- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 17.140
- Поени од реакции
- 16.832
Moжеби малце рано ја отворам темата, до почетокот на групната фаза има помалце од два месеци, но за нас оваа година и ова натпреварување ќе привлече големо внимание. Имаме шанса во групната фаза да се најдат два наши претставника, еден е веќе во група пласиран, а тоа е шампионот на Македонија, екипата на Вардар. А Металург го дели само два меча до таа групна фаза за пласман во групите, и до дерби со Вардар, но сега во европски рамки.
Вардар како првак на Македонија, директно се пласираше во групната фаза, и се најде во група со уште и шампионот на Шпанија, екипата на Барселона, тука е и доста силниот оваа година тимот на ПСЖ каде има голем број на ѕвезди. Во групата уште е и екипата на Вакер Тун, групата ќе се комплетира после квалификацискиот турнир и победникот од тој турнир ќе обезбеди место во оваа група, во квалификациите на тој турнир се најдоа екипите на Татран Прешов, Динамо Минск, АЕК, и екипата на Бешикташ.
Шестиот учесник во оваа група ќе се бара во вајлд кард мечот помеѓу Металург и Пик Сегед. Првиот натпревар се игра во Скопје, а возвратниот дуел во Унгарија. Шансите за тоа да гледаме оваа година два тима во ЛШ се доста големи, останува само да чекаме до 1ви септември и да дознаеме за тоа.
Вардар првиот меч во ЛШ го игра со најголемиот фаворит во неговата група, Барселона и тоа на домашен терен.
Ако се пласира Металург во наредна фаза од ЛШ, дербито против Вардар би го играле во 5то коло, како „домаќин“ на тој прв дуел ќе е Металург.
Тимот на Вардар со доаѓањето на новиот инвеститор во клубот, имаат големи шанси да се пласираат во Топ 16 фазата, а зошто да не, и го повторат успехот од минатата сезона на Металург, каде тимот од Автокоманда се пласираше во 1/4 финалето, и го направи најголемиот успех во клубскиот ракомет во нашата држава.
Еве ги и останатите три групи
А група
Веспрем
Загреб
Победникот од квалификацискиот турнир 3
Петерсбург
Рајн Некар
Цеље Пивоварна Лашко
Б група
Кил
Киелце
Победникот од мечот Монпеље - Висла Плок
Колдинг
Данкерк
Победникот од квалификацискиот турнир 4
Д група
Алборг
Горење
Флензбург
Ла Риоха
Победникот од мечот Фуше Берлин - Хамбург
Победникот од мечот Дрот Халмштад - Хандбал Еш
По откажувањето т.е згаснувањето на тимот Атлетико Мадрид, се отвори ново место во групната фаза во ЛШ, па ЕХФ го измени начинот на вајлд кард турнирот, па така наместо два полуфинални меча и финале, сега ќе се играат само два меча, и тоа Металург - Пик Сегед, и Монпеље - Висла Плок.
Плеј оф мечот помеѓу Фуше Берлин и Хамбург, ќе го донесе третиот патник во ЛШ.
Титулата од ланската сезона ја брани тимот на Хамбург, кој можеби и ќе нема можност оваа година за да ја одбрани титулата, ако не победи во двомечот со Фуше Берлин.
Исто така и во женска конкуренција Македонија има изгледни шанси да има претставник во групната фаза, но за тоа тимот на ЖРК Вардар кој е доста засилен оваа сезона, ќе мора да помине квалификациски турнир, на кого освен тие ќе играат и Ростов, Салерно и можеби најопасниот тим од тие три, францускиот преставник, тимот на Флори Лоре. Турнирот го организира тимот на Салерно.
Вардарки ќе играат токму против домаќинот на овој турнир, а потоа за пласман во групната фаза, ќе треба да се сретнат со еден од тимот на Ростов или Флори Лоре.