Еве поакјување од Македонски Телекомуникации
Деновиве, ги следиме внимателно коментарите и предлозите во врска со новините кои планираме да ги внесеме за ADSL услугите. Тоа е исклучително вредна информација за нас, за да ги разбереме желбите и потребите на нашите корисници, што ни овозможува да ги креираме услугите со цел да ги задоволиме нивните потреби.
Во врска со тоа, би сакале да ве известиме дека ја прошируваме понудата на ADSL услугите, такашто нашите корисници ќе имаат можност да изберат помеѓу бројните пакети кои се совпаѓаат со сегашните и идни потреби за брзина, квалитетна и сигурна ADSL услуга.
Главни елементи на проширената понуда на ADSL услугата се:
Постојни корисници:
Ш Нема да има никакви промени за било кој од корисничките договори за MaxADSL, OfficeADSL и ProfiADSL валидни пред 1 октомври 2005 г. за времетраењето на договорот, во кои има намалување на брзината над ограничувањето од 4GB, 10GB и 25GB соодветно. Дополнително наплатување нема да постои.
Ш Сите ADSL корисници од гореспоменатата категорија кои сакаат да продолжат да ги користат предностите со целосна брзина на MaxADSL, OfficeADSL и ProfiADSL над со договор утврдените лимити на капацитет, можат да побараат задржување на истата брзина во сите продажни места на АД Македонски телекомуникации без дополнителен надомест. Секој дополнителен сообраќај над 512МB ќе биде достапен за 175МКД (без ДДВ) и ќе се наплаќа со месечната сметка.
Ш MaxADSL корисниците од горната категорија имаат дополнителна можност да бесплатно да мигрираат од постоечкиот пакет во StartADSL пакет со 512МB вклучени во месечната претплата и секој дополнителен сообраќај над 512МB ќе биде достапен за 175МКД (без ДДВ) и ќе се наплаќа со месечната сметка.
Нови корисници
Ш Новите корисници имаат можност да изберат еден од следните пакети:
StartADSL со 512MB вклучени во месечната претплата и секој дополнителен сообраќај над 512МB ќе биде достапен за 175МКД (без ДДВ) и ќе се наплаќа со месечната сметка. Овој пакет е идеален за корисници кои сакаат широкопојасна брзина со ограничени потреби за сообраќај по атрактивна цена.
MaxADSL, OfficeADSL и ProfiADSL со задржување на брзината над 4GB, 10GB и 25GB соодветно. Секој дополнителен сообраќај над 512МB ќе биде достапен за 175МКД (без ДДВ) и ќе се наплаќа со месечната сметка. Овие пакети се идеални за корисници кои сакаат да уживаат во широкопојасните брзини без ограничување на капацитетот
MaxADSL, OfficeADSL и ProfiADSL со рестрикција на брзината над 4GB, 10GB и 25GB соодветно. Овие пакети се идеални за корисници кои сакаат да имаат целосна контрола над трошокот.
Се надеваме дека оваа проширена понуда ќе допринесе за поголемо задоволство на сите наши корисници и ви посакуваме среќно сурфање и уживање во услугите на АД Македонски телекомуникации
Со почит,
АД Македонски телекомуникации