Лига на Шампиони 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Секое финале си има своја убавина. Епско финале би било без одбрана, кога би фучеле голови на сите страни. Не можеш да очекуваш ти во најбитната утакмица, да се игра ванземјански фудбал. Се се сведува на тактика, стратегија изработена претходно, калкулации. Влогот е голем. Времињата сега, оние фудбалските се поинакви.
Порано паѓале и во финалиња многу голови, се играло отворено, сега не е така. Ете види пример, дури и на Африкански куп годинава, се тактизираше, имаше малку голови и тако даље. А претходните години на истиот куп, паѓаа голови како круши, не се знаеше кој јаде кој пие.

Па искрено,го разбирам тоа....Али бизнисот и парите у фудбал го направија тоа да играчите неможе да се опуштат,да не смее да се изгуби,да мора да се држиш до тактика.....

Све ок тоа,али ипак ја сум за послобода малце,премногу стана само тактика!
 
Секој секого може да тепа. Нема фаворити. Уефа ќе стапи на сцена и некако ќе успее да ги намести поголемиве гиганти полесно да стигнат до 1/2финале.

Моја желба.;)

Реал - Псж 80-20 (Поради Ибра им давам минимални шанси...тој е проклетството)
Барса - Галата 100-0 (Нема потреба да се зборуе)
Беарн - Малага 90-10(И до тука е успех за Малага. Поискусен тим ќе ги отвори ко девица)
Јуве - Дортмунд 60-40(Симпатичен тим ми се Дортмунд,нивното време допрва доаѓа)

Реал - Јуве 50-50
Баерн - Барса 50-50

Ме изненади. :)
Очекував да бидеш трол и Галата да ја болдираш.:D
 
Па немаме играно уште со нив. Муабетот ми беше Јувентус уште се недокажани на она, фудбал на најнај високо ниво, а тука си земаат право да кажат Баерн не се тоа што мислат навивачите.

Ланскиот Баерн изгуби од Базел па стигна до финале, фудбал е. Четврт финалињата секогаш моќно ги играме, нека дојде кој сака.
Абе јас ни за Селтик не зборев дека ќе ги отвориме (што и беше реално да се случи) како што вие зборевте за Арсенал кој е за 5-6 класи појак од Селтик.
 
Па искрено,го разбирам тоа....Али бизнисот и парите у фудбал го направија тоа да играчите неможе да се опуштат,да не смее да се изгуби,да мора да се држиш до тактика.....

Све ок тоа,али ипак ја сум за послобода малце,премногу стана само тактика!


Нема назад веќе :)
 
Нека ни извинат Барса и Баерн(досадни се...овие првиве поготово...цело време само они освојуваат) ама Јуве и Реал не се играле одамна финале. :love:

cristiano-ronaldo-606-pedrag-mijatovic-celebrating-after-having-scored-for-real-madrid-during-his-prime.jpg
 
Нема теорија за такво нешто, 5 екипи, 4 двојки :)
Добро сега ти и Дортмунд го сметаш, јас не ги сметам за ТОП фаворити пошто за прв пат играат нокаут фаза после пооооодолго време.
 
Нема назад веќе :)

Добро,иако после голот на Дрогба стана драматично и интересно и тоа многу...

Али до голот односно до продужетоците беше тиња....Автобусот на Челзи и Баерн пробува да го прескочи...
 
Добро,иако после голот на Дрогба стана драматично и интересно и тоа многу...

Али до голот односно до продужетоците беше тиња....Автобусот на Челзи и Баерн пробува да го прескочи...

Некогаш и во тоа е убавината. Особено за фановите на една од тие екипи. Не е секогаш само пимплање и посед убаво за гледање. Секој сегмент од фудбалската игра си е убав и интересен на свој и посебен начин. Затоа не е тенис или кошарка, туку е најважната главна работа на светот :)
 
Добро сега ти и Дортмунд го сметаш, јас не ги сметам за ТОП фаворити пошто за прв пат играат нокаут фаза после пооооодолго време.

Топ фаворите не, ама ги гледав со Реал, Сити, Баерн Минхен 2 пати ... Страшно се мотивирани, и играат како целина...
Технички се одлично потковани, и на било кој да му се паднат од првите 3 фаворити, сметам дека може да направат добар резултат ...

За мене, прв фаворит од "сенка"
 
Најискрено не знам што да мислам кога фанови на Челзи го поддржуваат Баерн за понатаму. Тролаат ли, фантазираат ли, реалноста ја кажуваат ли, стварно не знам :D
 
Мислиш Интер дрвата повеќе заслужија годинава да играат ЛШ од Шалке? Ај прочитај пак што напиша.
Абе Интер се дрва сезонава а јас зборам дека општо, секако е помалку посакуван противник од едни Шалке или Леверкузен. Едноставно, реално е на секои 3-5 години Јуве да е зад Милан и Интер на табелата + некој кикс вишок и ете ги Рома, Лацио или Наполи пред Јуве што е = на неиграње во ЛШ. Во случајот на Баерн тоа е неизводливо затоа што,како прво нема минимум два противника во лигата кои се во најмала рака исто квалитетни како него. А како второ, дури и да се погоди таква сезона во која Баерн би дишел во врат на две екипи, нема шанси да се најде трета која би му ги расипала сметките за 4то место(иако ова еднаш се случи пред 3-4 години а ни самиот незнам како:)).
--- надополнето: 14 март 2013 во 00:22 ---
Нека ни извинат Барса и Баерн(досадни се...овие првиве поготово...цело време само они освојуваат) ама Јуве и Реал не се играле одамна финале. :love:

cristiano-ronaldo-606-pedrag-mijatovic-celebrating-after-having-scored-for-real-madrid-during-his-prime.jpg
Затоа играле неколку финалиња пред финалето, if you know what i mean:)
 
Топ фаворите не, ама ги гледав со Реал, Сити, Баерн Минхен 2 пати ... Страшно се мотивирани, и играат како целина...
Технички се одлично потковани, и на било кој да му се паднат од првите 3 фаворити, сметам дека може да направат добар резултат ...

За мене, прв фаворит од "сенка"
Добро тоа е нормално дека Дортмунд после Јуве,Баерн и Реал Барса се најквалитетна екипа во 1/4 финалето.



Иначе кога сме кај ждребките сакам да се паднат Дортмнд со Баерн, Барса со Реал и било кој од останативе меѓу себе нека се паднат :D
 
Не заебавај и ти. Едно е конкуренти за ЛШ да ти се Милан и Интер а друго е да ти се Леверкузен и Шалке. И Баерн да е во лига со првиве две, нема секогаш да е учесник во ЛШ.

Е како, Дортмунд е тука, Шалке сега дури одпадна од ЛШ, Леверкузен не е слаб итн. И во Италија Јуве не игра секоја недела со Милан и слични екипи.
 
Е како, Дортмунд е тука, Шалке сега дури одпадна од ЛШ, Леверкузен не е слаб итн. И во Италија Јуве не игра секоја недела со Милан и слични екипи.
Дортмунд е екипа која ја почитувам иако не исплескаа во финалето 97'. Капа доле за последниве две сезони ама Дортмунд го немаше едно добри 5-6 години во врвот на Бундеслигата. Јас зборам за константно квалитетни противници на Баерн а тие реално на секои неколку години се менуваат. Освен со Минхен 1860, незнам дали навивачите на Баерн некој друг меч го сметаат за дерби. Една година дерби им е со Дортмунд, друга со Вердер, трета со Шалке, четврта со Леверкузен, петта со Штудгарт итн.
 
Bianconero vero Донекаде се согласувам со твоето мислење, ама само земено историски.

Последниве сезони, Јуве богами и во втора си ја освојува титулата. Значително е опаднат квалитетот на италијанската лига. Тие се конкуренти, но конкуренти се затоа што се сите горе доле слаби. Нешто слично е во Англија ако се погледне сезонава. Јунајтед прави тртална и бега многу, а во суштина делува дека се нема многу помачено. Сити кикснува, Челзи топло-ладно, Арсенал за никаде, Ливерпул исто, Тотнем сеуште нема капацитет.

Од друга страна, во Германија искрено мислам дека се игра многу солиден фудбал. Се извдвојува Баерн секако, ама реално и најмногу инвестира а и е најатрактивен за играчи. Дортмунд малку се замешува, Шалке е тука...Мислам дека генерално лигата им е доста изедначена, освен ако не се лажам. Нека кажат Германците.

И Шпанија има солидни екипи, ама кутрите не можат да пркнат од Барса и Реал.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom