RickyLFC9
Модератор

Можеби овој натпревар не е она типично дерби на кое се разгоруваат страсти и кое датира од дамнешно време, но сепак двете екипи оваа сезона се во директна борба за Лигата на Шампионите, а едно време беа и непосредно блиску кога се работеше за првото место. Од тогаш Ливерпул малку опадна во форма, нешто што очигледно се должеше на огромниот број на повреди. Не постои голема љубов помеѓу фановите на овие две екипи, ова беше најизразено кога Кени Далглиш му рече "piss off" на Арсен Венгер, но се остана на тоа. Сега Ливерпул има нов предводник, а Арсенал сеуште се под палката на Професорот.

Претходниот натпревар оваа сезона кој се одигра на Емиратите заврши со победа на Арсенал од 2-0. Всушност од тој момент Арсенал му се оддалечи на Ливерпул и оттогаш се немаат престигнато. Роџерс не успеа да ги добие и натпреварите од претходната сезона, првиот на Енфилд заврши исто така со пораз од 2-0, а оној на Емиратите реми од 2-2.
Одбраната на Арсенал оваа сезона е перфектна, можеби најмногу поради одличното партнерство помеѓу Мертесакер и Кошчелни кое ретко губи кога тие стартуваат. Но од друга страна, Ливерпул го поседува можеби најдобриот напаѓачки тандем, S&S - Суарез и Стариџ. Суарез е убедливо најдобриот стрелец сезонава со 23 постигнати голови и на одличен пат да го сруши рекордот за најмногу постигнати голови по сезона. Ќе биде интересно да се види дали ќе успеат да госпречат играчот кој им беше една од главните трансфер цели изминатово лето.

За составите, пак, ги имаме следните информации. За Арсенал ќе отсуствуваат Ремзи, Волкот и новодојдениот Калстром поради повреди, несигурен е Вилшер, а ќе отсуствува и Фламини кој ја
отслужува суспензијата.
Кај Ливерпул одбраната е расцепкана. Џонсон, Агер, Сако, Енрике и Лукас дефинитивно го пропуштаат натпреварот, што го остава тимот со многу малку опции, па лесно е да се погоди стартниот состав.
Веројатни состави:
Ливерпул: Мињоле, Фланаган, Туре, Шкртел, Сисоко, Хендерсон, Џерард, Кутињо, Стерлинг, Стариџ, Суарез.
Арсенал: Шчесни, Сања, Мертесакер, Кошчелни, Монреал, Артета, Казорла, Озил, Чемберлејн, Подолски, Жиру.
Со оглед на тоа што неуспехот да се победи за двете екипи би можело да значе силен удар за нивната цел во оваа сезона, можеме да очекуваме страствен натпревар во која ќе има тактичко надигрување и желба за стекнување на предност колку што може побрзо.
Се надевам на фер натпревар без судиски грешки и му посакувам огромна среќа на Ливерпул.