- Член од
- 12 декември 2010
- Мислења
- 10.444
- Поени од реакции
- 11.365
Тие планираа да нудат евтини производи произведени за Лидл, арно ама ковидот а потоа и Путин им го расипа есапот. Не е на одмет да ги посетите Лидл маркетите во соседните држави и да ги споредите цените на производите со тие во локалните маркети. Ви гарантирам дека ќе бидете изненадени од сличноста на цените. Инаку за ваша информација ни 10% од производите што се продаваат во Лидл се произведени во Германија.Ако планираат да бидат скапи Германци во Македонија слободно нека си заминат уште сега, рајава е одрана до коска.
Ако навистина се соочуваат со стагнација или загуби поради што би имале било каква потреба од проширување на некој значително мал - ако не и премногу мал, и значително - ако не и премногу - евтин пазар како македонскиот, тогаш ќе мораат да понудат нешто што останатите ланци на супермаркети не го нудат, или да го нудат истото што го нудат останатите ланци на супермаркети, но по пониски цени.
Инаку македонскиот пазар нема да им биде некаков спасител доколку се соочуваат со стагнација или загуби, ене го Ван Хоол како пример за фирма која сепак банкротираше иако огромен дел од производството го пресели во Македонија.
Се разбира споредбата не држи баш вода, Ван Хоол се занимава со производство за извоз, додека Лидл го работи токму спротивното - увоз на готови производи за продажба на локален/регионален пазар. Но поентата држи вода: ако не понудат нешто ново или нешто поевтино во споредба со конкуренцијата, нека не очекуваат многу од македонскиот пазар.
Ќе се изгради ама дали одма ќе почне со работа тоа останува да видиме и мислам за да функционира треба и дистрибутивниот центар да работи. Дали е тој веќе изграден или сеуште се гради стварно не знам.Оној што се гради во керамидница карши Бриколаж сигурно ќе биде во 2025 година е сега дали септември или октомври ќе видиме.Нонстоп поминувам од таму и градбата си тече без застој.Ќе пуштам и слика за да видите до каде е изградбата.
Информациите за почнување со работа за оној во керамидниџа ми ги даде тамошниот раководител на терен што е бидејки си го знаат рокот за целосна изградба.Ќе се изгради ама дали одма ќе почне со работа тоа останува да видиме и мислам за да функционира треба и дистрибутивниот центар да работи. Дали е тој веќе изграден или сеуште се гради стварно не знам.
За градење нешто што почнло да се гради брзо ќе се изгради тоа им е работа. Денешно време и згради за 2 до 4 години се градат брзо.Се зависи услови кој ги имаат и временски и финансиски и при градба да немаат проблеми некој.
Ок, супер ако е така па да очекуваме и повеќето од другите кој веќе се градат Лидл маркети во другиве градови да почнат да работат истава година.Информациите за почнување со работа за оној во керамидниџа ми ги даде тамошниот раководител на терен што е бидејки си го знаат рокот за целосна изградба.