Абе за безпари играат у Металург, особено Вугринец и Станиќ, им се допаднале ќебатите кај Злате па затоа играат у Скопје.
Јасно е дека Металург (читај чика Минчо) фрли голема пара на почетоков на оваа сезона. Се кршеа муабети зошто купува странци а не домашни, за што не треба да има замерка доколку овие самите не се форсираа дека форсираат домашни играчи. Со домашните видоја дека не се срка Лига на Шампиони, мораше да го откупат Станиќ, он ги кошта 1/5 од буџетот сигурно. Кога се сака успех, не е битно дали се домашни или не, тоа е нивно право, останува само уште да не паламудат дека успехов е со домашни играчи направен...
Јавна тајна деновиве е и друго нешто, а тоа е дека на Минчо работата не му беше баш најсјана, се вртеа муабети дека каснат плати во Металург, дека од наредна сезона ќе распродаваат, за одеднаш, со магичен пресврт у една недела да потпишат со клучните тројца играчи во нападот (Мојсо, Ракчевиќ и Вугринец).
Туку така не се деси тоа, туку се деси со помош на магичното стапче кое му помогна и на МЗТ. Не за џабе и имаше „такви фаци“ во БТ на мечов со Минск. Живела влада сојузне федеративне републике Македоније!
Е сеа, според мене Килце не е најлесниот противник. Мислам дека Атлетико ќе беше тоа. Сепак, 1/4 финале е и нема лесни противници. Имаа среќа за групата, особено со банкротот на Копенхаген, но за сега не може тоа да се каже, па ни за 1/8 финалето бидејќи самите завршија втори и си одбраа полесен противник.
Она што мене ме зачуди, позитивно секако, е гооооолемата судиска помош што ја добива Металург во ЛШ, и паралелно и Металург и Вардар у СЕХА. Па да му ебам матер, ваква помош од судиите да имаме и за репрезентација, освојуваме медал!
Како и да е, ова е голем успех, несомено, кој не може да им се омаловажи со „имање среќа муабети“. Металург е во последни осум и тоа е факт.