Масука (Dexter) - И после шест години, се' уште не му ја сфаќам целта. Прво, карактеристиките на ликот, да, нормално, паметен е (via being Asian), но истовремено е и ептен глуп бидејќи дозволува Декстер да му се провлекува пред нос. Второ, ерген е и голем женкар и постојано мисли на дупење. Толку. Во сите шест сезони Масука си остана ист и според мене одамна нема никаква потреба да се мота повеќе. Или пак можеби продуцентите сметаат дека ваквиот лик им е смешен на гледачите и дека служи за разведрување на вообичаената мрачна атмосфера. Ако тоа е идејата за ликот, можам да кажам дека реализацијата е катастрофална.
Ники и Паоло (LOST) - Најомразените ликови според фановите, виновни за најомразената епизода од цела серија, Expose. Бидејќи продуцентите објаснија се' што можеа и повеќе не остана ниту една нерешена мистерија во серијата, во трета сезона се запознавме со два нови лика, кои уствари одамна се шлепаа тука некаде, само најверојатно се срамеа од камерите. Не само тоа, туку и добија сопствена центрична епизода, гореспоменатата Expose, каде беше објаснето нивното минато како демек на некој му е гајле за нив. Во серијата останаа далеку подолго отколку што требаше, ама барем заминаа со стил.
Ерик Форман (House) - Не знам што да напишам за него, освен тоа дека е еден од најбледите ликови од сите серии кои сум ги гледал. По ништо не се истакнуваше, немаше никаква емоција кај него и обид да се доближи до публиката. Тотално непотребен лик, кој за некое чудо издржа до крајот на серијата.
Нина Маерс (24) - Кога ќе не' смачка Апокалипсата на 21-ви декември годинава, на Земјата ќе преживеат само бубашвабите, Ѕинго и Нина Маерс. Колку да појаснам, ако некој лик е негативец, не мора да значи дека ме нервира. Постојат негативци кои ги обожавам (Гас Фринг, duh), постојат негативци кои не ми пречат се' додека служат за збогатување на дејството (Глабер од Spartacus) и постојат негативци со кои се претерува и кои никако не можат да умрат. Таков е случајот со госпоѓица Маерс која издржа цели три сезони во 24. Се' си беше во ред на крајот од првата сезона кога, при еден извонреден пресврт, Нина испадна дека е двоен агент. Тука требаше да биде крајот на овој лик, но не, во втора сезона повторно Нина се појави како закана за Америка и criminal mastermind од рангот на Бин Ладен, иако веќе една година беше во затвор. Бидејќи тоа не беше доволно, на крајот од сезоната е помилувана од Претседателот со цел да се врати во трета сезона за последен пат. На барање на никој.
Тони Динозо (NCIS) - Серијава ја пратев онака, кога ќе ја фатев на ТВ и кога ќе немав што да правам. И покрај тоа што ги немам гледано сите епизоди, ќе ми остане запаметена по еден од најодбивните ликови ever, типот од сликата горе.
Лори Грајмз (The Walking Dead) - Making the zombie apocalypse much worse than it has to be. Бев вљубен во глумицата кога гледав Prison Break, ама дури ни таа не може да ја испере ваквата карикатура од лик. Лори ги поседува сите карактеристики кои се типични за лик кој нервира. Очајна сопруга, очајна домаќинка, очајна пријателка, очајна гостинка, и пред се', очајна мајка. Нејзината изрека 'hey, can you watch Carl for a sec?' е веќе култна. И плус она од крајот на последната сезона, кога прво му вели на Рик да го стори тоа (вака одоколу колку да не спојлерисувам) а потоа му се лути за истото. Се надевам дека хорда зомбија ќе ја растргнат уште на почетокот од новата сезона.
Госпоѓа Бејтс (Downton Abbey) - Oдвратен лик, гнаса. Оние кои ја пратат серијата знаат поради што ја ставам во листата, а оние кои не ја пратат серијата ќе дознаат ако ја почнат (via препорака за серија).
Бонус лик кој ме нервира: Chuck Bass од Gossip Girl кој мислам дека уште баба ми го нема постирано на ФБ. Не ја гледам серијата, ама не можам да побегнам од Чак, фустаните на Серена и Блер, цитатите на тема љубоФ и слични глупости кои произлегуваат од Озборувачката. Затоа овие фаци (со исклучок на Џени, бидејќи за малку ќе ја силуваа во единствената епизода која сум ја гледал) заслужуваат да се спомнат во мојата листа, колку и да е клише.