Лимит на ADSL-от?

Луѓе.....од денеска, телекомуникации донесе одлука дека нема да се наплаќа после четири гигабајти, туку ке се намали брзината.....
 
Mesaja напиша:
Луѓе.....од денеска, телекомуникации донесе одлука дека нема да се наплаќа после четири гигабајти, туку ке се намали брзината.....
Не е баш точно. Туку освен пакетот „надмини - доплати”, сега има и пакет „надмини - сурфај бавно”.

Според мене прав потег! Така и треба да биде!

Ако не сум во право, поправете ме.
 
Acid напиша:

Па тоа ти е исто со тоа ја шо го напишав....
 
Acid напиша:
Не е баш точно. Туку освен пакетот „надмини - доплати”, сега има и пакет „надмини - сурфај бавно”.

Според мене прав потег! Така и треба да биде!

Ако не сум во право, поправете ме.

Па у право си, на кабловскиот така е... ене го Гижо ми се жали едвај чека да дое 1-ви... :pos:

Боље ќе сурфам поспоро отколку да им плаќам за надминати мегабајти..
 
Брзина на пристап (download/upload) 384/128 Kbps
Вклучен сообраќај со пакетот (месечно) 4 GB*
E-mail адреса 1
Mail2SMS 5
WEB2SMS 5
Динамичка IP адреса
USB модем или Ethernet модем 1
Дозволен број на поврзани компјутери 1
цени за договор на неопределено време
Месечен надомест 2990,00 ден
Еднократен надомест 4900,00 ден
цени за договор на една година за нови претпланици
Месечен надомест 2690,00 ден.
Еднократен надомест 3900,00 ден.

цени за договор на една година за постоечките претплатници
Месечен надомест 2690,00 ден
цени за договор на две години за нови претплатници
Месечен надомест 1990,00 ден.
Еднократен надомест 3900,00 ден.

цени за договор на две години за постоечки претплатници
Месечен надомест 1990,00 ден

* Брзината на пристап се намалува кога претплатникот ќе го надмине вкупниот месечен сообраќај (download + upload) вклучен со пакетот. Доколку претплатникот сака брзината на пристап да остане иста и по надминувањето на сообраќајот вклучен со пакекот, услугата се наплатува во износ од 175,00 денари за секои наредни 512MB започнат сообраќај.

Ova sega go vidov znaci deka ako jas sakam brzinata ista da mi bide si naplakam ako pominan 4GB a ako nekam mi se namaluva brzinata!
 
Сега, со голема страв дека ќе звучам глупо, сепак ќе си прашам. Ние старите корисници, треба да одима и да кажеме дали сакаме намалување на брзината или плаќање. Како ќе знаат кој што преферира, или биејќи во договорите, старите, стои дека со надминување на лимитот ќе ни паѓа брзината, нема да ни се наплатува?
 
Garfield напиша:

Мислам дека за нас (старите корисници) важи она со намалување на брзината. Се надевам дека нема да испаднат идиоти, и да не спуштат на dial-up...
 
За старите корисници важи намалувањето на брзината. Така и стои во договорот кој се потпишуваше.

Ќе биде одприлика како dial-up, ама не знам што би правеле со повеќе од 4GB освен ако не се занимавате со пиратерија и ако немате интернет кафе и 20 компјутери на основниот пакет.... :)
 
yin yang напиша:

Чист полтронизам и одобрување на се што ќе направат шефовите:icon_lol:
 
Знаеш што? Респект за постов! :music3:

Тие „најпогодените“ се интернет фрикови кои преземаат по 300 гига месечно. Епа неможе нон-стоп да ви биде вклучен компјутерот и даунлоад програмот да ви „корне“ и дење и ноќе. Плати па клати. Ептен се опуштија луѓево. А и мрежата се оптеретува.
 
humanoid напиша:
Чист полтронизам и одобрување на се што ќе направат шефовите:icon_lol:
Ма ајде хуманоид, во право е јинг-јанг.

На нормален корисник доволни му се 4 гига, дури и премногу!

Замисли, ние сите заедно во канцеларија користиме некои 6 гига месечно, а сигурно и самиот знаеш дека сите сме нон-стоп на интернет, прегледуваме стотици видео клипови, материјали...

За 1 корисник 4 гига се повеќе од доволно. Не кукајте.
 
Ако одобрувате да ве сечат, во ред.

Во секоја земја пакетите се шират, телеком си скратува.

Тоа е развојот изгледа.
 
добродојдено е што поголоем да биде лимитот, кабелскиве 6 гига се доволни, мада понекогаш очајно ми е потребно повеќе
 
humanoid напиша:
Ако одобрувате да ве сечат, во ред.

Во секоја земја пакетите се шират, телеком си скратува.

Тоа е развојот изгледа.
А во секоја земја секој си зема за право да се приклучи на диво со комшијата, или 5 комшии?

Па неограничен интернет за ситни пари?
 
Тоа е сосема друг проблем и е работа на инспекторите и прекршување на договорот.

А парите не се баш ситни.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom