Лига на шампиони 2013/2014

  • Креатор на темата Креатор на темата Види Фотос
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 март 2010
Мислења
17.140
Поени од реакции
16.833
Velux_EHF_CL.PNG

Moжеби малце рано ја отворам темата, до почетокот на групната фаза има помалце од два месеци, но за нас оваа година и ова натпреварување ќе привлече големо внимание. Имаме шанса во групната фаза да се најдат два наши претставника, еден е веќе во група пласиран, а тоа е шампионот на Македонија, екипата на Вардар. А Металург го дели само два меча до таа групна фаза за пласман во групите, и до дерби со Вардар, но сега во европски рамки.

Вардар како првак на Македонија, директно се пласираше во групната фаза, и се најде во група со уште и шампионот на Шпанија, екипата на Барселона, тука е и доста силниот оваа година тимот на ПСЖ каде има голем број на ѕвезди. Во групата уште е и екипата на Вакер Тун, групата ќе се комплетира после квалификацискиот турнир и победникот од тој турнир ќе обезбеди место во оваа група, во квалификациите на тој турнир се најдоа екипите на Татран Прешов, Динамо Минск, АЕК, и екипата на Бешикташ.
Шестиот учесник во оваа група ќе се бара во вајлд кард мечот помеѓу Металург и Пик Сегед. Првиот натпревар се игра во Скопје, а возвратниот дуел во Унгарија. Шансите за тоа да гледаме оваа година два тима во ЛШ се доста големи, останува само да чекаме до 1ви септември и да дознаеме за тоа.

Вардар првиот меч во ЛШ го игра со најголемиот фаворит во неговата група, Барселона и тоа на домашен терен.

Ако се пласира Металург во наредна фаза од ЛШ, дербито против Вардар би го играле во 5то коло, како „домаќин“ на тој прв дуел ќе е Металург.

Тимот на Вардар со доаѓањето на новиот инвеститор во клубот, имаат големи шанси да се пласираат во Топ 16 фазата, а зошто да не, и го повторат успехот од минатата сезона на Металург, каде тимот од Автокоманда се пласираше во 1/4 финалето, и го направи најголемиот успех во клубскиот ракомет во нашата држава.

Еве ги и останатите три групи

А група
Веспрем
Загреб
Победникот од квалификацискиот турнир 3
Петерсбург
Рајн Некар
Цеље Пивоварна Лашко

Б група
Кил
Киелце
Победникот од мечот Монпеље - Висла Плок
Колдинг
Данкерк
Победникот од квалификацискиот турнир 4

Д група
Алборг
Горење
Флензбург
Ла Риоха
Победникот од мечот Фуше Берлин - Хамбург
Победникот од мечот Дрот Халмштад - Хандбал Еш

По откажувањето т.е згаснувањето на тимот Атлетико Мадрид, се отвори ново место во групната фаза во ЛШ, па ЕХФ го измени начинот на вајлд кард турнирот, па така наместо два полуфинални меча и финале, сега ќе се играат само два меча, и тоа Металург - Пик Сегед, и Монпеље - Висла Плок.
Плеј оф мечот помеѓу Фуше Берлин и Хамбург, ќе го донесе третиот патник во ЛШ.

Титулата од ланската сезона ја брани тимот на Хамбург, кој можеби и ќе нема можност оваа година за да ја одбрани титулата, ако не победи во двомечот со Фуше Берлин.

Исто така и во женска конкуренција Македонија има изгледни шанси да има претставник во групната фаза, но за тоа тимот на ЖРК Вардар кој е доста засилен оваа сезона, ќе мора да помине квалификациски турнир, на кого освен тие ќе играат и Ростов, Салерно и можеби најопасниот тим од тие три, францускиот преставник, тимот на Флори Лоре. Турнирот го организира тимот на Салерно.
Вардарки ќе играат токму против домаќинот на овој турнир, а потоа за пласман во групната фаза, ќе треба да се сретнат со еден од тимот на Ростов или Флори Лоре.
 
Ајде Вардар - Металург финале (освен ако поради ждребот не играат во полу или четврт финале) :P
 
Според сознанијата на Спорт Клуб, скопската приватна телевизија Алфа официјално ги откупила правата за машката и женската лига на шампиони и тоа за две сезони (2013/2014 и 2014/2015) кои чинат 140,000 евра. Продукциската реализација ќе биде на продукциската куќа „Томато“. Додека преносите ќе бидат во висока (HD) резолуција, а телевизијата ќе мора да емитува диретни преноси од натпреварите на Вардар Про, Металург и ЖРК Вардар СЦБТ (доколку се квалификуваат Вардар СЦБТ и Металург) и ќе има шанса да емитува по уште еден пренос од Лигата на Шампионите. Деби преносот телевизијата Алфа ќе го има уште во среда од натпреварот помеѓу Металург-Пик Сегед, кој ќе биде проследен со стручен коментатор и ќе има овозможено специјално студио во спортскиот центар „Борис Трајковски“.
 
Стручен коментатор и одма ми текнува на "стручњакот" Клинчаров :eek:
 
Хамбург 27 : 26 Берлин
Hamburg се пласираше во групната фаза од ЛШ.
 
Нека го донесат Д-р Стевче Стефановски за стручен коментатор.
 
Преодна отцена за Алфа како за прв меч, ма да имаат доста недостатоци за поправка.

1. Звукот на иритантниот официјален спикер у салата е погласен од тој на коментаторите. Океј е ако сакаат да го појачаат звукот од салата за да се долови атмосферата, ама тоа се прави динамично, што ваљда го открија пошто во второ полувреме го подобрија и беше океј.

2. Коментаторите ме напнуваат. Едниот стенка ко Бранко Чупески за небитни работи, а двајцата често киксираат. И тоа не за ракометни работи, туку основни, бројчани. Металург промаши 2 пенала, тој вика трет промашен. Дава играч на Сегед гол, доле пишува трет негов, овој вика прв гол. А и Олјески два пати даваше првенец според Момировски. :pos:

Друго за нив, пак премногу форсирање на она „наш“, „нашите“, „ние“ во име на Металург. Разбирам да се употребат неколку пати придавки, но овие претераа, што нервира. Премногу форсирање на тоа клуб=репрезентација. Врв беше па кога кажа дека преку оваа победа ќе сме им се одмазделе на Унгарија за поразот од квалификациите за ОИ. :facepalm:

3. Тоа со студиото убаво изгледа, само уште да викаат некои кои се разбираат колку толку од ракомет. Ваљда ќе ги биде.
 
Апсолутно не се согласувам со болдираното.
Како треба да ги ословуваат ако не наш, наши и сл.??? , па истите тие играат (најголем дел ) и за репрезентација и нормално дека се наши, сигурно овие противниците нема да ги викаат наши.
Тоа именување е нормално и секаде го употребуваат каде играат наши клубови против клубови од странство.
Е сега ако некој е помал фан на Металург (или пак повеќе навива за Вардар Про), не треба да се чуствува за навреден поради тоа што и двата клубови се претставници и на македонскиот ракомет, и на Македонија, а сите ние сме македонци.
Нормално кога играат Металург и Вардар Про такви ословувања нема и е смешно да има, но во секој друг случај е оправдано
 
Ќе имаат сега 10 шанси во машка, и се надевам три во женска конкуренција, да се докажат.
Што знам, мене ми беа океј како за прв пренос, па оти да не се употребува „нашите“, па не се сигурно на Србите тимовите Металург/Вардар. Е проблемот е кај фановите, што ако се употребува тоа, одма мислат дека коментаторот го форсира едниот повеќе од другиот наш претставник.

Вардар - Металург во ЛШ како моќно звучи!:drk:
 
Апсолутно не се согласувам со болдираното.
Како треба да ги ословуваат ако не наш, наши и сл.??? , па истите тие играат (најголем дел ) и за репрезентација и нормално дека се наши, сигурно овие противниците нема да ги викаат наши.
Тоа именување е нормално и секаде го употребуваат каде играат наши клубови против клубови од странство.
Е сега ако некој е помал фан на Металург (или пак повеќе навива за Вардар Про), не треба да се чуствува за навреден поради тоа што и двата клубови се претставници и на македонскиот ракомет, и на Македонија, а сите ние сме македонци.
Нормално кога играат Металург и Вардар Про такви ословувања нема и е смешно да има, но во секој друг случај е оправдано

Еве у Вардар доминираат странците, па таа логика ти отпаѓа.

Реков, океј е да се употребуваат присвојни придавки до одредена мера. Но претерување со нив станува дебилно. Овие често претеруваа.

Вие се буните кога Србиве го величат Новак, а сеа ова чини. Нормално е да се има делумна субјективност во коментирањето и да се навива за нашиот тим, сигурно нема да навивам за Пик Сегед, ама преголема употреба на тоа присвојување е одбивна. Толку.
 
И сите да се странци, кога ќе излезат на терен играат за македонски клуб, и го претставуваат македонскиот ракомет.
Тоа дека тебе тоа не ти се допаѓа е ствар на вкус, а не дека тоа не е правилно и дека не треба да се користи
 
Јас не го замерив тоа бато, ти си даде твоја логика дека треба да се викаат „наши“ затоа што мнозината играат во репрезентација. За мене и цел тим да е од странци, не влијае.

Немам ништо против да се нарекуваат Вардар и Металург наши, пошто се наши, факт е тоа. Но преголемо користење на такви придавки во пренос станува глупо. Треба само осет.

Мислам тоа со одмаздувањето на Унгарија преку оваа победа беше курир.мк став... страшно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom