Лидер или вреден член во тимот

  • Креатор на темата Креатор на темата Сталин
  • Време на започнување Време на започнување

Сталин

Висарионович
Член од
24 декември 2008
Мислења
239
Поени од реакции
11
Сигурно сте имале шанса некогаш во животот да работите во тим одредена работа. Како се снаваѓате во таква ситуација? Ја превземате работата во Ваши раце, односно ја превземате позицијата на лидер во тимот или пак сте вреден член кој што си ја врши само својата работа?

Општо, дали сакате таква одговорност на лидер во работата или пак сакате без премногу публицитет да си ја завршите својата работа како што треба.
 
Моментално втор човек :icon_lol:, човек од позадина :icon_lol:.
 
Лидер. Секогаш, секаде. Дури размислувам и за политичка кариера.
 
Скоро секогаш превземам се во мои раце.Не можам да гледам малоумници како ми се прават некој и нешто, немаат две чисти си го бутаат сегде носот.И да сум лидер и да не сум секогаш си исполнувам тоа што ми е дадено, нема забушавање.
 
За мене зависи за што се подразбира и понекогаш е подобро да се биде во позадина отколку да се биде лидер бидејќи не секогаш е подобро да се биде водич на тимот поради Х причини кои како што кажав зависат пред се од тоа за каква ситуација/работа/обврска станува збор.
 
Сигурно сте имале шанса некогаш во животот да работите во тим одредена работа. Како се снаваѓате во таква ситуација? Ја превземате работата во Ваши раце, односно ја превземате позицијата на лидер во тимот или пак сте вреден член кој што си ја врши само својата работа?

Општо, дали сакате таква одговорност на лидер во работата или пак сакате без премногу публицитет да си ја завршите својата работа како што треба.


Мораш и двете...тоа е вистински лидер,нејсе немаме идеални системи,ама ако сакаш и тежнееш кон тоа тогаш биди пример,без разлика на која позиција си,дал директор,управник на одделение,па и обичен работник.
 
Зависи, кога се работи за некои проекти(анализа или семинарска или нешто слично) за на факултет на пример, кои ми се при срце и кои на пример стварно ги сакам, немам проблем да бидам лидер и да координирам и слично, затоа што навистина сакам работите да излезат совршено и убаво и тогаш знам да претерам со перфекционизам, ама нормално треба и групата да ми се погоди.
Мада, мислам дека мене и не ме бива за лидер, затоа и си ја прифаќам другата улога од сенка да си ги завршувам работите. Мислам дека едноставно го немам она во мене за да можам да предводам нешто, така да најубаво е кога си седам во сенка и си ја работам мојата работа. :)
 
Сакам да сум десна рака, но ако видам дека тој “лидер“ врска нема тогаш ја превземам иницијативата. Ако некој сака да е лидер му давам шанса и му помогам максимално затоа што многу е битно “лидерот“ да има поддршка од другите, доколку се наметнува некој тој тим пропаѓа. Како што кажав ја превземам улогата само во случај ако “лидерот“ сака да е али не му стиска што би се рекло народски
 
Ако видам дека луѓето со кои работам навистина вредат тогаш се трудам да ја превземам лидерската позиција, но ако видам дека не вреде да се трудеш за некои неспособни тогаш си ја вршам само мојата работа најдобро што знам. Ако си лидер на неспособни тогаш тебе ќе те направат најлош од сите, нели демек лидер.
 
Лидер, пошто се внесувам во работата со максимум, без разлика дали е за мене или некој друг, морам да водам оти знам колку може да биде испуштено од раце се што градиме. А се однесувам како вреден дел/член од тимот :)
 
Сам свој лидер и К ме боли...бар немам позадина што ми припрема линч!
Арно ама, кога некој ќе се наметнел како лидер, сум го прифаќал, но со тек на време карактеристиките на таканаречен лидер станувале еднакви со тие на лигуш, дволичњак, педерче, подлизурко, пиче, душа продадена, така да после сите тие нишани, држам дистанца од "пријатели, тимови, whatever"...си имам девојка :icon_lol:
Единствено каде што сум лидер и работам по мое и по дозвола на мојот колега е лејбелот, сеуште не сме милионери и не се тужиме, така да има време.
Друга работа пак, сум приметил денес сите сакаат да бидат/се прават лидери, ама ако ти висат јајценцата или едноставно немаш муда да застанеш пред предизвикот/проблемот, тогаш исечи си го петелот и бркај работа. За жените не коментирам, им се дивам на некои кои се веќе докажани лидери (и не само јавни личности, туку и обични смртници, лидери во семејството на пример :wink: )
Ама еден ден кога ќе станам претседател ќе видите сите!! :pos:
 
Можеби нескромно звучиме ама нормално дека сите сакаме да бидеме лидери се додека не осетиме дека не е баш лесно толку многу одговорности, јас лично се гледам како лидер, но лидер кој сам ќе се наметне а не лидер, кој е ставен од друг, без негова волја, тоа не е лидер, само името ќе му е лидер а ќе биде само вреден член на тој што го стави
 
И едно и другото, секогаш сум максимално конструктивен и вредно си ги извршувам обврските што ми се дадени во тимот, без ралика на околностите.

Но, сакам кога ќе се заврши задачата некој да ми го вреднува сработеното и за наредната задача да бидам лидер на тимот кој уште повредно ќе учествува во завршување на работните обврски.
 
Искрено јас сум човек со нескромни лидерски способности. Сум бил лидер на повеќе тимови(како во професионален живот, така и во приватен) и секогаш сум покажал цврста волја, добро разработен план и бескомпромисност. Сепак, мислам дека тоа што најмногу влијае на мојата способност за лидерство е моќта да влијаам на однесувањето на другите во насока на остварување на моите цели, имајќи ги во предвид нивните чувства и стремежи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom