Лига на Шампиони 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Едното е IPTV а другото иде преку коаксијален кабел?
 
Епа глеј сеа на МаксТв ставија 4 нови канали поточно АренаСпорт 1,2,3 и 4 и секоја вечер даваат по еден различен натпревар на секој канал,ама од октомври ако сакаш да ги гледаш тие канали ќе треба да платиш 200ден месечно,се за пари.;)
 
Фала брат.Иначе и босанската телевизија ОБН најави дека ке вршат преноси само од натпреварите кои се играат во среда.Едино останува да видам дали и РТС ке пренесува натпревари од среда и има уште едно босанско ФТВ.
 
Маме си е*але овие од МаксТВ,пуштија 4 канали као ке даваат лига шампиони,народот се излажа почнаа да ставаат МаксТв и сега оп ке ги наплаќаме 200ден...плати па клати,лопурди.
 
Ем мораш да им се приклучиш, ем треба и пари да им плаќаш за да ги гледаш. Па ако немаат капацитет на фин начин да вадат профит од тоа што ги земале натпреварите - боље нека не ги земаат. Не верувам дека многу ќе се откажат од другите кабелски оператори и ќе се приклучат на МаксТВ и да плаќаат плус 200 денари за тој еден натпревар во вторник. Мислам дека МаксТВ се заеба што ги откупи натпреварите од ЛШ за 3 години. Ќе бидат и тоа многу во загуби.
 
кој ги еба бе..што сакаат нека прават ние барем нет имаме можиме на стримој да си гледаме тие ако сакаат и ич нека не даваат..клошари 21 век дигитална опрема немаат купено а државна телевизија..ѓубриња смрдени знаат само да крадат пари а не знаат да се усовршат со нови методи ..еден филм спартакус му донесе гледаност еден куп и тој го укинаа од тоа што се прости
 
Група А ПСЖ и Порто
Првите 2 места во групава мислам дека ке бидат овие тимови. Првите последниве 2 сезони изнакупија неколку класа играчи,а вторите одсекогаш биле солидна екипа во европскиве натпреварувања..Динамо К. и покрај трансферите не им давам некоја поголема шанса..Динамо Загреб се целосни аутсајдери во групава..

Група Б Арсенал и Шалке
Главен фаворит за првото место е Арсенал,екипа која редовно ги поминува групните фази од ЛШ,а за второто би се бореле Шалке и Монпеље.. Предност им давам на Шалке и мислам дека имаат далеку поквалитна екипа.. Олимпијакос се аутсајдери во групава..

Група Ц Зенит и Милан
Да не беше ситуацијата во Милан каква што е периодов ке речев дека сигурно завршуваат на 1вто место во групава..Вака со засилен Зенит (Хулк и Витсел) + ок екипа на Малага очекувам интересна борба за првите 2 места..
Андерлех се аутсајдери во групава..

Група Д Реал М. и М.Сити
Фантастична група,шампионите на Англија,Шпанија,Германија и Холандија..Најголеми шанси за првото место имаат Реал и специјалниот ;D,a веднаш потоа англиските шампиони.. Борусија и Ајакс мислам дека го немаат квалитетот да продолжат понатаму во ваква група но очекувам да им соберат некој бодд на првите 2 екипи..

Група Е Челзи и Јувентус
Во групава се наоѓаат актуелниот шампион на Европа и шампионот на Италија..Истите се главни фаворити за првите 2 места во групата..Шахтор освен некој бодд на натпреварите дома не очекувам дека ке може да ја помине групава..Нордсјеландд се апсолутни аутсајдери во групава..

Група Ф Баерн и Валенсија
Првото место уште од старт може да се додели на германскиот и европски гигант Баерн,а за второто место очекувам борба помеѓу Валенсија и французиве.. Предност им давам на Валенсија поради далеку поквалитетните играчи..
БАТЕ се аутсајдери во групава..

Група Г Барселона и Бенфика
Еден од главните фаворити за титулата сезонава Барселона се сигурни на 1вата позиција..За втората позиција очекувам борба помеѓу Бенфика и Спартак.. Предност им давам на Бенфика..Селтик не се аутсајдери но имаат најмали шанси за да одат понатаму..

Група Х М.Јунајтед и Галатасарај
Поучени од ланското искуство каде имаа слична група верувам дека Јунајтед сезонава ке бидат убедливо први во групата..За второто место ке се борат Галатасарај и Брага,каде предност им давам на турците..
Аутсајдери тука се Клуж..
 
Ја одбрануваме титулата сезонава, се знае то
:D
It is written in the stars!
 
Оф топик
Знае ли некој колку месечно е 3 Max пакетот, со се новите спортски канали?
3max basic 1200 денари+200 денари секој месец на активирање на спортските канали за ЛШ+100 денари двата Спорт Клуба :)
 
3max basic 1200 денари+200 денари секој месец на активирање на спортските канали за ЛШ+100 денари двата Спорт Клуба :)
За 1500ден. телефон ќе си платам, успат аналогна и дигитална телевизија (со спорт клуб), неограничен интернет од 12мб/пс и ке ми останат 80ден за сендвич :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom