ги уби каков шут има за некоја година ќе биде звер само да се подобри технички пошто имаше некој грешки денеска во додавање и тоа но беа до некаде принудени..Хсв конечно тргна после таква екипа срамота е да немаат резултати.
Веќе од наредна сезона ќе игра во Бундес Лига,во амбициозниот Хановер Бургдоф....
Знаат шо да купат Швабите,не земаат шогоде....

А ХСВ некако сомнителни ми се...
Во Лига Шампиони имаат само еден пораз,од Фленсбург на гости и тоа во најсилната група со Фленсбург,Медведи,Монпеље,Адемар......а во Бундес Лига си играат курташак и губат бодови од кој стигнат....
Матат нешто...

На крај пак ќе се провлечат како лани,со вајлд карта...(ако освојат 4то место нормално,шо нималку нема да биди лесно зошто се во конкуренција со Фуше,Хановер.)..
Како и да е,конечно почнаа да играат како треба..имаа и малери со повреди,Лијевски,Лацковиќ беа повредени,Торстен Јансен речиси цела година беше надвор...сега се комплетни и треба да прикажат игра и да ги оправдаат милионите шо се фрлени на нив...
П.С.
За денес има неколку доста добри дуели....(ќе ги анализирам и низ призмата на кладилницата)

Пред се Атлетико-Фуше...
Фуше некако се мачат во гости,поразот во Минск беше голем шамар за нив,со Загреб се провлекоа низ иглени уши...
Атлетико не е на нивото од времето,ама кадарни се дома да победат било кого...нокаут фаза и групи е сосема различна работа,типувам на Атлетико,победа од барем 3 гола...
Адемар-Веспрем...
Премногу е потценет Адемар овде,гледам 1.25 дале коеф...за Веспрем...
Точно е дека Адемар не се ко на времето,ама дома се многу жустра екипа....
Овде е можно изненадување....
Силкеборг-Барса...
Нема шо да се размислува овде,толчење....Силкеборг е можеби најслабата екипа од сите осминафилисти,има да го изметат паркетот со нив......
Горење-Фленсбург
Фленсбург ја изгуби формата од пред некој месец,уморот ги стигна..
Не решетаат така лесно мрежи.....
Имаа и пехови со повреди,се повреди Атласон,Гландорф има ситна повреда и не се форсира многу....
Сепак ритамот е убиствен....да играш Бундес Лига и ЛШ не е заебанција,за разлика од екипите како Барса,Киелце,Веспрем кои си играат курташак во домашните лиги и одморени ќе се насочат кон ЛШ...
Горење има доста интересен тим,доста добро скоцкана екипа...и можно е да изненадат....
Би требало скапо да ја продадат кожата,а можно е и да извојуваат минимална победа,се бива..
Фленсбург има негативно искуство со гостувањата во Словенија....ништо чудно да изгубат денес...
Пик Сегед-Киелце..
Овде Киелце треба лесно да помини,но сепак имаа и тие пехови со повреди,Чупиќ,Штрлек...Зорман не е фит...
За класа се над Сегед,треба добро да ја научат лекцијата од лани кога испаднаа од Копер уште во 1/8 финале....
Мора денес да покажат дека заслужено се во елитата на европскиот ракомет.....