извесна смисла се спротивното на честиците. Тие се насекаде, не се локализирани во просторот, во секое време постои движење во многу различни точки. Класичните физичари тврделе дека светлината е бран. Удирајќи во тврди предмети таа ги возбудува електроните и некои од нив се одделуваат, создавајќи електричество. Класичните физичари сметале дека посилната светлина ќе предизвика посилен ток, но со експерименти утврдиле дека меѓу токот и светлината нема определен сооднос. Но според Ајнштајн, ако светлината ја сметаме и за честица-кванти, тогаш експериментот има смисла.

Квантниот свет не е како овој што ние го познаваме. Не само светлината е истовремено бран и честица. Сите честички кои ја градат материјата се едновремено и ...БРАНОВИ! Тие можат да прават многу различни нешта истовремено. Се појавуваат од НИШТО и исчезнуваат без предупредување. Квантната физика ги исклучува сите класични рационални сфаќања. Границата меѓу честиците и брановите е непостојана. Брановите можат да почнат да се однесуваат како честици, и обратно. Така, с`е е материја и бран ИСТОВРЕМЕНО.
--- надополнето: 27 септември 2012 во 00:56 ---
Бидејќи брановите се способни да бидат на многу места истовремено, следува дека и материјата може да биде на многу места истовремено. Како може нешто да е на неколку различни места во едно исто време?

Целата материја која ја гради Вселената е составена од честици. Брановите немаат една местоположба. Ако сите честици се и бранови... следува дека не можеме да тврдиме дека една честица е тука или таму. Таа може да биде на две места истовремено.

Бидејќи човекот е изграден од честици, истото важи и за него :D

Значи, ако честиците кои ја градат нашата реалност, можат да бидат на многу, многу места истовремено, тоа значи дека постојат и многу верзии на нашата историја. А историјата е пример како иднината зависи од најнезначителни настани. Настани на квантово ниво. Микроскопски случки го менуваат текот на историјата. Ако сперматозоидот од кој бил зачнат Хитлер не стигнал прв до јајце-клетката, можеби немаше да има Втора светска војна :D Од друга страна, ако некои од невроните на Хитлер функционираа поразлично од тоа како функционирале во, за нас, познатата реалност, тој можеби повеќе ќе ги слушал советите на генералите и немало да ја загуби војната.

Според квантната физика, Северна Америка денес е држава на Ацтеките, Кубанската криза завршила со голема војна со атомско оружје, а граѓанската војна во САД се водела за робови - од Европа. Сите овие настани се реални како и нашата реалност :LOL:
--- надополнето: 27 септември 2012 во 01:05 ---
Загатката е: ако постојат многу верзии на реалноста, зошто гледаме само еден свет околу нас?

Според квантната физика, големите објекти можат да бидат на едно место во едно исто време, но честиците од кои објектот е изграден, можат да бидат на различни места во исто време :P Како и зошто овие честици, кои можат да бидат на повеќе места, застануваат на едно место за да ја изградат нашата реалност?
 
S

Sagan

Гостин
Та фак из хепенинг?
Давам кратка рецензија и мое толкување на серијалов :LOL:
Ова погоре е вовед на воведот :pos:
--- надополнето: 27 септември 2012 во 01:50 ---
Да се вратам ја на клучното прашање: зошто, и покрај постоењето на многу паралелни реалности, гледаме само еден свет околу нас?

Одговорот е: секогаш кога ја набљудуваме нашата реалност или взаемодејствуваме врз светот околу нас, вклучувајќи го тука и самото мислење (како процес), НИЕ предизвикуваме вселената да се разделува на паралелни светови, заедно со самите нас. Џон Лок во светот во кој го запознавме прв пат беше работник во... фабрика за картони, ако не грешам. Врзан за инвалидска количка, со живот подосаден од песните на Џастин Бибер. Но тој беше добар човек и имаше желба, и покрај физичкиот инвалидитет, да додаде малку авантура во својот живот, па затоа и отпатува до Австралија со куферот ножеви. Во тој момент кога кај него се јави таа желба за авантура, тој создаде паралелен свет, подеднакво реален како оној досадниот, каде тој може туку-така одеднаш да прооди и да има самодоверба која претходно ја посакувал. Паралелниот свет на островот од друга страна влијаеше врз неговата одлучност на крајот да се одлучи за операција на рбетот во друг паралелн свет, каде тој беше професор, но и неподвижен. Во еден од световите тој беше измамен од својот татко, кој му го зема бубрегот и го шутна како куче. Желбата за одмазда создаде паралелн свет каде тој предизвикува сообраќајна несреќа од која татко му остана неподвижен и растение со исклучен мозок (но во тој другиот свет Џон многу го сакал татко си).

