Lidl маркети и во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте за отварање на Lidl маркети во Македонија?

  • Вкупно гласачи
    285
Ради тоа имаат константно огласи посебно во сектор маркетинг/графика/лидл+ и слични сектори. Не сите им прифаќаат толкав голем период да се на обука, посебно во Софија.

Обуката ти е инаку 9 месеци, чисто информативно. После 2 месеци ќе те вратат во Скопје за да ти направат нова работна виза и после 3 месец остануваш до крај (твој избор дали ќе се враќаш дома за викенд или ќе останеш таму).

Имаш возило рент а кар, се ти е платено, чуваш сметки.

Техничкото интервју ти е Power Point презентација со дизајни/креативи/технички спецификации и грешки. Гледаат како размислуваш и во која насока одиш со пронаоѓање на тие грешки но и зошто баш тоа го сметаш дека треба да се каже дека е утнато.
Па очигледно има логика што не прифаќаат туку така заминување, ги гледам некако ми се запнаа мораш да кажеш за директорката на маркетинг да не губела време. Пошто техничкото мене ми рекоа трае саат и пол и изработка на брошура во InDesign, со патеки да те водат итн.. би отишол само да видам која плата би ја понудиле( навистина не знам ). иначе да се било платено, автомобили, стан дури некоја дневница според бугарските закони итн.. Сум бил на разни интервјуа обично оди тест па понатаму ќе видиме, овие обратно, прво дали ќе одиш на обука па после другото.. правеле тим ама мислам баш дека бараат ќоро и сакато само за да го направат.
 
Кој ги љуља останатите ако се отрујат ќе имаат забава во болница :icon_lol:

Ако си добар човек ќе пријавиш за општо добро на сите.

За да нема проблеми и да не се случува тоа почесто е тоа пријавување.
Сум јадел чоколадо и со 6 месеци изминат рок, немаш никакви проблеми ако е складирано правилно, е сега да не се претерува да јадеш чоко со изминат рок од 2 години и слично
 
Тоа да се зависи како е складирано а од друга страна и зависи како ќе ти реагира стомакот. Сепак треба да се реагира за да не биде тоа честа појава. Пример кечап, млеко, сокови, пива најчесто во некој маркети не се ставени во фрижидери и можно е да се случи да се расипат.

Имам јадено кисело млеко кое заборавив на него стоеше подолго во фрижидер. Го отворив веќе истечен рокот, беше горе веќе почнато да фаќа буѓа она зелени точки. Го тргнав тој дел и го изедов цело кисело млеко ништо не ми беше.

Вчера во Стокомак купив салама мислам се викаше Casa Modena Napoli некоја од Италија на 30% попуст зошто завршува на 27.8 рокот. Купив две кисели млека кој рокот завршува на 24.8. Ова не е толку страшно за производи кој немаат голема грамажа и може побрзо да се изедат барем и по истек на рок да бидат веќе при крај изедени.
 
Последно уредено:
Па очигледно има логика што не прифаќаат туку така заминување, ги гледам некако ми се запнаа мораш да кажеш за директорката на маркетинг да не губела време. Пошто техничкото мене ми рекоа трае саат и пол и изработка на брошура во InDesign, со патеки да те водат итн.. би отишол само да видам која плата би ја понудиле( навистина не знам ). иначе да се било платено, автомобили, стан дури некоја дневница според бугарските закони итн.. Сум бил на разни интервјуа обично оди тест па понатаму ќе видиме, овие обратно, прво дали ќе одиш на обука па после другото.. правеле тим ама мислам баш дека бараат ќоро и сакато само за да го направат.

Пребирливи се, имаат уште цела година за ваков тим да склопат. Они ќе си најдат екипа за се, но мене лично ако ме прашуваш мислам дека имаат друг проблем.

Единствено што јас мислам дека прават грешка е што на високи и одговорни позиции (менаџерски) вработуваат луѓе кои врска немаат со малопродажба и дисконт/маркети. Не разбираат како функционира овој бизнис особено во Македонија, со македонски народ (да не го вреѓам ај, ме сфаќаш што сакам да кажам...).

На тие позиции имаат маркетинг директори, кои не викам не, од големи фирми се но никаква поврзаност со пазарот сега кој го работат. Они може да имаат и 20 години искуство во бренд и маркетинг менаџмент, ако не разбираш како функционира прехранбена индустрија, џабе ти е. Не е исто да си маркетинг/брнед менаџер на Сивус па сеа преку ноќ си во Кам. Имаш скроз нов пазар да учиш.

Прост пример: Се водат по „ЛИДЛ“ стандарди (но не глобални, туку регионални). Во Бугарија ваљда, одамна дефинирале дека вакум производ ќе биде прикажан по цена од 600 грама (гледам имаат и некаде 400 грама...). Нема логика таа политика тука да ја пренесеш. Ниту математички ниту логистички не е паметна.
Сите маркети, од кога знам за мене, се воделе по политика на:
-Цена на производ
-Цена на 100 грама
-Цена на 1КГ
И вработените и клиентите да имаат полесна организација. Посебно во делот за креирање цени.

Ама чим форсираш нешто кое ниту ќе ти помогне, ниту има логика, а менаџерот одговорен за ова пробува да „објаснува“ зошто е ова вака... џабе веземе. Тој или таа врска нема зошто е тоа така но јбг, така и кажале т.е така ја научиле тие од каде ја купуваат лиценцата. И на празно ќе зборите, во круг.
 
Bidi siguren deka nema da kiksnat kaj nas :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom