LOST

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допадна крајот на серијата?

  • Вкупно гласачи
    291
Ако сака да го гледа, ќе му текне. А ако неможе да му текне каде да гледа, неможе ниту да му текне да гледа. На секој што му текнало да сака да гледа филм, би му текнало и каде би го гледал тој филм.
И, реков гледање на филмот.Нели и глуви ( но не и слепи ) можат да го гледаат? :)
:duel:

Седи, петка. :helou:
 
ОК, што се прави некој упорно толку паметен, толку ли е битна суетата и инаетот?
јас си признавам дека не ја сфатив последната епизода на ЛОСТ со Дезмонд што беше и ако е некој несуетен, неинаетлив и со добра волја, нека ми ја објасни финтата со таа епизода
 
Финтата со таа епизода.... не знам колку добро ја памтам епизодата ама еве толку колку шо памтам.

1. Дезмонт дефинитивно патува низ времето!
2. Патувањето низ времето е предизвикано од преминувањето на некоја бариера која ја има островот. Најверојатно таа бариера има врска со магнетните „способности“ на островот. (прв пат Дезмонт „пропатува“ низ времето кога се случи демагнетизирањето, кога екплодира шахтата)
3. За да останеш жив мораш да имаш нешто шо ти е констатна и во минатото и во сегашноста. Таа константа за Дезмонт е Пени.

хм... толку ми текнува :)
 
Финтата на епизодата не е да биде некое научно предавање па да има само еден начин да ја сфатиш и да може да ја сфатиш.
Финтата на таа епизода е да има повеќе начини на кои што може да биде сфатена и од тоа следи дека ќе биде забавна.. за некои луѓе.
Така да.. незнам зошто некои мешаат коефизиенти на интелигенција.
Ако некој зјапа во епизодата и не пропушта ниту еден фрејм од неа додека ја гледа и ја сфати таа епизода на свој начин незначи дека има поголем или помал ај ку од некој што додека ја гледал епизодата мислите му биле кај девојкаму/дечкото и не ја сфатил епизодата на ниту еден начин.
 
Финтата со таа епизода.... не знам колку добро ја памтам епизодата ама еве толку колку шо памтам.

1. Дезмонт дефинитивно патува низ времето!
Свеста на Дезмонд патува низ времето.:helou:
 
Свеста на Дезмонд патува низ времето.:helou:

Мозокот на Дезмонт комуницира со мозокот на Дезмонт во минатото:helou:

Хахаха, реков дека постојат повеќе начини да се сфати тоа нешто:)
 
Свеста на Дезмонд патува низ времето.:helou:

Ag0rA напиша:
Мозокот на Дезмонт комуницира со мозокот на Дезмонт во минатото:helou:

Хахаха, реков дека постојат повеќе начини да се сфати тоа нешто:)

Да во право сте :)
 
ФАЛА многу на сите нштои ми помогнаа со разбирањето на епизодата
како и да е, оваа епизода мене ми е најнереална досега, сите досега епизоди КОЛКУ толку ми се веројатни и реални
 
Еве го промото за 5 сезона вклучено во спотот на Fray - You found me :) Има и некои сцени од 5 сезона. Се што имам да кажам е дека видеото и сцените од 5 сезона се НЕВЕРОЈАТНИ! Маст-си-видео

Абе јас велам да си гледаш Забранета љубов...не си за Лост ти...ама ај...

ЖАЛ ми е што нема да те послушам, и понатаму ќе си гледам што сакам и ќе пишувам во која сакам тема
 
Ми се чини дека прочитав негде на нет дека во петтата сезона ќе се објасни шо е точно и шо претставува црниот чад кој убива луѓе на островот
 
Ми се чини дека прочитав негде на нет дека во петтата сезона ќе се објасни шо е точно и шо претставува црниот чад кој убива луѓе на островот

Јас пак прочитав дека ќе се објасни како исчезна островот ... :helou:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom