Ликови од серии кои ве нервираат

Леле еј, абе само што го гледам на слика ми иде да му ја бапнам една.:pos:
И нема врска, не било до серијата, актеров не го можам, го гледав вчера како гостин во Менталист. Ау, неподнослив е!

louis502.jpg
 
masuka-cs_lee.jpg


Масука (Dexter) - И после шест години, се' уште не му ја сфаќам целта. Прво, карактеристиките на ликот, да, нормално, паметен е (via being Asian), но истовремено е и ептен глуп бидејќи дозволува Декстер да му се провлекува пред нос. Второ, ерген е и голем женкар и постојано мисли на дупење. Толку. Во сите шест сезони Масука си остана ист и според мене одамна нема никаква потреба да се мота повеќе. Или пак можеби продуцентите сметаат дека ваквиот лик им е смешен на гледачите и дека служи за разведрување на вообичаената мрачна атмосфера. Ако тоа е идејата за ликот, можам да кажам дека реализацијата е катастрофална.

GgnFM.png


Ники и Паоло (LOST) - Најомразените ликови според фановите, виновни за најомразената епизода од цела серија, Expose. Бидејќи продуцентите објаснија се' што можеа и повеќе не остана ниту една нерешена мистерија во серијата, во трета сезона се запознавме со два нови лика, кои уствари одамна се шлепаа тука некаде, само најверојатно се срамеа од камерите. Не само тоа, туку и добија сопствена центрична епизода, гореспоменатата Expose, каде беше објаснето нивното минато како демек на некој му е гајле за нив. Во серијата останаа далеку подолго отколку што требаше, ама барем заминаа со стил.

foreman.jpg


Ерик Форман (House) - Не знам што да напишам за него, освен тоа дека е еден од најбледите ликови од сите серии кои сум ги гледал. По ништо не се истакнуваше, немаше никаква емоција кај него и обид да се доближи до публиката. Тотално непотребен лик, кој за некое чудо издржа до крајот на серијата.

nina-meyers-24-7.jpg


Нина Маерс (24) - Кога ќе не' смачка Апокалипсата на 21-ви декември годинава, на Земјата ќе преживеат само бубашвабите, Ѕинго и Нина Маерс. Колку да појаснам, ако некој лик е негативец, не мора да значи дека ме нервира. Постојат негативци кои ги обожавам (Гас Фринг, duh), постојат негативци кои не ми пречат се' додека служат за збогатување на дејството (Глабер од Spartacus) и постојат негативци со кои се претерува и кои никако не можат да умрат. Таков е случајот со госпоѓица Маерс која издржа цели три сезони во 24. Се' си беше во ред на крајот од првата сезона кога, при еден извонреден пресврт, Нина испадна дека е двоен агент. Тука требаше да биде крајот на овој лик, но не, во втора сезона повторно Нина се појави како закана за Америка и criminal mastermind од рангот на Бин Ладен, иако веќе една година беше во затвор. Бидејќи тоа не беше доволно, на крајот од сезоната е помилувана од Претседателот со цел да се врати во трета сезона за последен пат. На барање на никој.

tony-dinozzo.jpg


Тони Динозо (NCIS) - Серијава ја пратев онака, кога ќе ја фатев на ТВ и кога ќе немав што да правам. И покрај тоа што ги немам гледано сите епизоди, ќе ми остане запаметена по еден од најодбивните ликови ever, типот од сликата горе.

twd-lori-jpg_012523-e1332467564423.jpg


Лори Грајмз (The Walking Dead) - Making the zombie apocalypse much worse than it has to be. Бев вљубен во глумицата кога гледав Prison Break, ама дури ни таа не може да ја испере ваквата карикатура од лик. Лори ги поседува сите карактеристики кои се типични за лик кој нервира. Очајна сопруга, очајна домаќинка, очајна пријателка, очајна гостинка, и пред се', очајна мајка. Нејзината изрека 'hey, can you watch Carl for a sec?' е веќе култна. И плус она од крајот на последната сезона, кога прво му вели на Рик да го стори тоа (вака одоколу колку да не спојлерисувам) а потоа му се лути за истото. Се надевам дека хорда зомбија ќе ја растргнат уште на почетокот од новата сезона.

downton-abbey-s2-e4-vera-bates-is-back-x-400.jpg


Госпоѓа Бејтс (Downton Abbey) - Oдвратен лик, гнаса. Оние кои ја пратат серијата знаат поради што ја ставам во листата, а оние кои не ја пратат серијата ќе дознаат ако ја почнат (via препорака за серија).