Се што правиме, има најмалку уште една алтернатива. Во моментот кога размислуваме што да направиме, вселената се разделува на две паралелни еквивалентни вселени. Ние постоиме во двете вселени истовремено и ги набљудуваме и двата можни резултати.

Најпрост пример: сакаме од точка А да стигнеме до точка Б. До таму има две улички. Во определен момент ние размислуваме и одлучуваме од каде да фатиме. Секој пат кога решаваме нешто, создаваме различна реалност. Во една од реалностите, сме тргнале по едната уличката, но со сигурност постои и друг паралелен свет во кој сме тргнале и по другата. Одејќи по првата, сме сретнале драга личност, во другиот паралелен свет по другата улица не удрила кола и сме завршиле во болница.

Сојер во еден од паралелните светови беше криминалец и измамник, во вториот себичен, во третиот шеф на обезбедувањето и фамилијарен човек, во четврт детектив кој ја гони девојката која во еден од другите реалности му е девојка.

Единствен различен од сите нив беше само Џек Шепард. Во сите реалности тој се обидуваше на секој да му помогне максимално. Се обвинуваше и жалеше за многу работи од своето минато, сакајќи да ги подобри. Затоа и беше одбран да се бори со црното чадесто чудовиште, кое треба да го симболизира злото. Во сите паралелни светови, Џек спасуваше луѓе. На крај го спаси островот и предизвика состојба каде сите од островот повторно се среќаваат на едно место во едно исто време, но овој пат со меморија за настаните од другите паралелни светови. Бенџамин Лајнус жалеше и се извинуваше на Џон Лок, што во еден од алтернативните паралелни светови го уби, што говори за интенцијата на режисерот да прикаже дека ние луѓето можеме да бидеме добри по природа, но само ако ги искусиме страдањата од другите алтернативи, или барем свесно размислиме за нив.

Витражот на црквата од последната епизода на кој ги имаше симболите на поголемите светски религии, според мене, е симболична порака дека ние луѓето од оваа реалност, без разлика на различностите, сме должни да дејствуваме хумано и со добри намери, ако сакаме да го спасиме светот на нашата реалност. Исто сметам дека друга порака на серијалот е дека треба да сме благодарни и среќни за луѓето околу нас кои ги познаваме и времто кое ни го посветиле нам, бидејќи во некој друг паралелен свет нив воопшто не ги знаеме, туку некои други кои сега ни се непознати.
--- надополнето: 27 септември 2012 во 02:41 ---
Затоа, драги мои, мислам дека квантната физика дава одговор за серијалот Lost :ROFLMAO:
Останува надежта дека таму некаде, постои паралелен свет каде напишаново никогаш не сум го напишал.
И уште еден друг паралелен свет, со поквалитетна трева од оваа...
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.650
Поени од реакции
34.075
Eден... документарец од National Geographic, поприлично интересен ако сме го гледале истиот околу еternal inflation, multiverse, string theory.. all that, и LOST ќе ја одгатнува. :pos:

Се шегувам, aко прочитате уствари е интересна теорија која држи вода. Еден збор Sagan: Fringe. You can thank me later.
 
S

Sagan

Гостин
Eден... документарец од National Geographic, поприлично интересен ако сме го гледале истиот околу еternal inflation, multiverse, string theory.. all that, и LOST ќе ја одгатнува. :pos:

Се шегувам, aко прочитате уствари е интересна теорија која држи вода. Еден збор Sagan: Fringe. You can thank me later.
Лелеееее... што сум правел ноќеска на темата...? :LOL:

wot, стојам на ставот дека и најкомплицираните прашања имаат прилично едноставни одговори. Теоријата за паралелни светови не само што се вклопува во поголем дел од дејствијата во серијата, туку е и научно поткрепена. Во спротивно, се би се свело на имагинацијата на сценаристот, со толкувања кои се далеку од научното толкување на квантната физика. Мислам... Lostpedia каде ќе читам што е што и кој е кој, и зошто е вака а не онака - за да ја разберам серијата... ми е апсурдна ствар :icon_mrgr:

Документарецот за кој збориш ќе го закачам на YouTube и ќе линкувам.

Fringe already on my download list. Takk.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom