Јас не сваќам како после ваква утакмица денеска комитиве не престануваат со јадењето на гомна.Значи од вака што се фурате ќе го замразам вардар уште малце.Победете и вие против псж и ќе бидам радосен како и денеска.Уствари јас бев пресреќен кога вардар извлече Х против барса и бев тажен за зицерот на дибиров.Сеа ако сте ривали со металург окс е али немора да се јади гомна нон стоп.Ми пропаткаа мадинава со ова дека подобро сте навивале.Нема металург навивачи јаки и тоа сите го знаеме немора само за тоа дасе тупи 24/7 овде.И каде е ФАРАНГ кој ми тврдеше дека вардар подобар тим имал.И уште нешто... кој сака дасе клади со мене дека кога вардар ќе го прими со 5+ разлика од псж на 13ти(не го посакувам ова, од срце сакам да победат и со 5+ разлика) ќе го тупат комитиве дека псж сеа играл послабо и неуиграно во споредба со утакмицата со нив ?
Јас ќе се кладам може?

Нема што да се правдаме пред некого, кој бил воигран кој не, факт е дека денеска Металург направи ПСЖ да изгледа мизерно и лесно ги совлада. И оваа победа скоро сигурно ги носи во осмина финале.
Дека ПСЖ е во резултатска криза и тоа е вистина и дека веројатно за пола месец ќе бидат на повисоко ниво во Борис е прилично извесно пошто од ова денес не верувам полошо да изиграат.
Не треба да си Ајнштајн за да сфатиш дека екипа со повеќе нови играчи и треба малце повеќе време за да се воигра, и дека најдобрата форма ја достигнува во втората половина од сезоната. Така да доста веројатно е за против нас да бидат повоиграни, а нивната сила ќе ја видиме и на нивни паркет
Металург има одличен старт и покажуваат дека годинава тешко дека некој ќе им земе бодови во Скопје, а веројатно и на гости ќе бидат конкурентни. Веќе трета сезона го имаат костурот на тимот, така да тоа им е голема предност пред ПСЖ, Вардар и Динамо кои допрва се воигруваат. Си го пронајдоа местото меѓу 16-те најдобри клубови во Европа во изминативе сезони (зборам на играчки план, тоа што го мрзам нивниот патриотски филм ќе го тргнам настрана) и тука нема збор. Проблемот им се јавува благодарение на Червар кој ги игра истите играчи цело време во сите можни конкуренции па во втора полусезона кога им се најважните мечеви имаат цела болница во тимот.
Вардар не почна толку лошо за да се донесуваат такви заклучоци кој бил подобар

Еве денес ги победивме Брест Мешков во Белорусија, што за мене е чекор понапред знаејќи дека во минатото сме можеле да сонуваме да победиме таму, и тоа прилично лесно

Против Динамо можевме до бод, ама сепак слабо одигравме и загубивме, но не беше толку трагичен пораз какви што сме трпеле во минатото.
Уште сме енигма како тим, ама веројатно на домашен терен тешко ќе можат да ни скинат бодови. Плус засилувањето на нашиот состав не е завршено. Ако се донесе и Дисинџер, тогаш ќе бидеме уште посилни.
Фаранг се префорсирува во муабетите, увек е најголем оптимист

Навикнати се ракометарите на Металург да играат пред бучна публика, така да тоа нема да им биде проблем како што претпоставуваат повеќето наши фанови

Не се од марс паднати, ги имаат прошетано Македонскиве клубови и знаат како е да играш пред жешка атмосфера.
Пак ќе повторам, многу грешна слика имате за нашите годинашни амбиции и за тоа колку пари биле потрошени и дека со тој буџет треба во фајнл фор да играме

Веројатно имаме поголем буџет од Металург во моментов, ама таа разлика не е којзнае колкава. Атман, Станиќ, Вугринец, Миркуловски, Мојсо сигурно не играат на лепе очи

Со моменталниов состав успех е ако влеземе во осминафинале и тука негде би требало да е крајот. Неуспех е ако испаднеме уште по групи. Главната борба треба да се води во лигата пошто ташак што ќе имаме две екипи во ЛШ идна година
Според мене Металург ќе биде трет во групава, а меѓу нас и Динамо ќе се бира последниот патник. Се ми се врти сценарио во кое Металург губи во Минск и не поебува на крајот, ама сепак... Воглавно кога навивам да победат, по дифолт губат

Наше си е да ги добиеме Динамо со 2+ во Скопје, да пробаме да го добиеме ПСЖ и секако да се добие Тун на да пати.
Баш ме интересира до кај сме како екипи на гостувањата кај големите екипи.
Порано се знаеше дека гостувањата во Шпанија ни беа ревијални, под 15 разлика не поминуваш

Ме интересира дали и на овие мечеви би се држеле резултатски
Убаво е што гледаме дека во Скопје и двете екипи се тврд орев за посилните, ќе биде интересно како би поминувале на нивни терен.
П.с. не знам колку паметите ама ова не е прв пат Металург да победи против ПСЖ

Пред неколку години играа четрт финале во КПК со нив. За еден гол во последните секунди мислам дека испаднаа
