jyvation
Пургер
- Член од
- 4 ноември 2009
- Мислења
- 2.170
- Поени од реакции
- 2.780
Верувај брат нема.....нашите фирми и во регионов според прометот што го прават се Алија Сиротановиќ......
Финансираат куглање и карате затоа што само тоа можат.
Ќе ти кажам дека една фирма тука во Македонија прави 100-200 000 евра промет годишно,а и да дуби на глава и да се окози ако сака не може многу повеќе од тоа да направи тука.Во Хрватска типот што ги застапува истите фирми толку дава годишно спонзорирајќи локален ракометен клуб......милионски промети има на годишно ниво.
Замисли тој од Германија што ги има тие позади него колку пари млати и колку има да спонзорира.
Имаме многу многу мал пазар,кој згора на тоа е и многу сиромашен,а немаме ни многу извозници.Убедливо најлоша комбинација сме.....
Се знае имаме 10-20 подобри компании што солидно стојат другото се се странски фирми што уво не ги боли за спонзорства.Немаме ние мали и средни претпријатија,само тие неколку поголеми и чат пат некој малце помал и странците......цела економија ни е тоа.
Имаме ние пари за 4 клуба,ама во ништо друго да не инвестираме......и тоа што постои кај нас државата и државни фирми го спонзорираат (МЗТ,Вардар...).
Не зборам за еден финансиер како шеицине од Катар што се пуни ко брод,туку за еден главен финансиер и 10-12 помали.Верувај Хрватска не е ништо поразлична од нас.Па не се и они огромен пазар исто сра*е се како нас.Само таму фирмите доколку се решат да инвестираат во спортот се подложни на даночни олеснувања.Влезе свеж капитал во клубовите,ја подобрија инфраструктурата и играчите веќе се продаваат за милионски суми.
Еве земи го за пример РК Загреб и сам знаеш дека ИНА и Кроација Осигурање(за името) фрлаат огромни пари ама имаат уште петнаесетина други помали спонзори кој го полнат буџетот.Епа кога нашите ќе го пресликаат тој модел и кога ќе почне да функционира све како што треба после сами по себе ќе си дојдат и инвеститори од надвор.
А до тогаш ќе се задоволуваме со владини проекти и ограничени и смешни буџети.