Не можам со сигурност на тврдам точно во која книга се наоѓаат информациите за Гилраена и Араторн, но во некоја од претходните страници ги имам напишано сите издадени дела од Толкин, па информациите мора да ги има во некое од тие дела.
Не, грешка си.
Пола од делата кои ги пиша немаат врска со историјата на Средната Земја.
Приказната во Born of Hope е конструкција на авторот на филмот и ја нема во ниту едно дело од Толкин.
Сценариото на Born of Hope е дело на авторот на филмот (или некој друг фан) и е 100% неовластена творба.
Самиот филм направен со буџет од $25.000 ($.8000 почетен буџет и додатни $17.000 собрани од трејлерот на YouTube), повеќе делува како омаж на работата на Пит, отколку како оригинално уметничко дело инспирирано од толкиновиот труд. Режисерката Кејт Медисон ги убацила сите финти на Пит во својот филм, но ги бутала и кај што треба и кај што не треба. На пример на самиот почеток има обичен skrimish (ни блиску до битка), а таа ни го претставува со некаква епска спора музика у позадина и успорени движења, како да се работи за нетија знам каква битка, што ја одлучува судбината на Арда и многу други нешта...Да не должам околу ова, бидејќи застранувам од главното, само повторно ќе нагласам гледајте го филмот ако ве интересира како евентуално би се одвивале работите на долго и на широко (според авторот на филмот), за нешто за што Толкин кажал две реченици.
А сега за делата на Толкин што ги има во твојот пост и приказната за Араторн и Гилраена:
1. The Hobbit; (ништо за Араторн и Гилраена)
2. Farmer Giles of Ham; (нема врска со Средната Земја)
3. (ГНП - најдолу)
4. The Adventures of Tom Bombadil;(ништо за Араторн и Гилраена)
5. Tree and Leaf;(нема врска со Средната Земја)
6. The Tolkien Reader;(во главно нема врска со Средната Земја, содржи повеќе работи меѓу кои и Farmer Giles of Ham, единствен елемент од The Tolkien Reader кој некако е поврзан со Средната Земја е гореспоменатата збирка песнички за деца: The Adventures of Tom Bombadil )
7. Smith of Wootten Major;(нема врска со Средната Земја)
8. Sir Gawain and the Green Knight;(нема врска со Средната Земја)
9. Beowulf: The Monsters and the Critics;(нема директна врска со Средната Земја иако доста елементи од овој старогермански мит се користени во неговите дела кои се однесуваат на Средната Земја. Во секој случај ништо за Араторн и Гилраена )
10. Ancrene Wisse: The English Text of the Ancrene Riwle.(нема врска со Средната Земја)
Потоа следуваат делата кои биле објавени по неговата смрт. Тоа се:
1. Sir Gawain and the Green Knight, Pearl, and Sir Orfeo (преводи);(нема врска со Средната Земја)
2. The Father Christmas Letters;(нема врска со Средната Земја)
3. The Silmarillion;(ништо, само на едно место стр.398 пишува Арагорн син на Араторн)
4. Unfinished Tales;(никаде не се споменуваат ни Араторн ни жена му)
5. The Letters of JRR Tolkien;(нема ни тука)
6. Finn and Hengist (збирка од предавањата на Толкин);(нема врска со Средната Земја)
7. Mr. Bliss;(нема врска со Средната Земја)
8. The Monsters and the Critics (колекција од есеи);(нема врска со Средната Земја)
9. The History of Middle-earth (сите 12 делови);(ова е едно од делата кои се составени од разни белаешки, благодарејќи на трудот на син му. И покрај својата грандиозност овие 12 дела не содржат ништо за Араторн и Гилраена)
10. Pictures by JRR Tolkien (со текст од Кристофер Толкин);(нема врска со Средната Земја или барем нема ништо од приказната за Араторн)
11. Roverandom;(уште едно дело за деца, како што се веќе споменатите песнички The Adventures of Tom Bombadil. Не, нема ништо за Араторн)
12. The Children of Hurin;(ништо за Араторн и Гилраена)
13. The History of The Hobbit;(ништо за Араторн и Гилраена)
14. Tales from the Perilous Realm;(ова е уште едно издание кое содржи некои од веќе споменатите кратки дела. Меѓу другото тука повторно ќе ги најдете The Adventures of Tom Bombadil, Roverandom и други. Нема апсолутно ништо за Араторн и Гилраена)
15. The Legend of Sigurd & Gudrun.(нема врска со Средната Земја)
3. The Lord of The Rings (вклучувајќи ги сите 3 дела); Е тука има највеќе за Араторн и Гилраена, а тоа е помалку од пола страна. Врз основа на тоа е напишано целото сценарио на филмот Born of Hope.
Во додатокот на книгата, како увод во приказната за Арагорн и Аруена, со две-три реченици е објаснето потеклото на Арагорн.
Така да ова:
Можеби „Born of Hope“ е сниман по иницијатива на фанови, но те уверувам дека целата приказна за филмот е земена од делата на Толкин.
не е баш точно тврдење.
Како што кажав во мојот предходен пост грубата основа на приказната е на Толкин (две - три реченици). Огромниот остаток е неовластена конструкција на авторката.