Бонус лик кој ме нервира: Chuck Bass од Gossip Girl кој мислам дека уште баба ми го нема постирано на ФБ. Не ја гледам серијата, ама не можам да побегнам од Чак, фустаните на Серена и Блер, цитатите на тема љубоФ и слични глупости кои произлегуваат од Озборувачката. Затоа овие фаци (со исклучок на Џени, бидејќи за малку ќе ја силуваа во единствената епизода која сум ја гледал) заслужуваат да се спомнат во мојата листа, колку и да е клише.
 
mas.jpg

Кога ќе го слушнам со тоа што ми е при рака мавам во телевизорот ...
Ме вади од кожа многу напорно дете
 
Како некој би можел да го мрази Тони Динозо?
ping VLJ
Нема некоја особена причина, најверојатно ради препотентноста и тоа што е демек многу јак заебант. Не дека во Нејви има некој асален лик, ама овој ептен штрчи. Ноу офенс :)
 
Рејчел од Пријатели. Имам пишувано во таа тема зашто.
 
34g333a.jpg

за кучкава што да се каже повеќе кажаа доста луѓе, туку покрај неа е и нејзиниот копиљ кој во последните епизоди ме вади од такт, се бута кај што не му е место, дури и Dale е мртов заради него. СВЕ МУ ЕБЕМ !
okn8yf.jpg
 
Ич не поднесувам такви лигли како оваа од ЦСИ. Уште пак и со Делко :love: во врска:notworthy:
CSI-Miami-csi-miami-24962850-400-300.jpg



Lady Stark
Воопшто не и местото во серијата! Па дури и заводница! :eek:
catelyn600.jpg
 
Oliver Trask - The OC
tumblr_lwsmt4nfOB1qmdsfj.jpg


само шо го гледам на сликава копилево, ми иде да скршам мониторот. најголемото ѓубре од сериите шо ги имам гледано

Summer Roberts - The OC
rachel%20bilson.jpg


многу антипатична ми беше во целата серија, а посебно во првата сезона. карактерот нејзин е :гомце:
 
Ленард, коа ќе го напраи потезон со прстите и кривење на главата, ми иде лопата да земам и по глава да се мавам :mad:
leonar-bbt.jpg

--- надополнето: 28 септември 2012 во 18:12 ---
За почитувачите на старите српски/југословенски серии, Небојша Неца голубовиќ од Среќни луѓе! Лигаво створење едно :P

592337_276847765754892_1791382700_n.jpg
 
Серија - Boston Legal
images

Екстремно ми оди на нерви со тоа куклите, дрвените цигари и однесувањето. Ја даваат сега на Фокс Лајф и секогаш кога ќе се појави во некоја сцена, внатрешно некоја нервоза и негативна енергија ме удира.

Серија - How I met your mother
images

На моменти ми е ок, на моменти ми се иде да ја треснам. Му трубеше на Тед дека не сака деца, на свадбата со Стела му рече: Од секогаш мислев дека ако некогаш се премислам во врска со брак и деца, ти ќе бидеш тука. Да де, Тед златна резерва, ако нејзе некад и текнало. И со Барни се испонаша кучкесто, му го искорна срцето. Не знае што сака, менува однесување и ставови...

Серија - Law and Order: CI
images

Ликот како лик е ѕверка, паметен, поштен детектив, ама ми оди на нерви некако појавата и начинот на кој зборува, гласот... ме иритира едноставно. Си ја гледам серијава и си го поштувам и него меѓу другото, ама до одреден степен и навистина ме нервира.

Серија - Менталист
images

Рака на срце, оставам простор да се премислам, затоа што тек сум на почеток од серијава, ама од тоа што до сега го видов, ме иритира ликов, се наметнува и има понашање некое што не ми се свиѓа.

Серија - Bones
images

Иритираше до даска. Брилијантен, супер беше у решавање случаи тоа да, али заморантус невиден. Кога ќе почнеше да збори, почнував да се нервирам, депресија ме фаќаше кога ќе го видам.

Серија - Декстер
images

Не можам, не го можам. Неколку пати реков ќе и дадам шанса на серијата, секој пат кога ќе седнам, кога ќе го видам, кога ќе му го чујам гласот, почнувам да се нервирам, да ми се превртува желудник од неговата иритантна појава и глас и веднаш исклучувам.

Серија - Spin City
images

Едноставно не ми се уклопуваше нејзиниот лик во серијата, а не ми беше ни смешна... И ден денес ме иритира, кога и да ја загледам серијата.

Има уште на овие први ми текна... :)
 
Person of Interest - детектив Lionel Fusco

tumblr_m4j92sbiUb1rws8fbo9_r1_1280.jpg


Човеков е дефиниција за смотаница и цреп. Да го пратиш да ти купи бурек он ќе ти донесе смоки.
 
Серија - Декстер
images

Не можам, не го можам. Неколку пати реков ќе и дадам шанса на серијата, секој пат кога ќе седнам, кога ќе го видам, кога ќе му го чујам гласот, почнувам да се нервирам, да ми се превртува желудник од неговата иритантна појава и глас и веднаш исклучувам.
+ 1 за Декстер. Изгледав 2 епизоди од серијата и едноставно е досадна, а за актерите да не коментирам, кој од кој "посимпатичен". Декстер со својата појава морничав, крајно антипатичен...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom